Барајќи друга тема налетав на оваа,ми го привлече вниманието.Мене ме мачи ОСАМЕНОСТ!Понекогаш се прашувам кого имам во животов за кого дишам?
Имам важно интервју денес, а и треба да учам полагам и утре и секој ден до сабота ... И не ја сфаќам insert функцијата, а и немам скршен денар не ми ја пуштија стипендијата вчера ни пак парите од работа ... немам ни бонови ги позајмив последните и ке јадам варени компири. Имам презентација наредна недела и ќе умрам И
Искрено мене ме мачи што неможам да си најдам човек. Машко. Значи незборам за дечко, дете, тинејџер. Незборам за шеткање низ град, на кааафе и слично. Ок, може и тоа, но поентата ми е што неможам да најдам зрел човек што ќе те разбере, ќе те подржи, ќе се грижи, ќе сподели емоции, проблеми, среќа, тага. Зошто сите се плашат од утре? Што е толку страшно кај луѓето што неможат да се приврзат емотивно? Што е страшното да си во врска? Ако не се иживеале машкиве до 19,20,21,22 години, тогаш можеби на 30 години треба да се журкаат ко тинејџери. Или мене многу рано почал да ме брка биолошкиот часовник...као немам дечко и врска и такви ствари, или не знам кој е другиот проблем.... Аххх ..... се изнервирав маааалкуцка
Лажното ПРИЈАТЕЛСТВО Се сакарав со една другарка бидејки дознав каква била всушност и таа ми копла "гроб" зад грб
Математикава ме мачи: Недостаток на време+мрза во големи количини=ужасно чувство на грижа на совест заради незавршените обврски
оценките. ама моиве пусти родители не ми даваат подршка како на други што им даваат. посакувам да ми кажат "не грижи се, ќе ги поправиш, тоа е само оценка" а не да ме "пеглаат" .......
И мене оценките. Коа ќе ми текне за нив лошо ми пага. Незнам што ми стана во последно време ич ама ИЧ не учам. Мајка ми убаво ми викаше повеќе да учиш а не по цели денови на компјутер. Секој ден викам а не од утре почнувам да учам морам да поправам а секогаш ме мрзи незнам што ми е .
Мојот проблем моментално е во тоа што неможам да си го фатам редот а и плановите ми се уништија заради времево.