ме мачи цистата шо не моам да ја извадим од глава,што ми е страв од помисла како ке идам на операциони стол,зашо немам друго чаре си плачам
Болките во раката, неподносливи се веќе. Одвај ја мрдам раката а морам на работа. Маче ме оваа 3 смена сакам друга смена, сакам да си легнувам порано не секој ден иста песна. И плус згора на се ПМС
Љубовта ме мачи,дали да продолжам или да се откажам?Ме мачи тоа што нема да го гледам кога ќе завршиме.. Ме мачи и школото,дојдоа и тие пеколни последни недели,во кои секој втор час по некое испрашување..Веќе нема место за ,,Професорке не сум спремна,ќе може ли следниот час'' ,оп-троп во дневник. Ме мачат и други работи,само што мислам дека цела страница ќе ја земам само јас,да не досаѓам,доста е и ова
Ме мачи факултетов...т.е. ме мачат овие 2 испита што следат. Ме мачи тоа што времево е убаво за на кафе, а јас морам да учам. Ме мачи тоа што веќе немам енергија и воља за учење...
Дали ќе можам да научам сЕ ? или Ќе одам на полагање? страшна раб.... дури неможам да заспијам од овој проблем...
Тоа што имам еден тон за учење, полагам за 3 дена а скоро ништо незнаам и никако неможам да се концентрирааам...
Ми виси еден проблемчич над глава, и ако не се реши веројатно ќе си паднам у доживотна депресија...Ама ако излезе се' како што треба-држете ме после, летам...
Немам што да правам. Деновите ми се монотни. Кога имав за учење кукав, сеа посакувам бар да имам некое хоби да се занимавам.
Ме мачи дечко ми. Во многу кризен период сме. Ме мачат овие 4 години потрошени за него. Ме мачи тоа што го сакам и не можам да му раскинам, ме мачи што ме боли срцево, ме мачи што сакам да викам на цел глас да ми олесни а морам да се правам како ништо да не е. Ме мачи тоа што срцето ми плаче, а треба насмеана да бидам.
Ме мачи школово. Иде крај школска а јас се чувствувам како да е 27 Јули, спијам , идам во школо , цел ден безвезално потрошен на нет и се така секој ден. Ме мачат оценкиве, морам да ги поправам ,треба да му ја запнам овие две недели. Но јас сеуште незнам кај ми е паметот
Ме мачат здравствените проблеми што ги имам Ме мачи времево што бавно минува, а само тоа ме кочи за да ги решам
Ме мачи школото ме мачи тоа дали ке поминам на право.. ме мачи љубовта ме мачи прашањето дали некогаш ке бидам среќна со некого.. ама ајде имам време за вистинска љубов имам саамо 17 години
Ме мачат турскиве серии. На прв поглед можеби и не ви изгледа како проблемиште, но ако знаете дека кај мене дома се гледа епизодата, репризата по полноќ, репризата наредниот ден, комплет репризите во сабота и недела, и истото применувано за неколкуте најдобри серии во Турција и во светот, ќе сфатите дека сум на мака.
Целата ситуација во која се наоѓам. Сите другарки да си фатат дечковци .... а ја никој и ништо... баш ми е мило за нив што се среќни но се осекам... forever alone... тоа е ...
Се чувствувам осамено, што впрочем и сум! Немам со кого да направам муабет, да пијам кафе и да се изнасмеам! Чекам да заврши учебнава година и да почне тој распуст конечно-што од преоблемиве со учењево-што од желбата и потребата да си ги вратам другарките и да не ги гледам тие ретардирани и малоумни фаци во којава околина барем на 3 месеци, кои ми го уништија мирот и воедно и доброто мислење за сите луѓе. Морам да се сменам кој секоја личност поединечно. Очигледно!!
Факултетов ме мачи многу. Луѓето што мислат дека се Бог и апостоли на факултетот, и не шетаат по ќерамиди со новосоздадени работи кои ни го отежнуваат студирањето. 'Ваа работа не е работа. Не ќе е на арно ако вака се ќути. Ќе им се исполни желбата да не направат вечити студенти.
Ме мачи факултетот...лето топло за спиење за шетање а желба за учење никаква немам, сега доага сесија морам да положам све!