Ме мачи тоа што неможам да заспијам рано Еве 04:00 мене око не ми се затвара. Проба вчера легна си у 00:30 ама ништо па дрема како утка до 05:00. Мислеш вампир сум станала, барем мојте дома дневница да ми даваа шо ја чувам куќата ноќно време
Mе мачи тоа што сум тежок идиот и ПАК си ги дадов сите заштедени пари,плус парите од маж ми со кои требаше да си купам нешто ( повторно со иста финта за грижа на совест). Е сега кога ќе дојде време за плаќање на еден куп трошоци поим немам од кај ќе најдам. .
Се плашам како ќе ми помине летово.. у ептен лицемерно друштво сум со 10 женски, пробав да се прилагодам али ептен е тешко. Школски сме + заедно излагаме, меѓутоа во внатрешноста НИЕДНА уствари не се понаша како другарка, ни приближно!!!!!! Се оговараат меѓусебе, зајадливи се и не знам... Не можам да бидам опкружена со луѓе што ја цицаат среќата од мене! И баш заради тоа се плашам дека повеќе ќе бидам дома отколку надвор зашто повеќе би сакала да бидам сама отколку со кучките.. Знам дека на поголем дел од тие што ќе го прочитаат ова, изгледа како да не знам да си го живеам животот ама проблемот ми е друштвото - како основа за среќен живот т.е. дали е подобро да сум со нив, да осеќам дека ме оговараат дека ми работат позади грб и да излагам секаде каде што се тие, или да си останам верна на своето и да избегнувам ептен директен и близок контакт со нив (а тоа до некаде ме носи до изолација) ??? :/
Во последно време се чуствувам многу празно си самата празнина ме мачи не зуствувам ништо конкретно никакви емоции на срека ,тага .
ајде некој што бил во слична ситуација да ми помогне : значи вака-се работи за мајка ми.татко ми е починат пред 3 год.јас дипломирав во ск,и сега работам тука а таа е во друг град.сестра ми живееше со неа зашто студира во градот од кај што сме,инаку и двете не сме мажени.проблемот е што сестра ми замина на работа во странство и мајка ми остана сама.првпат останува сама ,буквално сама,откако си замина татко ми.со него беа навикнати нонстоп да се шетаат,по викенди,на кафенца итн...башка знаете како одат тие работи-сите те забораваат во тешкото.откако сестра ми отиде,земав 3,4 дена слободни и отидов да псоедам со неа,пред 4 дена си дојдов и мн ми е тешко што е сама секој ден си плачам,иако таа е јака и знам дека не и е лесно ја познавам по гласот иако се труди да сокрие зашто знае дека ќе се нервирам би сакала да оставам и работа и све и да седам со нејзе.друга работа е што со дечко ми планираме веридба наесен и ништо и немам спонато,ме мачат прашањата за во иднина-како би живеела сама кога и сестра ми ќе се омажи,а таа сака да оди во странство да не се враќа во мкд,а јас останувам скопје знам дека е нормално и дека и такви работи се дешаваат,но едноставно премногу ми е тешко за неа.....
Здраво дечки! Значи мојот проблем е овој: Решивме ова лето да одиме на одмор во Грција, уплативме аранжман преку агенција. Но, вчера слушнав дека им правеле грците проблеми на граница на овие нашиве-да појаснам, на оние кои не ги чувале листовите од лани што ги даваа на граница (нели не ставаат нивни печати на нашите пасоши па даваа на секој по еден лист каде што ке ги ставаат печатите, се надевам познато ви е тоа). Е сега мене ме мачи тоа што мојот лист од лани нигде ми го нема! Дали стварно прават проблеми за тоа или???
Здравствен проблем на блиска личност, испит кој го полагам по 2 пат, несогласувања со момчето...аман нека помине се
ко 1 дали ќе имам доволно поени за упис и еден куп други работи кој треба да ги средиме со дечко ми: да најде работа во ск, да најдеме ефтино станче, да собереме некоја пара за таму да не плачеме на крајот од месеците а тоа некако тешко ни оди ..дали после ке најдам работа или џабе ќе ми биде факултетот, после 4 години мора да се мисли за куќа,стан оти ништо не ни останува од родителите само 1 соба и ................ стварно ќе експлодирам
Па ме мачи тоа сто имам многу проблеми а мене мува не ме лази,си свиркам па ме мачи тоа сто нисто не ме мачи, толку ми е хаотичен периодов а ја чинес милиони имам екстра ситуирана со диплома и работа и дечко и коктелии...забегав
Моево е страшно и срамно.... Должна сум 2 500 ден , и тоа на дечко ми! И не знам од кај да ги накопам, тогаш ми требаа итно ,ми дадоа пари да платам за студентски , јас си појдов во шопинг...Сега ќе си ја траскам главата...Работа никаде...