ме мачат глупи луѓе кои мислат дека завршиле еден факултет господ за мадиња мислат го имат фатено бог да чува ме мачат луѓе кои немаат појма што во стварност се случва во нивниот живот бај д веј кој е хаос а дробат за други луѓе ме мачат проста маса на луѓе бе и овдешниот менталитет и некои трошоци кои треба да ги средам
Ме мачи тоа што сите се од корист и што повеќе нема вистински другарки со кои можеш да споделиш се, да излезеш, да прошеташ...
Ме мачи мојата иднина,се осеќам како да тапкам во место,имам голема желба да си одам од оваа држава. Исто така се сложувам со мислењето на Миме,само да надоплнам, дека се осеќам грозно затоа што луѓето од мојата околина ме мразат и ми се нафрлаат затоа што имам завршено факс ,простоќа невидена . Сеат злоба без причина и ме гледаат како да сум паднала од Марс.А воопшто не ги сортирам луѓето по образование и никого не сум навредила и потценила.Дали на некој друг му се случува такво нешто?
Како ќе ги преживеам овие две недели? Толку тестови, испрашувања, наставни, контролни... бла бла блааа Дај боже да се биде во ред (поготово со математика), па новава година да ја пречекам без никакви секирации
Во последно и во секое време - неучење. А сега и паника кога ќе ме фати ќе биде филмски Да има и светла точка во постов, работиме на проблемот.
уф ... дали тоа само јас сум на оваа планета што не се замара со учењето .. или има и некој друг таков камо да ми се подобри здравјето .. та за учењето ... ич не му се секирам .. колку можам .. толку
Прашајте што не ме мачи.. со љубовта ни направо ни накриво, со другарки исто така.. сите се од корист ги мразак здравјето исто по малку ме мачи, школото абре ич не ми се учи
Како да стигнам до плави картончиња? Само што дипломирав и нешто на мајка ми и барале потврда за мене од факс или од завод за вработеност, за сеуште да ми даваат плави картончиња преку неа. Сакам сеа на мое име да си зимам. Но незнам како и кои документи треба да ги однесам за да се пријавам! Ако знае некој нека ми пише во лп.
Мене ме мачи едно многу битно прашање... Кога јас ќе имам секс?! ?! Не е секогаш арно да си сингл. Тука е во прашање многу битна ствар
И мене ме мачи проблемов на drugarka... А и кичмава ме боли веќе месец дена... Можеби ради апстиненција ми реагира.
Епа ке седнеш и ке си учиш. Шала беше. У осталом ја сум нашла да зборувам за учење, кога на книгата очи и неам видено, а ни она мене. Ама фала Богу- петките уште се тука. Иначе ништо не ме мачи денес, ни во последно време. Кул ми е се.
Ќе се бега одовде или не? Ух, од една страна сакам, од друга не сакам... жртвата од моја страна ќе биде преголема, иако користа е мнооогу поголема. Ама уште нема ништо конкретно... мразам кога не знам на што сум, уште повеќе мразам влечковци кои не си ја завршуваат работата на време. Ах да знаев.. да знам дали посериозно да барам работа тука или да чекам...