Каков проблем ве мачи во последно време ? Да побарам пари сега? Имаат ли пари да ми дадат? Ќе имам ли петка хемија?
Каков проблем ве мачи во последно време ? Ќе успеам ли тука или време е да се фаќа усвет со првото авионче?
Каков проблем ве мачи во последно време ? Дотерувањево за школо.. Море на крај и со пижами ќе отидам!
Каков проблем ве мачи во последно време ? Не во последно туку цел живот ме мачи еден ист проблем. Беспарицата... и татко ми кој зема 300 евра плата, ама нам ако верувате не ни дава ни по 100 денари месечно. Нели нема да му останат потоа пари за ракивка и пивце. Го оставаме да живее како што сака, па згора на тоа и криви сме му. Зошто учев за стипендија, кога еве сите пари треба да си ги дадам за упис на факултет. Ааааах скотски живот
Каков проблем ве мачи во последно време ? Ме мачи тоа што можеби ќе треба на кратко да паузирам со факултетот...
Каков проблем ве мачи во последно време ? ......... .......... .........ме мачи иднината на моето дете!..........Нема соодветно школо, а треба да оди некаде, да излезе од дома!....... ......................детето е со посебни потреби.................
Каков проблем ве мачи во последно време ? Упорно се борам кругот на животот да го направам квадрат,триаголник,шетоаголник...ме мачи стравот од загуба на најблиските.Ме јаде од внатре,особено откако се случија такви работи и ја знам болката...и навистина ми е мачно кога некој ќе ми се пожали за пари,за облека,за дечко...боса и гола ќе одам,цигански ќе живеам,само сите да се добро.
Каков проблем ве мачи во последно време ? Лилит дедо ми е многу болен. Има рак на простатата, пушти метастази во коските, пред еден месец му пукна некојси нерв, последниве две недели не е подвижен, не може да јади, ослабен е кожа и коски, последниве два-три дена не може да зборува, едвај диши, само офка од болки... Не можам повеќе да издржам да го гледам онака. А само да знаете колку беше здрав. Никогаш не пијал алкохол, ниту пак пушел цигари, од планина не беше слезен (само по билки, печурки, лов...), никогаш ни температура немал, ни аналгетик не се напил... се така наеднаш се случи...
Каков проблем ве мачи во последно време ? што и да се случи во последно време јас сум дежурниот виновник....
Каков проблем ве мачи во последно време ? Ме наежи...скроз...многу убаво те разбирам...лани,дедо ми беше неподвижен заради скршеница на бутната коска и почина,почнаа од лежење да му ослабуваат сите органи.Јас немав сила да го гледам последните месеци,плачеше кога ќе ме видеше и цело време,сакаше нешто да ми каже,ама од што липаше не можеше да се искаже.Другиот дедо,ми е болен исто од рак на простата,се молам да не стане поголема работата,секој ден се тешам,стар е(84год.),помалку прогресивен е карциномот,живеат со години така ако не се рашири...секој месец прима терапија преку инекција...како и да е,тој е животот,ако не од ова,староста секогаш не победува. А да не зборувам за последниот случај,од пред една недела,многу потресен...аман од овие болести. Само храбро,колку тоа и да ти изгледа невозможно.Боли да го гледаш,боли се во животов,стисни заби и издржи.Јас си велам,ова да го преболам,ништо во животов нема да ме запре.Нема да заборавам,овие работи се најтешки,ама бар кога ќе помислам се ме тераат некако напред да туркам,да не пропуштам нешто,зошто животот е трепнување со очи.Вчера и утре,реално не постојат,туку само сега,овој момент е реален. Не сум верник,ама еве,гледам,во најтешкото секогаш ќе си речам чувај не Боже,па олеснува колку-толку...
Каков проблем ве мачи во последно време ? Најтешко од се ми е кога ми ја бара раката... ми ја бакнува, ме гледа в очи и плачи... не можам повеќе!
Каков проблем ве мачи во последно време ? Ме мачат две работи.Ослабената финансиска ситуација дома која создава стрес и напнатост и болеста на братучетка ми.Има леукемија,згора на тоа ракот излезе и до белодробното крило одма.Едвај ја оперираа,дел од белиот дроб и е отстранет.Сега бараат донатор за матични клетки.Од нејзините дома никој не одговара,во среда ќе кажат дали и нашле друг донатор.Ако нема,ние ќе се проверуваме.Дај Боже што побрзо да се најде некој,затоа што ова е трка со времето.Се изнамачи девојчето веќе две години по болници се влечка.Сега е во странство и во рацете на врвни лекари,ама сепак болест е болест.Не знам само до кога оваа проклета болест ќе уништува фамилии и невини животи. Викторија те разбирам како ти е.Нема ништо помачно и поболно од тоа да гледаш твоја блиска личност како полека тоне и како сите органи му откажуваат.Баба ми имаше рак на градата кој подоцна метастазираше и се прошири на белите дробови.Уште се сеќавам како седевме околу неа држејќи ја за рака и посакувајќи да не си замине.Биди силна и издржи.Дека некогаш ќе ти е помалку криво и дека помалку ќе те боли за дедо ти-нема да е така,ама животот продолжува и кога-тогаш сите ќе одиме кај Горниот.
Каков проблем ве мачи во последно време ? Ти благодарам Винтер.Грл за поддршката и тебе и на Лилит. Се надевам дека братучетка ти ќе оздрави. Таа е млада претпоставувам и сигурно е полна со волја за живот. Мора да биде се во ред!
Каков проблем ве мачи во последно време ? ^И јас се надевам дека наскоро ќе оздрави.Срцево ми се кине за неа.Кога матурираше сите плачевме од среќа затоа што тогаш прогнозите беа ужасни.Сега постои доза на оптимизам кај лекарите,ама викаат ништо не е сигурно.А за подршка секогаш сум тука,те разбирам низ што поминуваш.
Каков проблем ве мачи во последно време ? Храбро девојки.Што е,тука е,од тоа не се бега,сите тоа ќе дочекаме,дај боже многу стари и со внуци.Секогаш болат вакви работи,сите не снаоѓаат вакви невремиња...гледајте стравот да не ве обзема. Викторија,што и да ти кажам,малку ќе е,освен издржи,подголтни и давај си сила,нема инаку... Винтер,за млад човек секогаш мора да се има надеж,а чуда се случуваат секој ден. Кога бев помала,се смеев кога постарите ќе речеа,здравје ништо друго не треба...ама сега многу убаво разбирам.