единствено барам мојте да ме сватат и да остават да заминам на факултетот со јас го сакам а не тие има уште 1 година а јас веке од сеа се карам со мојте за ова едно никакво прашање
Хмм.. Многу ме мачи што некако незнам што чувствувам кон него, а знам дека не смеам ни да го свиѓам, а камоли да го сакам. Воопшто, не треба ништо да имам со него. Ни другарство. Зашто воопшто се заплеткав. И онака е мноогу повозрасен од мене, доста грешки имам направено уште ова ми фали. Ама и тој па, некако многу си допушта. Многу е дечкото самоуверен, и се што ќе му текне си збори, многу си е искрен и отворен.. Незнам, ама на некој проклет начин како да ме привлекува.. а не треба и на смее. Второ, ме загрижува школото, ама некако во втор план ми е...
ме мачи и измачува тоа што уште нема резултати од еден многу важен проект што ке ми зависи иднината од него и цело време тоа неможам да го извадам од главата
ме мачи еден дечко, во кој сум заљубена а не се познаваме лично, премногу сум срамежлива да се запознаам. а од него добивам само погледи и по некоја насмевка и слично. сварно не знам што да правам. постојано сум во депресија некоја во главно ради него не знам како размислува и што мисли он за мене.
Знам како ти е. Ама не вреди. Ако сакаш да дознаеш што размислува, прашај го. Ако си заљубена, не треба да чекаш на пример некоја друга да ти го земе. Преземи чекор, и најди се со него. Никаква корист од тоа да си срамежлива. Бар јас знам.. А и просто не верувам да си заљубена во некој што не си го видела во живо. Таквата комуникација преку интернет и слично, донесува многу погрешна слика и одлуки. Затоа пред нешто да одлучиш и направиш прво запознај се и воопшто да не ти биде срам. Затоа што од најдобар дечко може да испадне манијак, така да прво убаво запознај се. Ти посакувам среќа
Секој со своите маки....... Мене ме мачи работа........ преведувач сум по Италијански јазик и овластен преведувач сум плус, но некако до работа тешко да стигнам Многу се нервирам! Чекам од една странска фирма да ми кажат дали ќе се продолжи со соработка или не, за нив работев само неколку дена ама некако ова исчекувањето ме убива. Друго ме мачи што сакам да си фатам дечко, а некако не ми иде тоа.......... љубовта ми е на 0 ниво Којзнае што ќе испадне од сето ова...............
Девојката не кажа дека го запознала,а не поготово на нет.Читај подобро...го знае од видување ама не се имаат запознаено..значи и праќа погледи итн.Девојко некако на дискретен начин ќе пробаш да му се доближиш.Не се срами едноставно биди храбра и приближи му се.Или ако познаваш некој од неговите другари распрашај се одоколу...После се само по себе ќе си дојде.
ме мачат многу работи дали ќе успејам да направам све како што треба без грешка дали ќе поправам мн.работи знам дека после секоја упорност следи награда но незнам дали ќе имам сила да постигнам и да напрам све што треба
Ме мачи работата во последно време, сега почна нешто да се разрешува ама уште имам некој недовршени проблеми кој навистина ме мачат во последниов месец.
Me мачи сестра ми што го окупира компјутеров и шо треба да се раскараш за да стане.Крајно време е моиве да ми купат компјутер,не вака да се мачам.
Во последно време..? Тоа што малку попуштив со факултетот..Некако,немам концентрација... Ама тоа сето повторно ќе се врати на правиот пат! Ме мачи ... Еве,нека ти биде. Ме мачи тој. Или подобро речено,ме мачеше. Тоа што се мачам е добро за тебе. Кога ќе се омачам,ќе ти дадам едно маче. И...Тоа.
Оххх ме мачи ова што ме мачи долго време,можеби јас мислам дека е некој голем проблем но за мои години и Е ГОЛЕМ.Постојано ми е во м исливе моето гласче до кога вака,до кога вака сама,до кога вака повлечена без друштво само поради тој пусти срам и поради тој страв да не сметам на некого.До кога со ова мое глупо размислување дека сите околу мене живеат,тераат некој свој свет а јас само стојам во место,јас и моите книги околу мене како ѕидови како некои оклопи како заштита што ме штитат од НАДВОРЕШНИОТ СВЕТ ...т.е. од луѓето...
Финансиска состојба штеди за ова штеди за она недостаток на време дефинитивно ми требаат повеќе од 24 часа на ден за да ги завршам сите обврски и се на трчање ми е де за ова де за она и не ми останува многу време за сонценцето ахх ....