Нешто вака, да не е развиен ко боди билдер ама да не е ни кускуле. И не смета поголемо стомаче не мора толку стегнато.
Лелр заборавив да спомнам од физички изглед што ме привлекува а е необично. Крив нос значи ептен ми е turn on како Ибрахимовиќ коа ќе кажам на другарки/и мислат се зезам али мене ептен ми е привлечно, не знам има некој шарм у неправилни носеви.
Карактерната и емотивната привлечност лично ми е тесно поврзана со „палењето“ , па затоа – пред сѐ интелигентни, open-minded и со смисла за хумор и сарказам, најсериозно и најреално. И емпатични, џентлмени и романтични во софистицирана смисла (не клише и cheesy ). Физичкиот изглед не дека не ми е ич битен, имам преференци (висок, црна коса и по можност плави очи, и jawline не знам дали само мене ми e turn оn ), ама ако кога отвори уста е спротивно од она погоре, сѐ паѓа во вода.
Колку и да ми се допаѓа некој, може еден збор, да ми го 'падне' и да се растури се' што сум мислела. Колку такви примери сум имала.. дури страв ме фаќа. Не сум ја ништо посебно, ама за маани наоѓање на луѓе, кога е во прашање сексуална врска ... то чудо едно!
Физички-висок,слаб,може некоја средна линија.Очи,зелени или плави.Црна или кафеава коса.Не долга,ни пак suffer look (таква тема имаше дури).Да има широки раменици. Психички-добар хумор пред се'.Да се чувствувам слободна да му кажам се'.Да не е премногу емотивен.И,можеби е чудно но,не сакам да ми угодува за се'(во смисла папучар).Не сакам basic муабети,трачарски да ми прави. Тоа е мојата идеална верзија,секогаш физичкиот ми е втор избор.Ама,сепак има некој удел. ЕДИТ:МОРА да мириса убаво.Некој убав парфем или гел... И да не ми глуми претерано лудило што оди во крајности,да не се лути за глупости.
На прво место секако е брадата. Тоа во комбинација со крупна градба, црна коса и зелени очи. Ова последново е битно, ама не и пресудно.
На многу женски им е тип сум приметила има една песна негова што ја слушав на времето "My girlfriend's girlfriend"