Пред неколку години имавме проектни активности на тема Незаштите секс,Дрога,Цигари,Алкохол.Требаше.убаво да истражеме и имавме цел час за да дискутираме на таа тема.Факт е дека доколку родителите или макар еден од нив се пијаници,коцкари,зависници од дрога дека голема можностни детето да стане такво.Од проста причина што осетило цел живот недостиг на родителска љубов,и топлина,си се осеќа слободно,гледа дека нема некој во неговата околина што би се грижело за него,потпаднува во искушение и тоа дете оди по стапките на родителот.Тоа дете одлучува да си го уништи животот.Наспроти тоа постојат деца кои живеат со родител алкохоличар,коцкар или било што и растејќи созревајќи го гледа својот родител и си постсвува прашање-Дали и јас сакам да бидам ваков? Тоа дете ќе направи се во животот ќе се труди,ќе се образува,ќе чита ќе работи и ќе студира истовремено ќе стане човек.Децата можеби на изглед ќе бидат копии на своите родители,но карактерот на децата и родителите може да биде различен.Јас личам на мајками,навистина многу личам но по карактер воопшто не си личиме.Карактерот ми се изгради пред некоја година.Можеби децата се воспитуваат во првите години од животот и има огромно влијание во каква животна средина ќе израсне,но според мене човекот учи додека е жив и доколку едно суштество сака да е успешно и да биде човек тоа може и да го оствари!
Абе не може да се генерализира. Ама... може да е а може и да му биде памет дека така треба/не треба на детето. Родителите се тие кои даваат насока. Пр.вујко ми имаше период кога пиеше , доаѓаше пијан често. Не ги малтретирал децата, -синовите, ама сепак... глетката е лоша, пораката е лоша.... Малиот еве го често се враќа пијан. Не смее да зуцне вујко ми, шо ќе му рече-зашо пиеш? Мислам дека ова му го прави од инат. Го болеше многу пијанството на татко му. Постариот пие само вода и кока кола. Ја сфатил пораката дека не треба . Чисто пример од фамилија
Јас би се сложила со оглед на тоа дека бев со едно такво копиле во врска. Јас не сум личност што сака материјални работи, и бившиот ѓе унедуваше дека он не е таков. А татко му беше материјалист, седеше дома чекаше од жена му пари за да оде да ги потроши во кафана, скапи наочари, саатеви и други глупости ама со тек на време и син му стана таков. Се зависи со кој го поминуваш секој ден и од чии постапки учиш и се навикнуваш.
Кај мене во фамилија излезе баш така. Таткото се метна на синот и си го упропасти животот. Мора да се внимава што се прави пред децата.
Не мора да значи, имам многу примери кај што не важи ова правило, напротив обратно. Но, може и да се погоди така, не е исклучена можноста.