Црномањести,со тетоважи,малце така по широчки,а најмногу сакам кога им се познаваат вените (они јаки жили) на рацете Нејсе, се заљубив во човек што е спротивно од горенаведените карактеристики,она што ме задржа кај него се изгледа само жилите на рацете
Немам некој баш дефиниран тип . Да се повисоки од мене тоа ми е маст хев , и да е сестран човек , да се интересира за повеќе работи истовремено ( на пример да можам да правам муабет за квантна физика и заслободно цртање ете до толку сестран ) . Физички изглед мање битен , тоа е нешто што се менува секако , доколку тој има желба . Ова зборувам за човек со кој би била на подолги стази . Од друга страна пак , ако ми е за една ноќ или нешто малку подолго ( до еден месец на пример ) , битно ми е да изгледа убаво и да има барем две теми на разговор помеѓу нас . Толку . Сепак , со таков човек не би градела иднина , за да гледам некој на тој начин , треба да има повеќе особини што би ме заинтригирале и секогаш да биде интересно со него , не да ми здосади за два дена . Едит : Се омажив за човек кој одговара на првиот опис , иако на почетокот мислев дека не е баш така , испадна дека со него никогаш не си 100% сигурен што е следно .
За врска : Како сапиосексуалец сакам девојка што ќе ме освои со муабет, манири, смисла за хумор и интелигенција, наместо со некоја неодолива физичка убавина. Свесен сум дека ни јас не сум топ модел и затоа ``психичките атрибути`` ми се поважни од физичките. За авантура : просечна физичка убавина и желба за дружење
Постари жени од 30години до 40-45, црно-плави може да се кажњ шатирани или балајаж. Со по некоја тетоважа на нога и убаво стапало. Преферирам да се во брак или разведени.
Паметна и во исто време по малку перверзна ,тоа е комбинација која води на седмо небо и за двата партнера .
Самоуверени, малку дрски и остри на јазик, но умни. Од физичка гледна точка: просечна висина, витки, со продорен поглед, остар нос, убави заби, светол тен
- 1.90+ - зборуваат течно и поврзано, имаат поента, имаат став - мутиран машки длабок глас - педантни, многу сакам кога ќе видам уредно машко - без брада - спортски тип, тренира, држи убава линија - бејбифејс - јебозован поглед
Генерално, црни, високи, со извежбано тело и брада. За врска и идеален партнер нормално има многу карактерни особини кои се значително важни. Но кога станува збор за физичка привлечност, на ова паѓам
Доволно зрели, со некоја посебна лудост и перверзност...со свој сопствен и специфичен став, држење и поглед кој привлекува. Совршен ум кој ќе те прочита како книга без еден изговорен збор. Интелигентни и плус со слична доза и чувство за хумор.
Висок ,црна коса ,плави очи. Мора да има шарм,пожелно е тие веничките по раце да се изразени. Извежбано тело и без брада. Тоа беше порано сега сум мажена и мижам
Па во глобала голем дел од бившите ми биле ниски накај средна висина, црномањести, ако тенот не бил црн, косата и очите биле потемни секако. Телото, хм, не сум обрнувала некое внимание на ова, сум имала и слаби, и пополни, и крупни развиени и мускулести. Ама приметувам дека во последно време ми се свиѓале момци со развиени раменици и гради, да е крупен но не премногу, може и стомаче да има не ми смета. Мускулести не сакам, не знам зошто. Сакам тетоважи, пирсови, ама фала богу не се никаков пресуден фактор. Убава брада поштувам многу исто, и тоа доста голем број на бивши и симпатиите имале. Ете у детали. За жени, хм, порано многу ми се допаѓаа женски со кратка коса, ај butch ќе кажам накратко, со текот на времето почнав да преферирам со нежни црти на лицето, може и долга коса, за висината исто ниски накај средни, телото стварно не ми било битно во смисол на атрибути, сеедно ми е. Преостри црти не сакам, исто така смеѓи/црни преферирам. Не знам дали требаше да кажувам и за други квалитети, јас само на физички изглед се осврнав.
Хумористични пред се, ме влече како магнет некој што е хумор во движење. Паметен (немора којзнае што, ама да не ми вика дека главен град на Америка е Њјујорк). Црн, повисок од мене да е, задолжително малце брадичка, онака благо порасната не да му виси. Незнам, има некои од одма кликам со нив, имаат магија во нив.
Што подразбираш под 'перверзни'? За некого первезрснот и орален, за некого ни голден шаур не е доволно перверзно.