тестови и испрашувања,состојбата меѓу родителите,личност која едноставно ме изненадува скоро секој ден(преку нет)
Me мачаи моето слободно време. Не сум јас научена да имам слободно време. Секој ден е вечност . Сакам да си имам работа , да си бидам зафатена како што и бев.
Ме мачат повеќе работи. Првин овие 5 (читај 10) килограми кои не може да чекам уште еден ипол месец за да ѓи симнам и сакам веднаш, ама некако тешко ко да оди. Потоа, финансиската состојба, матурата која треба да ја полагам каде и да е а ништо немам почнато да учам и љубовта која никаде ја нема.
Тестовите, малку слободно време, финансии, пријатели, семејство, проекти, желбата за одење Грција моментално.........
многу работи... но најмногу дали сум трудна дали овој месец ќе видам две цртички на тестот како ќе биди кога ќе се омажам дали ќе се навикнам
како ке се справам повторно со родителите на мм се вракаме наредната недела нз што ке биде бидејки КОНЕЧНО ке се поделиме и раат и тие од мене и јас од нив барем ке имам мирен и спокоен живот нема да ме е страв додека се преслекувам дали ке ми влета некој во соба или не!!!
Хммм,ако може да се нарече проблем..Што уште да докупам за екскурзијата и што да спакувам(како што гледам еден куфер малку ќе ми биде )
Многу работи ми се вртат низ глава... За испитиве некако и ќе биде при крај сум. Да качам некое килце нема да биде лошо да се смирам со Х тоа ми е најбитно.. иако го пишав на трето место. Без него се ми е џабе...