Убави и правилни црти на лицето, нежно бел тен (ретко во животов ми се допаѓаат црномањести иако се мнозинство од популација), добро тело, т.е. фит, да се однесува човечки и внимателно спрема мене (не толерирам ничие "дерење" и испади, таквите ни за луѓе не ги сметам, не пак да остварувам блискост со нив)
Сексуално ме привлекуваат жени со добро одржувано тело, скоцкана од глава до пети, со ненападна шминка, без многу светки и тракатанци по нејзе...
Високи, плави, со баш бел тен и што посветли очи. Никогаш не сум била со поцрн маж, воопшто не ми се привлечни, сите бивши плавушани ми се.
Мистериозни, со убави очи допадливи за мене и поглед кој те предизвикува да се обидеш да разоткриваш дел по дел.
Smegji ili temni, visoki, na lik pogled i osmeh zabelezuvam, smisla za humor i drugi raboti ali ova na prva zabelezuvam.
Згодно извајано тело.Истакнат jawline, вени на вратот и рацете кои се испакнати, полна уста, убави заби, по можност плавоок, тетоважи е пожелно
Црни или смеѓи, високи, со брада. Убав машки глас, рака приметувам и да биде поголем од мене. Ама најважно од се ми е психички да ме привлече за да ми биде уште попривлечен сексуално.
Повозрасен од мене. Посилен и покрупен. Да сака да е лидер и доминантен. Да прави добар филм. Тешко наоѓав такви како помлада. Еден најдов баш како што сакав, па и повеќе од тоа и се омажив за него.
Никакви ЛУЃЕ не ме привлекуваат сексуално, ни МАЖИ ниту ЖЕНИ (И што се општите именки „мажи“, и „жени“, „луѓе“ воопшто? Секогаш ми биле интересни само некои примероци!)... Но, да ми каже ТАА дека оди на часови по пијано , од парите што инаку би ги потрошила на излегување, зашто како дете немале доволно пари за тоа; дека е вегетаријанка, но, не мисли дека планетата ќе пропадне, ако луѓето останат сештојади, ниту пак се обидува да ги преобрати (и сама си готви!); дека оди на психотерапевт со години за да ги надмине траумите од детството, а сепак со љубов се грижи за своите остарени родители; дека се обидува да е скромна во односите со другите (не секогаш ѝ успева!), без да мисли дека тоа е слабост, и поради тоа е успешна во својата професија, наспроти општото мислење; да ми каже дека не е изразен приклоник кон каква била „кауза“, што за неа е морална кусогледост, зашто секој изразен став не ги зема предвид спротивните ставови (големите приклоници мислат дека ако се што погласни ќе убедат што повеќе луѓе, покажувајќи самоубеденост!); да ми каже дека сака да чита книги што другите не ги читаат, зошто им се здодевни и големи, или се книги од некоја друга епоха (но, е среќна што има време за тоа); да ми каже дека лете не оди на плажа туку собира пари за едно патување каде не била и го учи јазикот на таа земја, дури и за тоа да ѝ требаат неколку години; да ми каже дека нема проблем да си ги искаже своите ставови, дека е искрена,но, секогаш се обидува со овие ставови да не ги повреди другите (често премолчува!) , избирајќи соодветен контекст и тоа го кажува на дипломатичен начин; да ми каже дека мисли оти за да се биде чувствителен значи да си сочувствителен пред сѐ ( а, не само да се чувствуваат своите болки), и тоа низ дела....ТОГАШ навистина ќе размислувам за неа, воедно И сексуално...