Како проблем за мене е дружењето со едно девојче. Работата е што е заеднички пријател со еден дечко со кого не се гледам повеќе. А со неа се гледаа и се гледаат почесто и тоа ме нервираше и мислев да не ми прави тој некои лоши планови. Добро е што се оддалечив од него зашто ќе бев искористена од него, а од тоа нема полошо. Тоа остава лоши последици. Девојчето ми изгледа како половина добро, а половина лошо. Времето ќе покаже. Уште имам некои нејасни прашања за неа. Единствено незнам дали да почнам да поминувам повеќе време со неа или да седам на т.н. растојание.
Затоа што времето заминува, се' се менува. И секогаш ќе биде така, а како минува времево, се' на помалку луѓе можеш да им веруваш. Како ангели со ѓаволска сенка. Дволични страни од секаде извираат.
Многу добра тема Ме мачи мојата иднина незнам каде ми е правецот,што ќе биде со мене завршив средно не се запишав на факултет мислев дека ќе ми биде пречка бидејки сакам во Германија да започнам нов живот , но тоа некако бавно иде ...немам мој џеб а да работам нешто моите не саакат за 12 илјадо или 13 да се мачам уште сум во фаза каде треба да бидам послушна ќерка, немам ниту друштво ги изгубив годинава во принцип сакам луѓе околу мене во кои ќе верувам,но како годиниве идат ...што знам сите се чудни на никого неможеш да веруваш некаква злоба има во секој ,лицемерие ...цело време имам некоја лутина во себе моите си имаат некакви обврски не можам да зборам со нив па се мислам да одам на психолог
Што треба да седнам да учам и упорно прокрастинирам, неможам да се натерам никако и тоа ме прави анксиозна и нервозна
Ме мачи несигурноста што ја имам, ме мачи прашањето кога золва ми планира да си иде, ме мачи и тоа што не можам да пијам и пушам пошто дојам
Ме мачи: - алергијата; - прашањето како да се справам со еден куп тинејџери; - како да ми стигнат парите до крајот на месецот.
Ме маччи мажачката (ќе биде, ќе биде и никако да биде) ме мачи решението на работа, и тоа никако да бидне, и најмногу ме измачува периодов неодамнешната загуба на мајка ми. . . Суров е животот, но мораме да се бориме.