Уф....Ме мачи пријателството...Нема вистински пријатели повеке Не познавам ниеден таков/ва и за џабе си ги губам нервите и времето со оние кои не ми се вистински се надевам во скоро ке запознаам некоја добра личност која нема да е налик на сите овие кои сега постојат во мојот живот, а ке бидат избришани од него во скоро - се надевам
Што сум емотивна, кога ми бараат помош помагам повеќе од доволно, сакам да помагам, а кога ми треба помош... е тоа е друга приказна И никако да си ја научм лекцијата.
ми здодеа веќе да искористуваат една моја драга личност,ми здодеа да му докажувам дека луѓето постојано го искористуваат,тоа ме мачи мене, сакам да е како мене посуров ,затоа што додека си мекуш ке те злоупотребуваат сите ,почнувајќи од неговите
Не дека ме мачи долго, еве веќе повеќе од еден час. Утре треба да зборувам пред многу луѓе. Поточно, не знам пред колку. Од една страна се надевам дека ќе бидат многу, од дтуга страна се надевам дека нема И онака знам да имам трема, презентацијата не ја правев јас, катастрофа е, а и компетентна сум да зборувам за половина од работите, другата половина ја знам само површно, а сега се трудам да научам повеќе Да биде бељата поголема - почнувам прва, не знам дали ќе има интро, дали ќе има можност за прашања, кои од моите колеги ќе бидат таму, ништо не е како што би требало да биде. Бла, бла... Магистерската ме мачи, немам пипнато. Ме мачи, многу ме мачи. Ама не доволно, инаку би ја сплескала.
Ме мачат 2 проблеми. Прво тоа што од време на време заборавам кои се моите цели и се губам некаде по патот и второ, љубовта. Ми доаѓа да кренам реце веќе од неа, ама онака дефинитивно пошто стално сум 1 чекор напред, а 2 назад. Епа не се издржува вака.
Ме мачи тоа што имав скоро па и цел живот една другарка која ми беше како сестра а веќе ја немам, не сме скарани, но не сме ни блиски повеќе како некогаш... Се ми е јасно дека растеме и дека се менуваат работите, но јас не го гледам тоа така.. Многу е сложено.. ахх... како и да е се надевам се ќе се среди, и јас неа уште си ја сакам..
^ Потпис! Сите пари на книги си ги испотрошив. Одделив нешто за сметки, но и тоа кој знае дали ќе ми биде доволно. А немам пари дома да си појдам. Оооооо
Топ проблем за ден 01.12 ми е издуваниот стомак и потечените очи и чувството на темпирано експлозивно тело. Мнооогу јако
zdravo ve molam da mi kazete ako znaete trebase da mi dojde na 25 noemvri ama evo dve nedeli samo mi lenee krv a nikako da mi dojde koj znae ve molam kazetemi
ме мачи тоа како мн работи да ги постигнам во еден мн мн краток период но се се постиигнува ако се сака заремне , ха !
Иако не сакам да си признаам себе си, ме мачи тоа што немам љубов. Од секогаш сум била заљубена, занесена, еднаш дури и вистински вљубена, а сега.. Период викаат, ќе помине, ама не поминува... А што е човекот без љубов ..
Ме мачи инсомниа, ме мачи дизбалансот на хормоните, чувството на малаксаност, работните обврски кои не престануваат да се трупаат...се собрало се наеднаш!