Што ме мачи? Па се ме мачи, нажалост ме мачи факултет, ма мачи љубов, ме мачат пари ме мачи тоа што немам работа уффф ме мачи и слободнното време што го имам премногу
Во последно време ме мачат парите. Никако да ни тргне на ова поле! Долгови, заеми, нервози , аман веќе не сум раат со месеци
Ми доцни менструацијата малку,а градиве неможам да си ги поднесам повеќе,ме болат премногу. Нешто ми се појавија многу брунки по цело тело периодов... Не знам што е работава. Тешко заспивам навечер исто. А врска немам зошто..
Ме мачи тоа што и на работа имам триста проблеми, и одговорност, таму војна, кога ке се вратам пак војна. Ме мачи што не сум одморена убаво, и од целиот стрес мислам дека ке ме стрефи некој мозочен удар, и ке ме пишува во весник како најмлада Само сакам мир, е тоа ме мачи.
Ме мачи тоа како ке се навикнам на фак. Ме мачи тоа што ноќно време спијам ко да сум во полусон повеќе бидна отколку што спијам ...ж Ме мачи тоа што морам постојано да барам пари од моите,срам ме фака само поради мене се трошат пари греота е за сестра ми...
Што е со иднината? Каде и што понатаму? Кој е правиот пат за мене и како добога да се довлечкам до она кое ми е зацртано? Арно што ми беа во глава влезени 2 патеки, третава не ми требаше. Фала мамо за идејата.
ме мачат парите (на прво место) ме мачи училиштево ме мачи што осеќам дека сум постегната во душата од сите други не можам да се развеселам, да се опуштам и навечер кога ке излезам барем да не мислам на ништо ...но тоа е има време ://
Ме мачат колоквиумите кои ми претстојат, есеите, бркањето на поени за активност... Го мразам овој период на деноноќно учење, пиење кафе во големи количини и нередовно спиење
Ме мачат новите професорки по географија и биологија. Досега не сум имала вакви намќори за професори. Ме мачат и финансиски проблеми, не сум во криза, ама никако да заштедам малку повеќе.
Тоа што сум ненормално љубоморна станата на дечко ми и не знам до кога ќе ме трпи! А не сакам да бидам таква, тоа не сум јас, а не знам што ми стана