Светот,Миленко и Жарко,глупи луѓе,неморал,ограниченост...(без)перспективност,(оп)сесии,(к)сексови,ж(а)елби,соништа и за крај,тежнеењето кон перфекционизам,совршенство и целосна контрола,а бога ми големата верба на останатите во мене.Ми тежи,ми ги зголемува последно наредените маки!!! Ова случајно да не се нарекуваше живот?!Оу да,соочи се и живеј со нив! И да,болката под десно ребро,константна и непријатна,а и постојано намалување на килограми при многу јадење...тоа не е ич добро.Имаше и луѓе што се викаат лекари,ама затоа што јас верувам дека сум му женска на Супермен те сум суперженска или дада му на Бетмен,жената мачка...тоВа би било тоВа.
ме мачи тешкиот период од кој што сеуште излегувам ме мачи иднината и воопшто неможам да спијам само размислувам дали ќе имам сила сите планови да ги отстварам и дали ќе заминам од Македонија ме мачи што ја немам подршката што сакам да ја добијам ах љубовта во ситуација сум каде што и јас треба да вложам ама сега немам сила незнам зошто ме мачи еден ден дека знам ќе се каам ме мачат мн.работи и мн.сум збунета
Еден дечко. Сум се заљубила во неговото вистинско „јас“, ама пуста гордост -не излагам со него, ниту муабет праам се додека не го отстрани од употреба неговото алтер его во мое присуство.
Немам принтер и морам за колоквиум да учам од компјутер, а не можам од компјутер ми го одвлекува вниманието...нема ли хартија, па да си подвлечеш, да шкртнеш а вака само болд правам како ќе биде утре ќе видеме колку сум научила
ме мачи еден глупак што се меша мегу мене и дечко ми ја се обидувам да го игнорирам ама дечко ми се нервира и незнам како да си помогнам му се имам јавено и речено да не се занесува ама нема спас помагајле
Ме мачи една средба со за мене делумно познати луѓе... ја одбегнувам долго време, не знам само до кога...
Ноктите од нервоза изгрицкани ради факултетот па ќе пробам крајот да им го најдам утре ми е псоледен колоквиум
Дали ми е во ред ембриончето што полека се претвара во бебенце ? Ме загрижуваат многу работи, пред се дали ќе ми биде бебулето живо и здраво ... Па потоа јас и мм
Ме мачи како ќе се одделам од моите кога ќе дојде време да стапам во брак. Неможам, неможам!!! Незамисливо ми е. Уште сега ми се плаче, а камоли кога ќе отидам во друга куќа.
Јас можам ама ... Ретко се случува но еве сега јас сум играчката. Знам дека мисливе ќе ме оптоваруваат неколку дена и после се по старо ама ... Зошто кога може работите да се променат?! А јас да ја превземам играта ?? Ма со чуден човек си фатив и јас работа
Ме мачи настинкава,никако да помине....а уште повеќе ме мачи една ситуација што и се случува на моја блиска пријателка,колку што е во мој домен помагам,ама кога не сакаат коцките да се сложат ,не сакаат и крај...за жал.Не сакам да биде тажна,навистина не заслужува да има ни трошка тага во нејзиното срценце.
Прво ме мачат оценкиве и школово, после ме мачи он и накрај ме мачи носов шо више ми е затнат месец ипол. ме умре! хахах и тоа.