Ме мачи дали и кога татко ми ќе ми го врати долгот за да можам да одам на одмор. Ме мачи состојбата до дечко ми=бившиот и мојата неодлучност во врска со него. И ме мачи тоа што мајка ми не сака/може да најде работа веќе подолго време..
недостаток на Колку и да не си материјалист, ова немањево за најосновни работи ти ја убива секоја желба да останеш нематерјалист.
Досадата ме утепа луѓе! Цел ден седи дома како заморче некое под клима и вечерта излези прошетај малце.Секој ден исто.Не ми се чека веќе.Ми се иде на одмооор !!!
Ме мачи тоа што немаме пари, долговите што ги имаат родителите...ме мачи тоа како ке се запишам на факултет, односно со кои пари ке го плаќам...ме мачи дали ке имам пари да патувам за на факултет...
Ме мачи проблемот Освен 2-3 дена Охрид(како и секогаш) , друго нема шанси . Барем да беа 6-7 како некогаш После околу горенаведениот проблем (со слика), ме мачи и што околу факултетот. Имам уште 2 години да размислам, ама таму кај што сакам треба многу Плус треба 9 години студии. Се мислам дали вреди толку учење, време, труд за саканата професија??? И на крај ме мачи секој момент здравствената состојба на татко ми. Морници ми лазат кога ќе се присетам за тоа.
Мене ме мачи грлото веќе подолго време, и аман ми еееееее.. Проблем имам со искреноста, во последно време сфатив дека луќето околу мене се толку различни од тоа што ги мислев , и проблем ми претставува неискреноста нивна тоа е тоа
Биоритамот ме мачи ,ете тоа . Цел ден спијам ,навечер сон не ме фаќа ,повампирена сум до миле воље! Ретко гледам сонце ,освен наутро пред да заспијам. Еве денес станав порано ,кај 10 ,ама затоа сега сум отепана за спиење ,за ништо не ме бидува ! Не знам што да сторам околу ова ,имам пробано да не спијам една вечер за другата да легнам порано ,ама ни тоа не даде плод.
Во последно време ме мачи досадата. Незнам што да правам се досадувам по цели денови дома , само навечер ако излезам.
Па ме мачат повеќе проблеми/дилеми/прашања ! 1. Дали да си купам Уште еден плац на месечината? 2. Дали да одам на одмор на Хаваите или на Бахамските острови ( и на двата сум била повеќе од 10 пати!) 3. Дали да му се смирам на Вилијам Леви или да продолжам да се швалерисувам со Бред Пит? Аххх... кога би можел некој да ми помогне да си ги решам дилемиве би било убаво! Spoiler
Па не е и некој проблем многу сакам бившиот да го видам да се врати од таму кај што е не знам како ќе реагира ништо не знам онака сум вознемирена многу
охлеле од кај да почнавм, епа вака, се дупнав учење и пак некој отепани тиквари се испрепишаа на матурата,а јас малер, се сама си решавав и ко шо ме дал господ си подзгешив и сега резувтатите ми се лом. среќа 4 години редовно учев и сум со сите 5ки, можи ќе се сожалат негде даме примат на факултет. На одмор сум, а прекрасен остров, мое е само дауживам , а пал сонвам само бремени жени и со мислсите сум во Македонија. Дечко ми е Охрид со другарите веќе 8 дена и ни еднаш не се потруди да ми пиши на фб или барем една смс. Имало и многу девојчиња во куќата кај нив и тоа од курвичките. Некое време пред да замини ми рече дека не ме сакал како порано. навистина очекувувам да ме изневери и тоа ме копка многу. бидејќи колку и да сакам да го напрај тоа, за да бидиме квит, бидејќи лнаи не по своја волја го изневерив, знам дека мнема да ми е убо и не знам колку ќе морам да го поднесам тао, покрај толку многу проблеми. навистина не знам како да се решам од проблемиве.
babyblond па ти зошто не му напишеш порака? немора се да чекаш тој да ти напише. искрено ако останете така подолго време без комуникација има ептен големи шанси да го направи тоа од што се плашиш. машко си е машко а плус и во куќа со толку девојки и тое од оние Spoiler курвичките
Ајде,остајте тоа шо ме мачи,кој сака да му дадам маче коа ќе се омачам? Ме мачат двата испита. Fuck. Ме мачи мрзава моја. Не е пропорционална со испитиве. Додуша,не е во никаков однос со нив,а не па за пропорционалност да зборуваме.. Но.. Најмногу ме мачи тоа што не знам дали сепак ќе издржам без него. И дали ќе се возржам од тоа повторно и повторно да попуштам.