Ме мачи факултетот, како и повеќето девојки овде. Морам да седнам да учам, и тоа сериозно. Ми го одложија одморот за следната недела, а денес ми договорија друго патување во Август, а немам многу време на располгање да учам. Се плашам дека ќе заглавам со факултетот, многу се опуштив претходниот семестар, да беа работите по план сега ќе свиркав... Си велам има време, ќе биде...но не сакам да одолговлекувам сакам да го завршам на време, не сум ленчуга за да бидам вечити студент... Можам јас, само ќе треба да загреам столчето, реков ќе учам месецов почнав малце и баталив, јас треба да бидам под притисок за да учам...а не вака слободна.... Тоа ме мачи, многу ме мачи треба да седнам и да бубам, и да не ме мачи, пошто после на мачињата ќе нема што да им правам....
се слушнавме, пред неколку дена, после тоа пак пробав да му се јаавам, ама не крена. сепак на одмор сум, не можам да се нервирам, и за тоа.
НА МОБИЛЕН НАПРАВИВ СМЕТКА ОД 6000 ДЕН. И СЕАГА ТАТКО МИ СИГУРНА СУМ КЕ МЕ КАРа........ ВЕ МОЛАММ ПОМАГАЈТЕЕ
Ме мачат луѓето и само луѓето.Сите се тапа-машки нема, другарите ми се занимаваат со некоја самозадоволна к.рвичка, а после ме молат да останам со нив, другарките се занимаваат па со некои самозадоволни машки к.рвички...Ќе речете не искачај, седи си дома-компјутер, тв, филмче, книга, музика...дома ако останам ќе треба да работам, а вака ако излезам имам алиби-не сум била дома и не сум имала време.Еее, ем немам среќа, ем сум мрза...
Ме мачи тоа што 2 години сум дипломирана а немам уште најдено салам работа со редовна плата.МЕ мачи целава ситуација во државата што нема ред и поредок-кај се видело бре со средна школа да вработуваат во државни институции или само што излегле од факултетот одма работа наоѓаат??? Немам пари, тоа што го заработувам по малце не ми стига ни за следната недела, уште се гребам од моите и се осеќам како паразит! НЕ Е ФЕР!!! Разочарана сум максимално....
Ме мачи воопшто се... Со кого ке се паднам во клас.. Пошо 3та година се дели.. СО кого ке се здружам и воопшто дали ке се здружам.. Со кого ке седам во клупа.. Со кого ке излегувам.. Бидеќи седев во клупа со дечко ми .. А сеа раскинавме .. Така да тоа е шо ме мачи во последно времее
Сега во моментов најмногу ме мачи факултетот имам уште неколку испити и со душа чекам да дипломирам да не се замарам некое време ама пустото мн ме мрзи да седнам да учам
Ме мачи тоа што сепак сама ќе треба да средам за испитот, ме мачи тоа што немам мотивација да учам, ништо не ми влегува во главата, а каша сум со испити, туу бре!
Tоа што не добивам! Веќе и птичките знаат, и мислам и дека луѓето со кои се разминувам на улица ме погледнуваат така со прашање: Зошто ти доцни ?! Yeah, right. Сигурно затоа ме гледаат. Цел свет не се врти околу мојата менструација, но мојот дефинитвно се сврте!
Љубовни маки, ама некако не се баш љубовни, туку од оние затресканине проблемчиња, далеку од љубов што се, или можеби потенцијали големи љубови, и и и и.. веќе измешав многу поими. Страв ми е (?). Петкоооооо роди сеееееееее за да знам шо капа да ти скројам! Вака од нагаѓање н и ш т о не прајме!
Ме мачи тоа што немам дечко а сите другарки си фатија. Ме мачи тоа што со кој и да почнам да се мувам му е мила слободата и јас нормално ништо не пробувам со него. Ме мачи и финансиската криза деновиве