Еве го тоа што го зборам, зошто тогаш си со него ако неможе кола да си купи. Јас ако немам кров над глава, кола и финансиска стабилност, не би помислил да барам девојка/жена. Би се чувствувал екстремно незгодно.
Извини ама на другарка ти и фали некоја даска вака директно да се изразам. Ја не знам која нормална жена би си дозволила такво понижување и уште да се фали дека дома има паразит.. Па и кола да му купува и кирии да му плаќа? А бе ајде.
Извини вака што ќе ти кажам ама другарка ти или е ментално заостаната па некој ја заебава или па она тебе те лаже од некоја чудна причина не знам.
Воопшто не ми е жал за неа тоа си нејзино решение пред да тргне со тој човек јас и кажав за другар што ја свиѓа и што е 1000 пати по способен. Но не беше заинтересирана, а дека ме лаже не, затоа што го познавам дечко и го имам видено 2-3 пати и тоа е.
Ау свашта... јас раскинав со еден шо беше здрав, прав, вол, а мрзелив до немај каде. Нејќеше да работи. Ако нејќеш да работиш седи си дома друже и нека те гледаат тие шо те напраиле. А, за другаркати незнам што да кажам нека почне и во раце да го носи.
Кој рече дека неаме кола? Си направив математика дека поисплатливо е да земе неплатен одмор, да му купи девојката кола и после ќе го продадеме колата, парите во џеб и ај со здравје.
Како прво ако не бил таков каков што го опишуваш дали би била во врска со него, не верувам Да си знаела дека е способен и вреден немало да ти фаќа око. Па прашањето ми е како тие луѓе успеваат да вртат по 10-15 жени од еднаш стварно не можам да разберам
Па коа го осознав каков е, го откачив што не ти е јасно. Не сум го родила па да ми е должност да го растам и да го издржувам.
Јас колку што знам од литература маж неможе под никакви услови да излаже жена, жените имаат одбранбен механизам за самозаштита каде што можат да препознаат за даден човек каков е за неколку секунди да кажеме инстантно. А сега дека има некој кој ги прегледува низ прсти тие работи има. Како и зошто си била со него во врзка, како успеал да те придобие? Штом еднаш се случило ќе се случи пак, ме интересира кој квалитет го имал тој човек за да те придобие толку многу да почнеш врска со него?
И ние мажите имаме одбранбен механизам за самозаштита. Ете на пример јас секогаш сум заштитнички настроен. Го штитам тоа што ми значи и тоа што вреди да се заштити.
Ние како мажи осеќаме должност да ги штитиме понежните и помалите без оглед на се, тоа е природно исто и жените имаат должност да се штитат себе си затоа разликата во емотивната интелегенција меѓу маж и жена е огромна. Но бројот на жени што се само саботираат расте и не ми е јасно зошто така се случува.
Да, жените те неќат оти си преуспешен место да лежиш в кревет пошто и моето искуство е такво и „жИмИ сЕ“ чим кажам дека сум во IT и добро ситуирана сите потенцијални партнерки бегат од мене. Кога им велам дека ништо не прам одма се заинтересирани. Сигурно е мајчинскиот инстикт во нив за заштита и осеќаат потреба да се грижат за мене. Дај бе бидете сериозни. Жените сакале некои шо лежат. Фактот дека не секоја успева да напрај добра проценка или се заљубва и после ѝ е тешко да донеси друга одлука - не значи дека жените то сакат. Ретко која жена сака маж шо не можи подеднакво да продонеси во домот, или кој не дели обврски. Сакаме партнер. Неќиме возрасно дете. Ако е истиот член од пред некој месец со то дека го неќеле дека е успешен - сериозно напрај интроспекција на себе и како ги кажваш информациите. Пошто се шо читав денес, да беше пред мене и да бевме на дејт - ќе си заминев пошто реакцијата ми е еднаква на гифот погоре.
Може го одбила пошто е програмер пошто типичен програмер понижува све живо и диво што работи друга професија, барем во мое опкружување. Иначе малце надвор од темава ама не може бе златни, мажи неработници да бидат паразити ама жени неработници да биде па нивен избор, така си одбрале
Јас би се нафатила финансиски да издржувам маж, под услов на крајот на месецот да ми ја враќа инвестицијата дупло.
Како да кажам што работам па нормално ќе одговорам работам во хх фирма како програмер тоа е тоа, имам друга работа приватно што правам и е доста доходовна но тоа не го споменувам никаде и скоро никој не знае (не е со продажба на нелегални субстанци) ниту пак понижувам некого ниту се фалам дека јас сум како господ или слично. Нема врска вие си мислите дека се понашам како пабло ескобар пред девојките ахахха. Баш напротив, скромен сум, ги почитувам луѓето и сакам да ширам позитивна енергија. А плус да бидеш финансиски стабилен на 27 годишна возраст е малку глупо зошто никој не ти верува, сите мислат дека татко ми е богат па ми дава пари. Пред 3 години купив кола ауди која беше околу 17 к евра демек да ги импресионирам девојите, но резултатот беше обратен ме викаа татино синче ова она си продал станот на бабата и доста по негативни работи, а девојка да искочи со мене не доаѓало во предвид сега возам голф од 2500 евра и имам повеќе успех барем доаѓаат на дејт
Скроз. Не го одбила заради професијата, го одбила заради моментот што осетила надмено и безобразно однесување (карактеристично за мнозинството програмери). Се понесуваат отповеќе на моменти и потценуваат соговорник спроти нив (секако, со ретки исклучоци).
Не ми се објаснувај мене. Ти кажвам за тебе да си размислиш зошто ти идентификуваш тука проблем. Ретко која ќе има проблем со професијата. Јас сериозно би размислила последните 10 разговори пример како течеле. Ако проблемот е кај професијата детално тој дел ќе го размотам в гла. И то вклучва точно кои зборој ги искористив и како можи да се интерпретирани, целокупна атмосферата итн. Тука би рекла дека вака се збора оти ретко кој маж кој не работи е "домаќинка". Жена кога не работи и одбира да е дома најчесто се грижи за домот. Бар за мене, поентата е секој партнер да придонесва за домот, било то со работа надвор од домот или со работа внатре во домот. Да имам партнер шо ќе ми чистипериготви и јас само да одам на работа and to call it a day? Gurl. ✨✨✨ Real.