ме мачи љубовта ме мачи тоа што сеуште барам работа ме мачи што колку и да сум искрена некои луге не ми веруваат и многу други работи
Па јас бев и ни дадоа нови листови Јас колку што знам не прават проблем, дури на тие пријателите што беа со нас не им ни побараа листови
Во последно време, секој ден ме мачи проблемот КАКО да ја носам косата на ова топло време, а да не ми биде врзана во репче. Ќе се скувам ако ја пеглам.
Ме мачат луѓево околу мене. Голем проблем се, добро не секогаш, ама кога треба нешто да се прави или некаде да се оди, чувај ме Боже. После, ме мачат кукавиците и ЧИКЕНИТЕ со кои сум окружена, значи сите се кауардс во душа. Од машкиов род зборувам, многу ме мачат тие.
Животот и се живо во животот има и пар неживи ствари, не во смисла мртви, ама без душа без.. ово-оно.... ама кога и јас го мачам и они мене, сосем нормално ми се чини да си се мачиме.. се надевам само дека нема да имаме мачиња на крај, пошто ова едно ѕверче низ куќи што шета ми е доволно за гњавење И тоа е во глобала
Toa шо само ми изникнуваат идеи што сакам да си купам!Сега е еден фустан,а купив триста други тракатанци.Не за друго,нема да го облечам,сеа филм само си праам. Ќе доживее само промоција и ќе заврши на некоја хуманитрарна акција.Навистина,навистина немам потреба,особено откако испотрошив на други тракатанци...како да се разубедам не ми е јасно. Ама не,се замислив у него,сега сум расположена,а тогаш кога ќе дојде редот,ќе си речам пф,па и не мора,лани еден купив и необлечен остана,а и не е само еден,уште други 4 кои сега не ми се допаѓаат. Привиден проблем колку да ја замарам глаава...имам поголем...си патам од глаата од што им берам греот на сите.Глупа4а!
Ме мачи сестра ми што отиде во Берово и ги собра сите алишта, лакови за нокти па дури и ацетонот. Ми остави едни мувла грди кафен и зелен лак Ме мачи жешково, ми е страв да излезам од дома да не паднам некаде по пат. Аргх
Ме мачи тоа што веќе од дното на душата ми извира мислиш Вруток аверзија кон моето работно место, од друга страна не знам да функционирам без приходи и ме мачи што сакам и обнова на гардероба и книги да си купам, а сето тоа од плата откако ќе намирам фиксни трошкови храна, телефон, превоз и останати плус некој непредвидено неопходен, џабе ми познавање на виша математика, интеграли и лимеси овде не помагаат. Ме мачи константен умор или замор од кој последно време паѓам во кома со спиење наспроти општа инсомнија од топлото време која се шири ко беснило меѓу народов, ме мачат и сонови долгометражни но не фини како од Дизниева продукција, туку некои налик на Дилан Дог стриповите морничави до срж. Ме мачи што не можам да одам на плажа и дневно кафе во термини кога навистина посакувам, окапав на работа ќе станам дел од проклетиот инвентар, капитализам е мадафака цицач - животиња, ѕвер, !!!
Ме мачи проблемот дали ќе ме примат на факултет....дали ќе успеам да се запишам на факултетот кој од секогаш го сакав
парииииииииииииииииииии тоа ме мачи колку и да имам пак на крајот ќе ги потрошам ан непредвидени работи и пак без пари останвам неможам да го имам тоа јас што го сакам ме мачи тоа што со таткоми сум во лоши односи не ни зборувам незнам до кога ќе трае таа ситуација несакам ни да му зборнам јас уффффф мн.работи
хм,проблем..па? Моите сакаат утре пак да ме влечкаат на море,а не ми се иде бе,не..! Ахх не сте фер,бе!Доста ми беше,несакам више+40 ! Несакам пак да сум џоа рак!
Повеќе работи ме мачат. Ме мачи тоа што летово ми е предеосадно и монотоно. Ме мачи како ќе ми биде од септември во средно. Ме мачи тоа дали ќе ме пушти мајка ми во Охрид. Топлово време. И уште милион работи кои ме мрзи да ги кажам..
ме мачи прашањето зошто се толку неодговорни луѓето? зошто се толку невнимателни? дали виновниците ке сносат последици или се ке се заташка како и секогаш.
Ме мачи стомакот и болната овулација, ако и утре не ми помине патот под нозе и на гинеколог . Се мислам и дали имам се што ми е потребно за на одмор, знам дека немам, знам дека ми фали нешто како ете на пример купаќи, само кој ќе ми купи Петко или мајка ми? Мислам дека никој, ама ај ќе се обидам да им изнудам еден пар .
ахххххххх што ме мачиии???/ Ме мачи тоа што незнам на што да се решам дали да почнам со работа и да се запишам на факултет ама ако сакам и двете морам факултето вонредно нели?? Редовно ако се запишам неможам да одам на работа оффффф леле веке ке полудам... некои ми викаат најди си некоја убава работа некои ми викаат на денешно време подобро ти е да си се запишеш и на факултет и во главава триста мисли несредени!!! А јас сакам на факултет ама во меѓувреме сакам и да работам и сега?!