Здраво на сите, прв пат пишувам на форумов за ваква работа. Се почесто и почесто слушам некакви си тврдења од страна на девојки демек сите дечки што се вработени или бркаат некаква си кариера се неквалитетни луѓе или изневеруваат, кое ми нема никаква логика. Исто ми се има десено девојки да ме избришат од животот поради мојата професија која е во ИТ сверата али јас не сум милионер или сл. Дали е тоа од завист или несакаат да гледаат нивниот партнер да биде среќен, незнам па ве прашувам вас. Поздрав
Само си начекал такви девојки ништо повеќе. Имаш работа, не си мрзлив. Би требало да се најдите слични и да бидиш океј. Генерализирање... не е на добро.
Брат искрен муабет, ја не би ти напраил пак муабет пошо ме боли глава коа читам колку си неписмен. Сфера со Ф, не знам, не сакаат, негација+глагол оди одвоено. Незнаење е заедно, Несакање е заедно. На крај да ти одговорам на прашањето нема врска, излези од твојот круг на луѓе оти е затуцан (еве ме со сксленг). Нема врска ова шо го пишеш со реалноста.
Која логика? Нема потреба од генерализирање, и милион пати е потенцирано не се сите луѓе исти. Како што не се сите машки подвижен отпад карактер, така не се сите девојки спонзоруши што одат за пари. Не генерализирај. А ако неколку девојчи ти укажале на некоја твоја мана (што можеби не ја гледаш) тогаш пробај да ја промениш. И немаш потреба да бидеш милионер како што немаш потреба да слушаш чаршиски муабети за кој каков е/треба да биде
Куп неповрзани нешта ги стави во едно. Работа денес е посекако потребна, многу малку се луѓето кои направиле кариера. За да направиш кариера треба да си ултра квалитетна личност, да имаш малку среќа, башка тоа да се трудиш цел живот (и пак нема да си сигурен дали баш ти ќе си тоа оти не зависи во целост од тебе). Луѓе ко луѓе, затоа имаш и исклучоци. Бирај секогаш такви, никогаш не оди со толпата. Имај свое јас, бркај си ја работата, бркај си воопшто сè што те интересира (хоби, било што) и другото ќе си дојде. А може и не. Пробав да сум реалистична. Инаку имаш слични теми, може да се премести ова. Нема потреба од нова тема.
Каде го имаш слушнато ова не знам, јас прв пат тука читам. Секоја нормална девојка би сакала маж кој работи и се труди, има амбиции, соништа, цели, желби за остварување. И нормално е да го бараме она што и самите можиме да го понудиме. Не ни требаат пицајзли што од дома не мрдаат и живеат ко NPC. Претпочитаме партнери што не го генерализираат цел женски род, знаат како да пристапат и направат муабет, не зборуваат само за себе и се во најголем дел писмени.
-Нормален во главата/психата -Да има добра душа -Да не оговара бифши -Да не е мамин син -Да сака да работи, било шо -Факултетски образуван -Да се грижи за мене -Да имаме слични интереси -Да е висок -Да е писмен -Да води грижа за себе и здравјето
Секоја една да пиши тука шо преферира кај пантер, секоја една можи да има одредени сличности во барањата ама пред се ќе има башка интерес. Така да џабе генерализираш. А, то дека дечки шо биле вработени не чинат - грл, ако се невработени за најголем дел од нас е deal breaker.
Наместо да размислуваш од гледна точка на тоа што од тебе СЕ БАРА, што БИ ТРЕБАЛО да запазиш, во „просек“, „статистички“, „општо“, попрво размислувај за тоа што ТЕБЕ ти треба ЛИЧНО и КОНКРЕТНО, какви особини, карактеристики, одлики треба да има девојката со која сакаш да бидеш во врска. Тоа е многу поважно и многу поголем предизвик, инаку, ќе ловиш некаков „фиктивен“ список на параметри на запазување и допадливост. Личноста на човекот е како мозаик, составен од многу особини, навики, преференци. Некои се надополнуваат, некои се контрадикторни едни на други. Дури и да запазиш некакви општоприфатени „високоценети“ карактеристики како (карикирам), висок 185 см, плата од 3000 евра, со сопствен стан, паметен, згоден, хумористичен, човек со висока емоционална интелигенција, и сл. може да има нешто што нема да ѝ се допадне на твојата потенцијална партнерка... Што ако рчиш додека спиеш и таа тоа не може да го смисли, што ако ти сакаш да гејмуваш во викендите, а таа да излегува, што ако ти сакаш да планинариш, а таа сака оди на шопинг, што ако таа не сака деца, а ти сакаш три? Дополнително, луѓето не секогаш, како и тебе знаат однапред што би ги привлекло ДУРИ И АКО знаат екплицитно што за нив привлечно како рамка, има свесно и несвесно ниво на привлечност, од каде да знаеш што би натежнало за некоја да ѝ се допаднеш. Исто така многу нешта околу допаѓањето е и случајност, дури и да се погодите во однос и на свесното и не несвесното ниво. Биде доследен, обидувај се практично да запознаеш луѓе, верувај во себе и работи на тоа да си човекот што би сакал да бидеш во однос на девојката што би сакал да ја привлечеш, и да си во неа во врска, и прво добро размисли каква таа сакаш да биде или дали е реално таква да биде.. И можеби најбитно, да не заборавам ,КОГА ќе ја сретнеш и ќе бидеш со неа во врска ќе работиш на таа врска и ќе работиш на тоа да имате добра комуникација, разбирање и ќе внесувате подеднаков труд....Со среќа.
Кој се тие девојки од кои што си го слушнал ова многу ме интересира што тип на девојки се, и дали постојат воопшто. Баш девојките сакаат стабилни мажи, што се амбициозни и заработуваат, која е таа девојка што сака дечко и да биде паразит да седи дома по цел ден, и од мајка му да бара пари за на кафе, или кога ќе излезат заедно да чека девојката да плати, јер он не е вработен нели, али е квалитетен момак. Кој квалитет го има тука во ова еве не ми е јасно??? Многу неповрзани работи изнапиша во еден пост што немаат никаква допирна точка со реалноста.
Оф топик. И баш за тоа се фати? Па не е тоа темата за писменост. Ако гледаме така колку не ставаат ни интерпункциски знаци, па никому ништо. Он топик. @Kokos11 не се сите девојки исти, нормално е секоја девојка/жена да сака дечкото/мажот да има стабилна работа и да е амбициозен, не знам на какви девојки си налетал штом велиш дека тоа било од завист и не сакале нивниот партнер да биде среќен, не знам, ама јас не познавам такви.
Да треба да е така, но кога ќе одговорам на прашањето што работам, инстантно им се менува енергијата и заинтересираноста. Ми се случило 2 пати девојката да стане и да си замине од маса како да сум и кажал дека просам и мијам шофершајбни на семафор.
не ми се верува дека си рекол ИТ и девојки да заминале од маса. Баш напротив, дури мислам дека денес повеќето девојки бараат некој од ИТ.
Еве женски совет, јас ти гарантирам дека причината не било ИТ, сигурно има некоја друга позадина, работи на себе, проширувај знаења и смени теми на разговор.