незнам омекнувачите навистина се расипани мајками велеше кога користела ленор плав навистина траеле алиштата но сега пак мерисаатаат ама незнам сите омекнувачи се така,а што мислете за Силан омекнувачот плавиот како на сликата што имате ли го користено силан немам воопшто користено па затоа ве прашувам дали е траен на миризбата .. ве молам одговорете ми денеска баш го мериснав убаво мериса но дали имате користено фала однапред позз...
ти благодарам го испробав зачодувачки ...... алиштата прекрасно мерисаата кога кје ги извадеш од ммашина, ми се допага подобар е од ленорот.....по 2 капачиња си ставам јас
многу е битно во комбинација со кој прашок се пере, и прашокот има врска со омекнувачот, еве на пример јас користам Бохор (бел) со Ариел, а братучедка ми користи Бохор бел-со Бонукс лимон и многу различно ни мирисаат алиштата (секако убаво, ама не исто) а за Ленорот навистина ми е жал, цел живот го употребувавме сега дури го сменивме бидејки навистина не е тоа што беше..
Девојки, имам една плетена блуза која колку и да ја перам, со што и да ја перам, мириса многу лошо. Со секакви детергенти сум пробала, омекшувачи, ама џабе. Многу ја сакам блузата , мајка ми ми ја купи пред неколку години и не сакам да ја забаталам, ама ова е неподносливо. Ако ја перам со другите алишта и тие се засмрдуваат. Сум пробала да ја перам и на рака, ама џабе, пак смрди и не можам да ја носам. Препедантна сум за алишта, посебно перам по боја, материјал и следам инструкции за се‘. Дали случајно знаете некој марифет за ова? Ајде пишете
Овој го користам, но некако ми здосади во последно време и ќе го мењам А да пробаш така добро цела ноќ да ти одстои во омекнувач? А на што толку тешко мириса?
Синалот син е многу убав. Ептен убаво мириса и по неколку дена уште се чувствува неговиот мирис на облеката. Штета што нема веке омекнувачи во мали кесенца. Порано ке го испробав прво со малото пакување ако ми се допадне земав големо, а сега ми е ко стрелање на слепо.
Не знам на што мириса, ама многу тежок мирис е... како никогаш да не била испрана. Никогаш не сум на носела со денови, ниту пак имам остар мирис на пот... Алиштата си ги перам после 2 пати носење. Ова е неподносливо. Сум пробала и да ја киснам во омекшувач, ама тогаш само се мешаат мирисите. Стварно не знам што е финтата...
Леле и јас исто така имам проблем со плетените блузи, 2,3 пати имам забележано кога ставам во перална таква блуза потоа мириса некако чудно, неубаво и еве баш вчера ставив една машина за бели и имав една блуза скроз нова бела,плетена, маж ми ми ја купи за Божик и ја тргнав етикетата и ја ставив за перење за да си ја носам и денес се исуши и мираса стварно одвратно, јас ен знам зошто така, дали волнените работи кога ќе се исперат така мирисаат, не знам Давајте некое решение, совет ??? Инаку да се вратам на темата, јас користам омекнувач на Нео Мат, исто и детергент течен на Нео Мат и сум задоволна за сега.
Ленор најчесто Лилавиот Сега последно и овој го земав ок ми е Само има еден момет што се нервирам, кај мене мирисот на омекшивачот трае ден - два највеке. Имам нова машина (2-3години) Самсунг, мајка ми има 20 годни стара машина Горење , па цел стан мириса на омекшивач на алиштата , со денови ако не ги облечеш и подолг период пак мирисаат се осека омекшивачот.Што е проблемот не знам дали е до машината. Обично ставам по 1 и 1/2 капаче омекшивач. А да, и кој омекшивач го препорачувате за нежната бебешка кожа.Дали Чикото е добар?
Јас го користев плавиот Lenor, ама веќе се заситив од него. Последно сменив на жолтиов. А сега видов фелче и викам да го пробам, ама не сум задоволна. Вака мириса прекрасно, ама мирисот воопшто не го задржува на алиштата
Таткоми беше за германија и земал ариел зелено пакувајне е 8кг и ленор ама не е исти како нашиот миризот траее плав е мн се добри и двата задоволна сум од омекшивачот имам уше малце си го чувам за нашарени ставам од него а имам дома класичниот ЛЕНОР плав спринг за на бели ставам од него додека да се потроси тај хаха
До пред извесно време користев само Ленор,меѓутоа мене сите омекнувачи од Ленор ми имаат слична миризба и основа.Сум пробала и бохор,мх прекрасен е,Силан исто така а сега сакам да пробам и Коколино.