Се изнасмеав на темава Не те оставаат девојките поради твојата работа туку поради начинот на кој се однесуваш Преиспитај си го начинот на однесување, научи да зборуваш со девојка и не се занесувај многу. И не не е се реткост финансиски стабилни мажи на 27 години па да е нешто за чудење. Како прво девојка сака љубов, внимание да се потрудиш околу неа и да не си мрза да се трудиш да заработиш. Помалку важно каква кола вози ако мене не знае да ме цени. Ако немаш понашање џабе ти се парите..
И овој комшијава ти е идол или? Верувај дека ниедна од тие шо му идат дома не го сака, туку го научиле дека се расфрла со пари а и ГАРАНТИРАМ дека им дава пари или подароци, и затоа му се нафрлиле. Чекај кога ќе ги истроши, да видиш дали некоја ќе му отиде.
Си правел муабет со него и ништо не си научил! Такви муабети сакаат девојките да слушаат како возиш по обиколница со 170км/ч, а не ти им правиш муабет програмер сум ова-она
По таа логика треба да се однесувам како идиот на состанок, да ја понижувам, вреѓам и да разговарам само за себе си и за моите интереси. Незнам од кога стана лошо тоа да правиш една девојка да се чувстува како принцеза да биде опуштена да не се секира за сметката да се грижиш за неа да не е гладна, жедна, да ја пречекаш со букет (иако досега што сум давал букети ги фрлале во канта зошто не можеле да го влечкаат со себе) и тоа го разбирам али фрли го откако ќе си заминам а не пред мој очи... А моето однесување воопшто не е себично, ги почитувам одлуките на другите, ако сака да си оди нека оди немам ништо против. Не е дека само за себе зборам и дека се фалам за мојата состојба и дека не прифаќам никакви други мислења, дали просто попаѓам само на такви или навистина не сакаат луѓе како мене.
Да бе нека им кажува алтернаторот како го менувал заедно со мал сервис и летни гуми сеа доста тролате морее
Биди малку по интересен, не открива се за тебе на прв состанок.. Потруди се да не им биде досадно со тебе.. И прво купи ја со љубов после со подароци.
Нешто тука не штима .. По све што објаснуваш дека се однесуваш џентлменски, несебично и неидиотски јас незнам како не успеваш да привлечеш нормална девојка за врска ,ако тоа бараш. Или можеби па тие не ти се свиѓаат може подсвесно сакаш тие со тебе да се однесуваат идиотски (ко пример букетот шо ти го фрлиле пред тебе во канта) за на тој начин ти да бидеш вечно жртвата и да ја кривиш другата женска страна пошо нејќеш нормал, сакаш битчи енергија. Можеби треба да излезеш од потребата на изигравање жртва во сите дејтови, пошо реално тука нешто не е ко шо треба.
Погрешно си разбрала ниту сметам дека сум жртва ниту се правам, сакам да најдам логика и да го решам тоа прашање, по се изгледа тие девојки кој ми се допаѓаат а тоа се тивки, срамежливи, мили... Јасно е дека не сакаат партнер кој ќе се бори за подобра иднина и ќе ги почитува и сака (не ми е јасно зошто) но така излегува. Се надевам да проблемот е во мене па да можам да го решам а ако не е проблемот во мене нема решение. Нај интересното е што мислите дека нешто измислувам манипулирам или сл. Кое исто не е така зборам од искуство кое ми се случило реално. И доста е збунувачко како за вас така и за мене.
По толку пишувања овде, ако ниту една не ти пишала до сега во пп за да се запознаете, значи до тебе е проблемот.
Хахах ми пиша една Нејзини мислење било дека сум вртел многу девојки и не сум знаел што сакам. Јајајјаааа ги имам на разгледница понекогаш ми се паѓаат и дупликати па ги раздавам јајаахаах
Ама добро ти кажале, тоа е ствар договор меѓу двајца партнери. Ако они така функционираат и им е добро зашто тебе би ти смeтало. Горе пиша си сакал 10/10 девојка презгодна и добра во кревет. Сега бараш срамежлива,повлечена..во кратки црти во тебе е проблемот и треба да работиш на себе. И да додадам тие со тој изглед 10/10 што го кажуваш најчесто пукаат со самодоверба и се со бичи карактер, а не срамежливи. Може имаш проблем и во пристап, експресии, некои изреки, поглед..жена ситница може да ја одбие. Направи си ретроспекција како се одвивал еден твој состанок и каде си направил грешка, зашто си направил. Ти гарантирам дека никоја не те одбила зашто си бил програмер, си возел ауди или си имал пари.
Идол ли му е? Опелот како возел 170 и вуферот како грмел И по ова се палат жените Ама добро го продал станот алал да му е Кој динамичен живот ауу, секоја чест. Ај тој пропалитет, ама и жениве, кое погазување бе, за еден мочан поклон Никад нема да сфатам. Ти продужи си со тролањето, па секако кога тогаш мора да упали. Еден ист трол женски вака ко тебе, и таман ќе сте. Уживај.