Во последно време ме мачи школото....Многу тестови писмени испитуват а бидејки сум 2 смена немам слободно време ни да седнам на ком как шо треба ни па на ТВ а немам време ни да излезам..
Аман веќе со овие синуси, абе мера да се немало. да разбираа човечки јазик, ќе им речев да ми се симнат од глава, ама......
Да не почнам да набројувам стипендиите,финанскиски проблеми,колоквиуми,здраствени проблеми,проблеми во врската катастрофааааа
Како јас ќе постигнам сето тоа да го научам за толку кратко време?! Како јас ќе најдам толку пари за сите трошоци за Н.Година? А попрво за трошоците кои ми се неопходни!!!???
Кога ќе успеам да ги вратам парите што ги позајмив? Кога конечно ќе почнам со работа? Дали ќе ми тргне работата?
Колоквиумската недела, стипендијата за мене и дечко ми, одредени проблеми во врската...Се надевам дека се ќе се среди и ќе испадне како што треба
Писмени на школо,испрашувања... и каде за Н.Г. тоа е встинското прашање....и од каде пари за таа глупа вечер
Ме мачи факултетов малку го запоставив ме чекаат неколку испити во јануарска сесија а имам многу малку време за учење плус празници се ближат книга не ми се фаќа не знам како ке стигнам се да научам
Факултетот ептееен го запоставив,од од овој семестар ништо немам положено се ќе треба на испити а нема да стигнам се да научам,плус имам и од лани неколку останати предмети ама никој не ми е крив што си го утнав факултетот
Мој близок член од семејството има рак. Би дала се мене да ми се случи нешто а не нему но неможам да си помогнам. И знам дека ништо веќе нема да биде како порано. И знам дека животот и онака ми е жива катастрофа но сега ќе стане уште полош Постојано се прашувам што му згрешив на бога!?
Ме мачат домашни проблеми, здравје, финансии...огромни сметки од сите членови на еден терет... Калимеро нема правда очигледно... Се надевам дека ќе издржам некако до мажачка... се почна да ми смета околу мене...сакам да сум негде далеку далеку...ехххх
Факултетот ме мачи..........., ај таму да завршам да не се замарам веќе, само некои глупости. Сите нервози од факултетот ми се
финансиите ме мачат дали ќе успејам за мн.кратко време да завршам многу важни работи кој ми се зацртани за во инднина ќе морам малку повеќе да штедам и знам дека морам да успејам морам ...здравје само
Е стварно незнам што ме мачи, ама сигурно нешто ме мачи. Си поминав одлична, во моментот ми пролета среќа низ срцево и толку.. После 5 минути како ништо да не било, како сите кецови да сум ги имала. Некако ништо не ме исполнува. Ни тие мали ситни и слатки работи а ни оние големите. Нешто ми фали а претпоставувам и што.. да ја исполни празнинава. Ми фали ТОЈ. Но дали е само тој? Се прашувам дали има и нешто друго.. ама незнам. Аах и финансииве ми прават проблем. Но тоа, минлива работа.. Ии се нервирам за вечер, се се договоривме во 5 за 12, па ајде сега трчај, давај пари, а и немам што да облечам а денес во град е ненормална гужва а и финансииве пак. Ај се надевам сите овие проблеми ќе се решат понатаму, во новава Година.. Се надевам, се ќе биде подобро..
Ме мачат финансиски проблеми никако со ваква плата да се излезе на крај,домашни проблеми да престанеме веке еднаш да се расправаме со сопругот за некои трети особи,ме мачи тоа што неговите родители премногу ни се мешаат во бракот,тоа што немам слободно време,што не ми ја даваат редовно платата ...........уф има уште многу проблеми кои ме мачат...............ке пукнам веке
Ме мачи тоа што веќе ништо не е како порано.. нема никаква еуфорија дека доаѓа нова година, празник или што и да е. Нема возбуда во ништо веќе, радоста се загуби некаде по патот. Се дојде само за момент и го снема... ги нема ни луѓето со кои пораснав... или па оние што се тука веќе не се исти, секој со свои проблеми и нема веќе никаква блисокост меѓу нас... се се врти веќе околу глупости а важните работи се занемаруваат. аман... Ме мачат и другарските односи со некои луѓе..толку брзо почнав да ги губам луѓето околу себе...
Me мачат финансиите и поради тоа вечер ќе си седам дома . Ме мачи тоа што сватив дека нема вистински другари сите си гледаат нив да им е убаво а за другите не им е гајле. Ме мачи тоа што место да сум срекна доага нова година јас па сум тажна. Ех да си бев бебе немаше да иам проблеми .