Каков проблем ве мачи во последно време ? еден главен три ситни прават една целина што ме измачува и не ми дава мир....се надевам се ќее ок...
Каков проблем ве мачи во последно време ? здравјето, стравот внатрешен и неможноста да се искажам. Си го сакам животот од основно.. Кога немав никакви грижи... Кога се смеев од срце и имав животна потпора
Каков проблем ве мачи во последно време ? проблем без дефиција... незнам дали е љубовен дали е оној од опсесија .. на моменти мразам на моменти неможам да престанам да мислам .... се чуствувам глупо .. сакам да помине побрзо, да не потрошам уште 4 години бадијала но тоа е .. живот .. а се помалце и помалце го чуствувам него и неговата среќа
Каков проблем ве мачи во последно време ? Ме мачи алергија! И здравјето што не можам да си го доведам до ред!
Каков проблем ве мачи во последно време ? една гребнатинка на паркетот што ја изгребав со мебелот,кога ке ја види свекор ми ке ме скрши
Де бе душо, толку е строг??? Па не си направила гребнатина намерно! Мене ме мачи зголеменото опаѓање на косата
Секогаш имам вакво време.. Кога неможеш да се свртиш на некоја страна. Арно ама, за другарки сум,и ќе бидам секогаш тука
мене ме мачи што во последниве неколку дена неможеме да се разбереме со сопругот,и по цели денови само
во последно време ме мачи шо понатаму, јас сум студент факултетот ми оди прилично добро имам 2 годишна врска, прекрасни родители, супер другари-ки т.е во глобала одличен живот, ама како да не е то то, како животот да ми е премногу едноставен, нема авантура, нема динамика не знам, можеби ова е пролазно ама искрено не сум задоволна од мојот живот можеби звучи себично ама така е позз
Ме мачи иднината... Имам многу големи планој преубај и сакам пресилно да ми се исполнат...А знам дека најчесто ништо не е како шо планираме...И то ме мачи многу никој не ме сваќа САКАМ ДА БИДИ ЈАС КАКО ШО САКАМ !!! стварно сакам а планојте ми се големи , нејкам во Македонија да останам..Пошто детството ми беше претешко зато сакам барем другиот дел од животот да ми е во ред... И сакам да сме сите здрави живи и секој од тие шо ги сакам да си ја најди среќата а посебно брат ми !!
ме мачи само биофизиката и како ке ја научам и математиката и биологијата и хемијата и праксата по се ... и како јас све ова ке го положам ... еее друго ништо не ме мачи ... ме мачи малце и папагалов многу дрнда ... а ме мачи и тоа што собава е ужас и немам сила да си ја средам . е така ама сеа се олеснив па не се мачам многу
Ме мачи материјалот за учење... Ме мачи тоа што морам да одам на забар!! А покрај забарот и на гинеколог! Не знам од кај време за се.... Ме мачи тоа што не можам да се наспијам.
Финансиски проблемииии, во последно време најчесто тоа ме мачи.Се нема пари за излевање,нема пари за ништо.Јас сум апсолвентка, одвај собравме пари за упис, брат ми ќе дипломира конечно, па ете и за таму пари на професори пијалаци, гозби, па и дипломска да се направи. Решив дека ќе го завршам факултетот во рекордно време и се надевам дека ќе ми се оствари желбата, ама кога сме таму па ме мачи и еден останат предмет од лани Размислувам за иднината, па што кога ќе завршам, па дали ќе си најдам работа во струката... триста големи планови имам во глава. ААА и уште ме мачи и љубовниот живот, проблемот кај него е што го немам. Сеуште си се измачувам со една стара љубов, која започнува па прекинува и се така... уште одамна се решив за крај.Незнам зошто сеуште и по милионити пат се навраќам на тоа.Па сега тој си фатил нова девојка, па сум љубоморна и се замарам и со тоа.Морам да продолжам понатамуууу ама никако мозокот мој да свати.Можеби зашто никој не ми се допаѓа...Критериумите ми се виииииисоки, никој не ми е добар Со помин нека ми е хи хи хи
Љубовта ме мачи, како по обичај. Јас го сакам, му се воодушевувам од далеку а тој не ме ,,ферма ни 3%,, во живо (на FB сме супер пријателчиња) Уффф, ете само тоа ме мачи
даааааа во моментов и општо периодов ме мачи дечко ми....цело време мислам како е...што прави....добар ли е ова ни е прв пат во 6 години да сме волку време разделени и многу ми фали .............ме мачи и уште нешто...немав сила дома на моите да им кажам една болна вистина,и "морав" да измислам една "прекрасна" лага...они се толку срекни и воодушевени од тоа....што го знаат....а јас во себе...само јас си знам како ми е