Не знам, еве јас прашав еднаш у темана за домаќинки што ако жената не работи НИШТО, ни надвор ни дома и сите беа ко абе ако така си одбрале, што те тебе интересира. Така да Мене да ми рече партнер неќам да работиш, ќе ја затвори вратата од другата страна. А за другово, еве другарка будуќа програмерка ми е поднаљутена оти моментално зимам добра плата со непрограмерска професија Најсериозно ова
Зависи ако е многу способна во кревет и ако е 10/10 на изглед и да не шара натаму наваму, може да не работи ништо, нема да ми пречи
Ти ме потсеќаш на принцот од ,,The Prince and Me". Ликов глумеше дека е обичен тип за да ја освои типкава, на крајот она го засака таков каков што е без разлика на неговата кралска титула (у твојов случај програмерска). Мој совет е да глумиш сиромашен, обичен смртник, клошар како сите нас, па на крај откако веќе долго време ќе се заодите, да ја изненадиш, да победи љубовта. А веќе ако и тогаш не успее, смени професија, почни да работиш на скеле, можеби така помалку ќе те дискриминираат. Среќно.
Ја сум ептен способна у кревет. Кога ќе легнам да заспијам, топ не ме буди. Ептен способна за спиење.
Грешка си. Девојките не сакаат ленчуга. Проблемот е шо голем дел од тие ленчугите се доста интелигентни и имаат доста време ( бидејќи не работат) да смислуваат манипулации како да ја фатат девојката во стапица. На почетокот ќе и ветува брда и долини, замоци и плантажи, љубов и лојалност, може и ќе поработат некое време, само и само да и се вовлече под кожа и да направи она да неможе да живее без него. Е откако ќе е сигурен веќе дека она нема кај да бега, тогаш си ги дигнува нозете на масата и ужива додека она се корне од работа, да плати сметки и да донесе јадење.
Значи ги привлекуваш со голфот чим сеа доаѓаат на дејт така кафе да испиете ? А, си се запрашал зашо и покрај голфот неможеш да ги задржиш да дојдат на втор дејт ? Ете си пробал и сиромав и богат да се напраиш ни така ги задржуваш ни вака шо е работата да размислиш? Ја би рекла психофизички малку да поработиш на себе и плус на однесувањето. Освен ако не им бараш ламборџини на струја да ти купат...
Мене ме чуди зашто само помлади жени привлекувам материјален статус дефинитивно не е и атлетско тело дефинитивно немам
Прво се запрашав дали е ова истиот програмер шо беше и шо не го сакаа дека програмер бил и не ми текна ич второ шо ми дојде на памет е никот, Кокос11 или Кокош11 има разлика, и за крај трето еве готови ми се пуканките едвај чекам да ве читкам милички!
Остај се, богат сум, 10 фирми, атлетско тело, Аполон, кола ѝ купив на бившата, iq230, 20см, ама ме избегаваат пошто сум пресовршен.
Искрено тоа го правам само што ниту сум принц ниту сум многу богат. Кога бев помал и клошар си викав е да имам пари ќе си купам вакви патики вакви кошули гучи сако... А сега купувам гардероба од секонд хенд нај искрено хахах и не ми е гајле за 3000 денари зимаш гардероба за цела година, некогаш не се наоѓа ништо ама тоа е. И кога ќе разберат девојките кој сум што сум голем дел викаат зошто сум ги лажел и сум им го губел времето
Мојот инстинкт е да ги штитам сите што се загрозени, пред се животозагрожувачки, но и на друг начин доколку е потребно. Дека е огромна емотивната интелигенција помеѓу маж и жена, не е. Има разлики, да, но немој да мислиш дека мажите не се емотивни, не плачат и тажат. Што саботираат жените? Не ми е јасно...
Машала. Убави критериуми си имаш, ама не одат сите 3 заедно. Не постои тоа што го бараш, односно не постои идеален човек. Ако бараш добра за во кревет, најди си порно глумица. Ако бараш убавина 10/10, најди си манекенка. Ако бараш да не ти ,,шара" со други, тогаш најди си робот-девојка. Не дека сите ,,шараат", да не бидам сфатен погрешно, но тоа шарањето е до самиот човек. Но рачунај и да не е таква, понекогаш спротивната страна (во случајов ти) може да ја предизвика да го прави тоа. Пример, ако не бидеш заинтересиран да ја видиш, да ја гушнеш и бациш, да и посветиш внимание, да ја изненадиш понекогаш со поклон, да ја прошеташ некаде и тн. таа сама ќе си отиде кај некого, не мора да и пише некој.
Тоа е јасно дека тешко се наоѓа таква девојка но само на тој начин би бил ок со неа да не чисти и готви дома.
По мое мислење ги држи стравот од неверство, нормално кога ќе видиш дечко што нема добри карактеристики си помислиш е овој никоја нема да го сака и нема да може да ме вара. А во реалноста доста девојки се водат по тоа и тие луѓе прават ршум со жените, имам сосед кој не го бива за ништо не работи продаде станот од бабата и живее така, врти по неколку жени на ден буквално, се прибира со една за 2 саата искача пак со друга доаѓа и тоа го прави веќе неколку години, сум разговарал со него за тоа како успева, вика дека они сами го бараат на инста и фб му досаѓаат јако и ми покажа. Ден денес се чудам како е можно машко да има по 20-30 пораки од девојки на ден. Ај да е убав да разберам, да е интересен/ смешен, а нема ништо од тоа, единствениот муабет што може со него да се прави е како со опелот возел 170 по обиколница и вуферот колку грми