babylove овошни кашички

Каков парфем одбравте за вашата свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од do-re-mi, 27 март 2013.

  1. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    12.068
    Парфемот го заокружува комплетниот впечаток за една жена. И свадбениот ден не е исклучок. :)

    Каков парфем одбравте за вашата свадба?

    Откако сте одбрале фустан, долна облека, фризура и шминка, се двоумевте ли во изборот на парфем за Вашиот свадбен ден?

    Екпериментиравте со нови или пак се придржувате до веќе проверени опции?

    Претпочитате дискретен или пак впечатлив парфем?

    Колку типот на свеченоста (на пр.дневна / формална вечерна свадба) влијае на изборот на парфем?

    Јас лично ги сакам флорално-ориенталните парфеми, но мислам дека таков избор за нашата дневна свадба никако не оди. Цитрусните пак никако не ми зе допаѓаат, а чисто флоралните ми се премногу сладникави.

    И така сега сум во потрага по идеалниот парфем за свадбената свеченост. Идеи, совети, искуства се добредојдени... :$
     
  2. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    11.425
    Незнам како би можеле ние тука да ти помогнеме со парфем. Тој на пример јас што го користам со години, мене ми мириса перфектно, на мојата кожа. Не туѓа кожа може ќе смрди, мирисот на парфемот е индивидуален, зависно од природниот мирис на твојата кожа. Можеме чисто да си ги предложиме тие што ги користиме. На сликата подолу е парфемот кој јас го користам од кога постои, пред тоа користев еден што исто има таква цитрусна нота.
     

    Прикачени фајлови:

    • 3082.jpg
      3082.jpg
      Големина на фајлот:
      12,8 KB
      Прегледи:
      807
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  3. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    12.068
    Фала Елена.мак...

    Тема ја отворив со цел споделување на предлози и искуства.

    Секако дека изборот на парфем е индивидуална работа, но тоа е и изборот на фустан и секој друг детал, па сепак споделуваме тука.

    Не дека изборот на парфем е егзистенцијален проблем, но од друга страна понудата на парфеми е зашеметувачка, па некаква насока секако дека би помогнало.

    Инаку, си имам и јас парфем што ми е нешто ко заштитен знак (Lacoste Pour Femme), но размислував да побарам нешто поразлично, а сепак да ми е блиско по сензибилитет.
     
  4. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    11.425
    Јас мојот за жива глава не го менувам. На лето не користам парфем бидејќи ми пречи, а останатиот дел од годината исклучиво овој. Се случува да поминам некаде и да прашаат тие што ме познаваат, абе Елена беше??? :D Е толку ми е препознатлив. Мене ми одговараат исклучиво цитрусни парфеми, никако сладуњави во стилот на ванила или нешто такво што потсеќа на благо. Исклучио цитрусни и лесно цветни. исто Lacoste Touch of spring ми се допаѓа, ама не сум го купила до сега некако овој не ми се остава ќе ми фали премногу... :rofl:
     
  5. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    473
    Незнам како се закачува слика, пробувам, ама не ми успева. Мене најомилен парфем ми е Dior J'adore L'absolu, баш ме потсеќа на невеста :)
     
  6. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    11.425
    Повели мила! ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На ecapereca му/ѝ се допаѓа ова.
  7. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.351
    CHANEL N 5
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Veki4kaa

    Veki4kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    4.629
    Допаѓања:
    14.570
    Пол:
    Женски
    :clap: баш убава тема :) невстулки ајде активирајте ја темава сакам да читам повеќе мислења :lol:
     
  9. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    473
    фала мила ;)
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  10. b.jovanoska

    b.jovanoska Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Mojot izbor, trussardi inside
     

    Прикачени фајлови:

    • nd.3058.jpg
      nd.3058.jpg
      Големина на фајлот:
      52,4 KB
      Прегледи:
      537
  11. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    12.068
    После неколку недели разгледување и многу проЧитани коментари на basenotes и сл. го стеснив изборот до 5 парфеми:
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.964
    Пол:
    Женски
  13. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.541
    Секоја жена има омилен парфем кој го користи почесто, знае како мириса на нејзината кожа, знае колку трае. Зар убаво треба да се мириса само на свадба.
    Според мене, би го користела истиот парфем што го користам за други побитни моменти. Нормално е да се прскам преку ден со еден, а онака за вечерни излегувања и побитни настани со полуксузни парфеми. Нема потреба да барам нешто ново, дека била свадба кога веќе имам испробани варијанти.

    Мене ми се интересни некои типки кои цел живот се прскаат со дезодоранс и сеа дошла свадба, ми глумат Шанел филм.. Ма ајде сестро те знаеме цел живот, сега за свадба Ким К ќе глумиш |-)
     
    На blady, senza.parole, kala21 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Треба да е нежен и привлечлив. Не силен и нападлив според мене.
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски
    Јас не ставив парфем за свадбата. И онака немам навика да се прскам со парфеми.
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    9.071
    Допаѓања:
    54.477
    Пол:
    Женски
    Тоалетна вода е, не е парфем ама мириса ептен убаво и многу трае, си ги почастив сетилата за тој ден :lol:
    [​IMG]
    [​IMG]
    Yves Rocher ме фасцинираа па станав нивен редовен муштерија :D
     
    На Trendafilka и sofijanoka им се допаѓа ова.
  17. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    15.504
    Пол:
    Женски
    AngelOfArt,мислев дека сум единствена која ги овожава yves rocher.Бравос,и мене ми се дури и појаки и нивните тоалетни води од некои други парфеми.... :inlove: :inlove: :inlove:
    Среќа,ни отворија и тука салон во Skopje City Mall. :inlove: :inlove: :inlove:
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    9.071
    Допаѓања:
    54.477
    Пол:
    Женски
    Даааа.... пред да отворат ми даваше сестра ми, нејзе и праќаа од Германија и бев презадоволна, сега пак кога отворија и овде, уф мераци, и картица си набавив и собирам више печатчиња за подароци и супер сум задоволна од производите ама богами и од цените, сосем нормални за тој квалитет ;)
     
  19. Veki4kaa

    Veki4kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    4.629
    Допаѓања:
    14.570
    Пол:
    Женски
    AngelOfArh каде можат да се најдат? :wasntme: и колку се :$
     
  20. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    3.572
    Допаѓања:
    7.320
    Пол:
    Женски
    Јас одбрав Antonio Banderas..моите омилени парфеми..поточно овој на сликата..сет е, парфем и лосион за тело со светки ама кожа боја не онакви сјајни и фактички му дава на телото бронзен тен... а парфемот преубаво мириса :angel:
    [​IMG]