... неработно глувче. Работа нема ниту за лек. Лошите чичковци и теткици не се ни јавуваат да кажат - не, нема да ве викнеме на интервју. Сладолед со карамелизирани ореви. Ме мачи. Многу е убав, денеска појадував и ручав од истиот. Long live the healthy habits. (после трескај си ја главата со диетата на чичко Жан). Вљубена сум до уши, се однесувам на моменти како напалена тинејџерка и свесна сум дека нешто ми фали. Тоа се проблемчињата. Знам дека се смешни, ама реално, седејќи дома, без работа - што проблем може да излезе жити се'? (Марфи, седи си мирен).
уууффф ме мачат финансиски проблеми бидејќи сега реновиравме,се подновивме со автомобил(последниов месец) е сега започнува отплатата на долгот,само чекам да поминат наредниве 4 месеци да се вратам во нормала
Испити ,расположение кое ми се менува 5 пати во минута , расчистување со една блиска личност конечно треба се да кажам а ќе летаат партали гадно ќе биде знам ..... и пак јас морам јас да бидам таа
По малку финансиски проблемчиња ,не друго не убија свадби последниве месец ??(нека е за добро )ама највеке ме мачи како на 29 овој месец ке идам на свадба на девер ми ,а ќе бидам прва недела во 9мес. и да биде поголем проблемот уште не сум порачала фустан.....
7 месеци ни помалку ни повеќе ме мачи тоа што нема и нема работа си легнувам и се будам со http://najdirabota.com.mk/ ама ништо јас си аплицирам за се и сешто ама никој не ме вика (и да ме викнат на крај врски бе брат) А со пари се потенко и потенко Здравје не многу добро и проблеми секогаш има Spoiler Што ли толку згрешив господи
Ме мачи работата, и тоа делови од неа кои не би ни требало да ме засегаат! Во фирмата каде што работам секоја година се мери задоволството на вработените, кое оваа година било катастрофално лошо, па сега ќе ни дојдат некои тетки од дирекција којашто не е во земјава, а воедно тетките се претпоставени на моите претпоставени. И пошто не може да се видат со сите вработени, се бираше група од неколку луѓе кои ќе им ги воочат проблемите... и баш јас во таа група! Од горе притисок да се каже дека се си е супер, од доле дека се е лошо. Во групата има и луѓе со кои и јас сум имала проблем... Од една страна не е лошо во фирмава, се трудеа да се оправи работава, ама резултатите мислам дека се резултат на акумулирани фрустрации, и навистина не можам да ги разберам. Да е лошо, не би останале сите, а тие што си отишле не би сакале да се вратат. Од друга страна, во минатото имало прилично лоши работи. ДУри и оние што се малку лоши - сега му е мајката да се решат. Ако кажеме дека е ептен лошо - не се знае каков ќе биде исходот за никој, може да ни ги дадат клоците на сите. Ако кажеме дека е ок, тогаш проблемите ќе останат нерешени... Многу неблагодарна работа. А од друга страна, моментов мора паметно да се искористи! Уште да знаев што е паметно! Состаноците почнуваат од утре, имам и некој концепт во главава да се фокусирам на најкритичните 3 работи, само се премислувам цело време што е покритично. Многу е субјективно. Што да се прави???
Ме мачи школото. Таман ги поправив оценките, си земав малку поголема слобода и сега ми се натрупаа милион лекции, по милион предмети, кои нема шанси да ги поправам за овие две недели кои што преостануваат. Ми се рика, ама најтрагично е тоа што немам ни желба за да седнам да фатам книга, со самото тоа што знам дека ќе треба да „окапам“ цел ден над книга си се демотивирам од старт. Друго, ме мачи мојата новостаната ситуација, ме мачи мојата штотуку создадена агресивност, пасивноста кон одредени работи, ме мачи љубовен проблем..ако сепак ова што го чувствувам можам да го наречам со тој збор. Ќе ми помине.
Ме мачи што професорката кај која треба да дипломирам се разболе и ми се одложува дипломирањето , ме мачи тоа што во последно време сум многу осамена и само нервози и нервози и глупости аман веке помин некогаш ке има ли или пак
Ме мачат финансиски проблеми и те како и чекам секој нов ден да заврши веќе еден кошмар во кој живеам некое определено време
Константното прашање - што барам јас тука? И некои животни позиции... Мојата желба да сум секаде, а всушност сум никаде. Тоа ќе да е проблемот
Па финансиски на прво место... студентскиве кредити ни абер ни глас, а пари не да требаат ама нема за ништооооооо, се изнатрошив за апсолвентската и сега немам ни за едно кафе Па ме мачат и последните два предмета што ќе ги полагам во јуни, па после тоа се отвараат нови прашања, што понатаму???
ФАКУЛТЕТОТ!!!!! се будам од сон ради него,мн ме плашат предметиве од кои ми зависат условите за понатака!!! Аман веке!
да го положам тестот за возачка кога не разбирам се уште некои зборови ( грчки ) така ке ее.. уфффффф
Откога завршив со полагањето неможам да престанам да мислам за иднината на нашата врска. Зошто толку многу другите имаат влијание во неа. И зошто колку тој и да прави глупости, секогаш на крајот јас сум виновна за неговите постапки. И зошто секој мој чекор, секое мое мислење е будно набљудувано. Ставена на тапет, како последен грев, кој нема никој позади себе. И на крај ќе те прашаат зашто си одиш дома толку често?? А не, на вас ќе ви изигравам потрчко, слугинка и чистачка, а он цел ден ќе шета, за вечерта да добие добар секс, за после некој да рече, не бил сексуално задоволен Доста ми е, па побогу не сме ни верени, не сме ништо, а јас му дадов се ... па што ќе му е тој луксуз и вака и така си доби се што си сакаше. Буквално се! Некако се ми изгледа безнадежно, веќе ништо нема смисла, веќе неможам да поднесам некој да си лечи комплекси на мене. Колку и да тврдам дека не ми е гајле и не се замарам, сепак допира до мене. Сепак немам ни со кој да разговарам, нема никој да ме разбере, секогаш јас излегувам виновна. И виновна сум, виновна што не знаев да кажам СТОП додека е со време, сега веќе е касно. Толку касно, што изгубив надеж за подобро. Многу жалам, за изгубеното време, за исплаканите солзи, за напуштените пријателства, за изгубената почит и доверба. Жалам но нема да се вратат. Останав без ништо. Полека но сигурно, губев, со секој ден по малку и помалку. ПОсле 4 години не ми остана ништо ....