Каков проблем ве мачи во последно време?

Дискусија во 'Слободно време' започната од lavica23, 17 февруари 2010.

  1. lavica23

    lavica23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    30
    постои ли нешто што постојано го мислите , не може да ви излезе од глава и не можете да го игнорирате дури и не ве остава да уживате ?
     
    На Crna Dama и flowergirl567 им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.053
    Допаѓања:
    137.017
    Лавица,браво за темиве, ептен ме погодуваш :D

    Периодов ме мачи иднината, поточно работата. Имам добра работа што ја обожавам, и солидна плата... ама работата ми е неизвесна. Тоа значи дека имам за до јуни, а за после - треба да покажам резултати. Проблемот е што до сега бевме три, бев со две колешки многу поискусни од мене, а останав сама. Мојата шефица има доверба во мене, и ме унапреди, а унапредувањево го чекав со години. Тоа што ме плаши е дали ќе успеам да ги завршам сите работи до јуни, и тоа со добар квалитет, и дали ќе имам добри резултати... Уште повеќе што работите што до сега ни биле аутсорсирани, и ги работеле мнооогу искусни луѓе, сега треба да ги работам сама... не знам колку и дали ќе успеам.... ако успеам, и ако биде ок, би требало да имам работа уште 2-3 години, а тоа ми е исклучително важно, зошто многу проблеми ќе решам во тој период. Значи треба д аумрам од работа, деноноќно читање, а сакам и да магистрирам периодов... последен пат кога се имав приближно вакво темпо, се разболев ептен од што ми падна имунитетот - ни јадев, ни спиев.
    Си викам - можам јас, и не треба да ме фаќа паника, зошто така е до негде, ама еве, наместо да читам, јас сум на форумов :D... И така ме мачи особено последниве 2-3 дена откако сфатив колку ми е всушност сложена ситуацијата, навечер не можам да заспијам...
    Друго што ме мачи е претстојната операција на детето, каде, кај кој доктор... милион прашања, консултации, мислења... Понекогаш тоа што познаваш луѓе ти ја отежнува ситуацијата - да не ги слушавме сите совети, работата ќе беше завршена, а на крај пак ќе се сведе на првиот избор... Не се работи за многу тешка операција, туку проблемот е што е многу ретка, па ретко се наоѓа некој со искуство. Ова ме мачи повеќе време, ама некако позитивно гледам на работите, па повеќе ме мачи одлуката, отколку резултатот за кој верувам дека ќе биде ок. Не сакам ни да помислам на лоши сценарија... А одлуката кај и да е мора да се донесе, веќе време е.

    Лошото е што не сум научена да разговарам за вакви работи. Во принцип не се жалам. Ако се пожалам, луѓето околу мене ги фаќа поголема паника, па после уште треба да ги тешам (мислам на родителите и сопругот), и кога ќе видиш, подобро не се жали... Кога ми треба нешто конкретно - ги консултирам, ама не смеам да покажам дека ми е страв. Другарките ми се во тотално друг филм и со нив не можам да разговарам... ниту ќе ме сфатат, ниту можат да ми помогнат, па зошто би ги оптеретувала со мои проблеми... си имаат и онака свои...

    Затоа драги пријателки - форумџики, фала што ме трпите. Не знаете колку ми е важна вашата поддршка. Веројатно затоа и толку време поминувам на форумов, затоа што ми треба ваква поддршка, и го добивам тоа што ми треба ...
     
  3. lavica23

    lavica23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    30
    мило ми е што ја погодив темата ..знам дека сите отприлика имаме такви ситуации за кои не можеме да разговараме со блиските за да не ги загрижиме ,да не делуваме песимистички ,а во суштина не копка ни ги краде мислите не измачува!
    јас се уште студирам но истовремено и работам па не ми е баш едноставно...некогаш мораш да го запоставиш факултетот од различни влијателни фактори а со тоа некако не се помирив зашто премногу значење ми има факултетот во животот .ама морам и да работам за да се издржувам..па ме мачи постојано и постојано се обвинувам ..а работава ми е ок не е тешка и стекнав мн доверба кај газдата ... работам веке две години а половина година еве чекам унапредување ...од друга страна дечко ми планира да оди во странство на работа и никогаш му немам споменато ама не можам да замислам да не е до мене ..тој вели мора да се жртвуваме за нашата иднина донекаде е во право ..можеби додека е таму јас ке се сконцентрирам на факултетот мегутоа дека ке биде тешко, ке биде ...илјада прашалници имам во глава ..
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.053
    Допаѓања:
    137.017
    За работата немој да се јадеш. Знам како ти е, и јас бев во иста ситуација. Се постигнува се'. Е треба многу повеќе труд, и може малку да задоцниш со факултетот, ама на крајот на краиштата и онака студираме за да најдеме работа. Тогаш ми викаа сите околу мене дека ќе го забаталам факултетот, и такви работи, ама искуството што го стекнав тогаш ми отвори многу врати, и ме постави таму каде што сум денес, така што не ми е воопшто криво. А тогаш имав две работи, една во канцеларја до 5, и една хонорарна попладне од 6 до 10... хорор.. не знаев за себе... плус факултет... Среќа не ни беа задолжителни предавањата,а ако имаше нешто задолжително, имаа разбирање колегите. За испити спремање - викенди и слободните денови од одмор ги користев, па се заврши се'.
    Од сегашен аспект, сите што почнаа да работат порано, макар и да завршија подоцна, имаат поуспешни кариери, особено тие што успејаа да фатат некоја размена на студенти во странство.

    За тоа со дечко ти, не знам што да ти кажам... не сум била во ситуација, и сигурно е тешко... знам и парови што се одлучија на таков чекор - и се' беше ок - собраа пари во странство што после тоа ги вложија во стан, па си го решија тоа прашање на тој начин... ако се сака се' се може... ризик дека има - има, ама ако видиш, гаранции нема ни тука да си, ни во брак...
     
  5. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Моментално ме мачи еден професор на факултет,баш сега се вратив од таму,и толку ме изнервира,толку е идиот :evil: стварно ужива некој да понижи ... колку сум лута не можам да ви опишам :evil: Само едно не ми е јасно,како ние од нив треба да учиме... За професори треба да се морални личности,од нив треба да учиме како во животот,а единствено што можам јас да научам од него е како да понижувам... Стварно е жална ситуацијата во образованието,зашто не е единствениот таков... Тешко на нас студентите,и на сите ученици шо имаат вакви професори...
     
  6. lavica23

    lavica23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    30
    ариел фала ти најмногу на подршката , се надевам дека по неколку години и јас исто како тебе ке бидам успешна и задоволна од тоа што сум го постигнала,а ако во најскоро ме унапредат ке ве известам,инаку студирам економски и немам проблеми со предавањата се останува на тоа да се вложам целосно ...се обидувам оптимистички да мислам и на љубовно поле ...па не е ниту близината гаранција за успех понекогаш мислам дека ако сме вистински вљубени така и повеке ке успееме ..а штом сака да се жртвува за да обезбеди иднина за нас ...се надевам дека ова ке биде причина повеке да се задржиме еден до друг ,и да ја зацврстиме врската зашто здравје боже планираме и повеке ... :D
     
  7. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Дечко ти е во право,мора да се жртвувате сега за да ви биде подобро во иднина,сега ке ти биде потешко ама подобро е вака отколку во иднина да се каеш.Знај дека човекот е посилен од се' и се' може да издржи...
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Во последно време ме мачат здравствени проблеми само. Да почнам д анабројувам не би знаела од кај да почнам. Ај се надевам ќе се решат некако.
     
  9. srnicka24

    srnicka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    45
    хммм.и мене ме мачи работата...тука не сум задоволна со сегашниот статус...имам голема желба да идам да работам надвор..дубаи, америка...способна сум знам јазици...со високо образование...тука не се преживува со оваа плата јас сега не можам сама на крај да излезам а не утре фамилија...стварно не знам...проблемот е што не можам туку така да го оставам дечко ми тука јас да отидам..имаме сериозна врска 3 године прекрасно ни е се сакаме...он си има многу добра работа тука не би ризикувал да напушти..не знам... :?
     
  10. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.405
    Допаѓања:
    4.874
    Пол:
    Женски
    еден ист проблем веке некое време...неможам да си најдам работа.Пракам цв ,одам на интербјуа и ништо.Мислам дека нема да си најдам работа зашто кај нас или мора да си со партиска книшка или да имаш тешки врски.Имам факултет,раб.искуство знам јазик компјутери ама пак ништо Страшно.... ;( :evil: :?
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.053
    Допаѓања:
    137.017
    Е ме мачеше работата, сега почна и работата на муж ми да ме мачи. И претстојната операција на детето...
     
  12. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    676

    Edinstveno sto si velam vo vakvi situacii e deka Gospod sekogas go odbira vistinskiot pat zA NAS.
    Mozebi nekogas ni se cini deka e nepraveden,ama sekogas ti go pokazuva vistinskoto mesto ,kade sto treba da se naodjas.
    Na nasite molitvi ima odgovor NE ama sekogas so dobra priocina.
    Za deteto ne se sekiraj...se ke bide vo red.
    Decata se nasata najgolema griza i sekogas se grizime enormno mnogu za niv ,pa nekogas i koga nema potreba za tao.Deka ke bide se vo red sum sigurna ,potpirajki se na mojot instinkt ,a sekako da znaes deka ke ja zadrzis i rabotata.
    Za mojata moc na predviduvanje imas citano i znam deka ke bide taka.Samo ne sum sigurna sto ke se sluci so maz ti ..kaj nego mi e nesto matno ,ama ne deka ke izgubi rabota ,tuku deka ke odi da raboti nekade podaleku ,nema da bide vo mestoto na ziveenje.
    Taka mi se gleda i se nadevam deka ke bide se kako sto treba.
    Se najubavo!
     
  13. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Ме мачат мн работи, прво и основно здравствени проблеми после тоа следува дечкоми, т.е. бившиот бевме заедно 5 ипол години се скаравме сега ништо понатаму нема смисла за мене, се плашам дека ќе останам сама, не беше тој совршен, совршенство не постои ама го сакав и сеуште го сакам, незнам како ке излезам од депресијата... Незнам дали ќе има некој др во мојот живот кој ќе може да ја замени таа љубов што ја чувствувам кон него во моментот, едноставно свесна сум за некои работи дека не можам да живеам со нив но од др страна мислам дека не можам ни без нив премногу депресивно размислувам, а се плашам да останам сама, очајно размислувам дека можеби подобро им е на оние кои е омажиле на 18 години отколку на мене сега со 22 години, после долга врска, ќе ми треба време да го преболам овој да почнам да се движам меѓу жив свет па тек после тоа да размислам и за дечко, ама мислам дека повеќе не сакам ни дечко ни ништо, тоа што ми значеше го изгубив.........
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Сара се надевам дека ќе се оправат работите. Многу ми е жал што така ти се исподесило, ама секогаш има такви периоди. Успони и падови нели. Верувај дека после ова те чека подобар период. Поздравче до тебе.
     
  15. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Се надевав дека е лош период ама некако овој периодот ми се одолговлечи, година дена се ми е катастрофа неможам да се исправам и да продолжам во нормала, од една несреќа во друга, туку ај се надевам дека ке има помин...
     
  16. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    89
    Sara neli pred nekolku dena pisuvase deka nesto imas problemi so deckoto vo temata Ljubovni problemi,a znaci veke si resila si raskinala :( Od toa sto go procitav tamu mislam deka ova ti e pametna odluka ti posakuvam mnogu sreka i sto pobrzo da go prebolis da si go sredis zivotot pa samo 22 god. imas nemoj da pagas vo depresija najdi si zanimacija da si go ispolnis vremeto,zabavuvaj se i ke dojde nova ljubov....toj bivsiot spored toa kako se odnesuval nete zasluzuva,lugeto nese menuvaat toj takov i ke si ostane zatoa poubavo sto si raskinala i ne gubi nadez nikogas pozdravce ;)
     
  17. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    676
    Sara..sekako deka en ti e seedno sto posle 5 god.si ostanala sama,ama veruvaj mi...uzivaj!
    Imas samo 22 god.zivotot e pred tebe eheeeeee...znam deka ti zvuci kako fraza,ama do moite godini imas 10 celi godini,pa zamisli si i ti za deset godini sigurno,kako mene ke imas dete,ke odis na rabota i ke imas dobar covek pokraj sebe...do togas...izleguvaj,druzi se so drugarki te i imaj decko za zabava,bez da navleguvas vo seriozni i dolgi vrski....ima vreme za toa i tao ke se sluci....
    Nikogas poveke nema da imas 22 god.a ke se strpaat obvrski i ke sakas da si sama i bez obvrski ,ama nema da mozes zazal.
    Isto taka ,mora ,da ti zabelezam i nesto drugo.....
    Nemoj nikogas nekoj,so koj zavrsila etapata vo zivotot da go "sakas" kako sto vikas i da se navracas na nego...ednostavno koga ek zavrsi ,stavas tocka i odis ponatamu.....
    Ne e lesno ,ama mora da go sovladas ,ako sakas da bides bezgrizna i uspesna.
    Pozdrav i sekoe dobro!
     
  18. kejsi

    kejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    36
    E mene me maci toa sto veke nekoe vreme baram rabota,i toa stvarno se trudam,ama nisto.Zavrsiv fakultet,ama sega nekako voopsto ne mi se isplati taa investicija.Sekade sega kako sto gledam po oglasive,baraat so rabotno iskustvo.(aj ostavi toa sto se e so vrski i so partiska kniska).......kako da go dobijam toa iskustvo ako nekade ne pocnam................moze porano bev pogolem optimist i mislev deka rabotite ke se sredat,ama vo posledno vreme me faka nekoja pesimisticka kriza......help!!!!!!
     
  19. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Долго време,веќе некој месец ме мачи тоа што дечко ми ме остави и отиде со друга,на многу чуден и неразбирлив начин ниту за мене ниту за некој друг кој го познава него :(
     
  20. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ке ми биде лесно толку работи се изнаслушав толку ме повреди што немам сила за понатаму, ај се надева има Господ ке ми помогне па ке ме биде и мене еден ден...