Како наближуваат празниците, мозокот ми работи триста на саат. Како ќе беше,да беа тука, да ги споделевме празниците заедно Цела недела сум гневна,лута на животот, на крај им се лутам и нив што заминаа Ме мачат некои работи со мајка ми, ама се гледа светло , ќе биде , ќе биде како што треба да е ....
Во последно време ме мачи тоа што не се осеќам добро во своја кожа, се осеќам анксиозно, осамено и депресивно нештото што ме радува е спањето, ме мачи тоа што на сите околу мене им смета нешто а демек мене се ми е идеално.. ме мачи тоа што на ниедно место не се осеќам како да ми е дом, едноставно не припаѓам никаде, ама ќе биде добро еден ден.. можеби...
Ме мучи зашто некои луѓе кои ми се во опкружување (некои и не) упорно ме ставаат у уста, ме местат во ситуации и ме заплеткуваат а ништо лошо не виделе од мене.И притоа ми праат лице и се понашаат ко ништо да не се десило. Не чуле ли за ,,не дирај лава док спава”? Дур не ти направам лошо не ме закачај другар пошто ќе го добиеш посакуваното и тоа дупло
Сопствените мисли и очекувања. Пред се', очекувања што ги имам од другите. Крајно време е да научам... не се сите толку грижливи, емотивни и одговорни.
Деновиве тоа што не правам баш ништо освен што се излежавам по цел ден Немам ни сила ни енергија за ништо
Не знам дали стравот од корона или психава ме мачат повеќе. Се борат за прво место во мозоков. Анксиозност пуштена на најјако периодов. Само филмови си правам, на вечер не можам да заспијам до ниедно време ко некој вампир. Сценарија од црни - катран. И на тераса да излезам се плашам да не фатам корона. Како можеше да бидам ваков хипохондрик, не е нормално ова веќе. Не знам што да преземам, никој не ме сфаќа сериозно.
Факултетот во глобала (магистерски студии) онлине предавањата и вежбите, долгите и тешки домашни задачи, сето ова спакувано душата ми ја изедоа