Кокош, каков букет на дејт Ич никоја не те одбива ради тоа што професија имаш, друга мака со тебе си имаат некоја Баш личиш на nice guy, и јас би бегала, па со коњ ако сакаш на дејт дојди.
Иронична е темава од прва буква на прва страница. Кој имал каков било општествен социјален живот низ Скопјево знае дека сѐ повеќе материјалисти се мажите. А ваму кадешто сум можам комотно да кажам дека голем дел фантазија им е да се лупнат кај некоја богата. Така што целта на темава е сосема друга. Или само се сака внимание (да и нам ни искачаат тие дебилни и нефункционални dark psychology мимс коишто кај асални луѓе не функционираат) или би сакал да биде како дечкото од којшто наводно другарка му се жали па тука лови ќе најде ли некоја жртва. За голем дел од нас жените, нема ништо попривлечно од активен, вреден маж којшто си ја гледа работата. Да, жал ми е, знам маживе какви почнаа да стануваат денес но сѐ уште не сме изеволуирале во форма која би сакала пасивни и мрзливи мажи. Еден маж сака онолку колку што вложил во врска материјално или емоционално. Така што, пасивњак по своја желба не доаѓа предвид.
Ова многу ме потсеќа на еден што е упорен со мене уште одамна. Братот се отепа од фалење за него, каква куќа имал, па три коли имал, па патувал секаде, па работел 5 работи и не знам што. Еднаш се видовме на кафе, буквално не видов поента на муабетите, никаква длабочина, поврзаност не осетив и пак си се фалеше. За мене само рече дека сме биле погодени, ќе ме сакал, почитувал секогаш, немало ништо да ми фали. Па како можело него да го одбијам после такви предлози, што сме сакале ние девојките денеска, некој што нѐ малтретира, ме напаѓа дури. Тој бил добар, вреден, чесен, ништо не му фалело. И џабе ќе му објаснувам кога во неговата глава со него е сѐ во ред. Истиот патерн на размислување го имаат многу машки, се фокусираат на она што тие сакаат и тие го нудат, не мислејќи како другата страна се осеќа и што сака. Само кажувам како изгледа од женска перспектива, и не велам дека си ист како овој, но отприлика патернот е тој. Сега пред некое време пак ми пиша да ме излезеле, и кога одбив ми вика не јадам луѓе што се плашиш од мене. Кога одбивност ни ствара и ваков со куќи големи, коли, што работи 5 работи, не ќе да е до тоа дека девојките сакаат џаболебар што не мрда од дома, туку до друго е проблемот. Не е ни дека сум јас совршена, сум била одбивана повеќе отколку што сум одбивала. Некогаш едноставно не бива бидејќи нема хемија, некогаш е еднострано, но некогаш треба работење на одредени маани што ги одбиваат луѓето, да си свесен за тоа.
Едно е да бил фалбаџија и себичен во дијалогот и да кажеме прост (човек што се фали и однесува така знај дека ништо нема постигнато и се му е дадено на тацна, ако стварно се измачил и го видел господ у пижами за да стигне до такво ниво верувам дека нема да спомне за тоа) а и верувам дека после него си заглавила со некој кој не е способен патиките да си ги врзе. Ај првиот остај го али како ве привлекуваат такви дечки, си замислувам искачаш со него на кафе и ти кажува дека е на 35 години нема работено ни 1 ден, незнае да смени сјалица ниту има намера да го смени начинот на живот и тебе лиги да почнат да ти течат по него е тоа ми е доста конфузно
Епа нема такви правила како што ти очекуваш во социјалните врски. 1 и 1 не даваат 2 зашто други работи се битни како хемијата и меѓусебната привлечност на прво место. Немаме баш таква рационална контрола врз тоа кој не привлекува. Колку се повеќе слични двајца луѓе толку повеќе се привлекуваат меѓусебно.
Ич не сум фан на реториката дека "еби упорен". Пошто е директно поврзано со целото сексуално вознемирување кое го имаме како жени.
Јас имам таков познаник што не можеше со години да фати женска (не е многу убав), ама беше упорен и ги замараше во чет женските и на крај му успеа со една. Се фати, живееја среќно и заедно 1 година и пукна тиквата.
Ова е реторика поддржва она шо сите искусваме. Велиш "не" ама тој уште пробва и моли за шанса. Па то си "курва" шо ќе "заглави со некој никаков место со некој како мене". Блокираш и прај нов профил да ти пиши. Успева да ти најди број и дур шеташ безгрижно низ град ти стига смс дека фармерките убо ти оцртвале газо (oddly specific оти ми се случило). Велиш "не" ама се откажва само ко ќе види дека имаш дечко оти маж поќе поштова него твоето "не". Ко ќе не можи поќе да те добие оди по другарки и досадва за информации за тебе. Листава можам до недоглед да ја терам. И се почнува од "еби упорен" и некој прост ќе го врзи в крпче и ќе биди упорен по цена на мирот и безбедноста на девојчиња и жени. Not all men my ass.
Ова шо го зборувате дека сите се такви, а при тоа сте во врска или во брак, тоа не е навреда за вашите момчиња?
@Kokos11 после се што наведе, остана уште да пишеш дека си лепотан, а девојкиве уште бегаат од тебе....
Јас мислам дека психички му е проблемот. Мислам дека чувствува страв од девојката да не го изневери, дали ќе биде добра и тн. Сите барем еднаш во животот сме го имале тој страв или ќе го имаме (за тие што немале до сега партнер). Но се се пребродува. Јас на првата женска сум се тресел од страв (претежно од непознато), шро како ќе излезе, дали ќе сум добар или не, дали ме сака и тн. ама имав ок врска и се разделив на добар начин.
Значи муабетов... или ПРЕфокусиран колку е "успешен", или не го сакаш затоа што "не му оди". А одговорот е толку едноставен... досадни сте им на девојките. Досадни ми се мене кога одам на дејт и ме замараат колку "ќе се грижат за мене", а истовремено сами за себе не се грижат, освен што се вработени. Баш еве, секоја чест, одиш на работа! Плата имаш! Солза радосница ми виси на трепки што таков мажјак се понудил... Со оглед дека и девојките работат (вау!) плус скроз сами за себе сме способни да се грижиме и не сме во потрага по татковци, овие глупи муабети (некој да се грижи за тебе) плс не ги правете, нема да имате "среќа". Сакаме партнери, а не некој да мисли дека има моќ да одлучи за мене како ќе изгледа мојот живот. Ама, сè додека не гледате каде е проблемот, сите ќе бидеме сингл. Само што колку повеќе сум сингл и колку повеќе сингл жени и мажи запознавам, толку повеќе гледам дека ние сме далеку подобро со сингл животот отколку мажите.
Така е, таа упорноста треба да биде откако ќе се освои жената, упорност да изградиш убава врска, а не додека го поминам левелот како гејмерите после остави. Упорност, да, ама каде и кога треба, не за борба со ветерници. Ако си маж којшто остава жена оти се разболела од некоја тешка болест или маж којшто ја запоставува жената леунка и бега од дома, џабе упорност додека ја освоиш. Машкоста у домот што го градиш треба да ја покажеш. Пред некој ден гледам некоја инфлуенсерка со стомаче во бикини се сликала и голем дел ако не сите машки у коментари смајлиња што повраќаат не знам што (а баш пристојно она океј изгледаше). Камо татковците материјалот на камен да го оставиле него што ги направиле такви недоквакани. И голема шанса да е трол, ама женски форум, ќе налета некое наивно ќе чита, па вака со болд едно предупредување. 1) Никако не се залетувајте по пасивни дечковци што не сакаат да работат и печалат. Пазете, велам не сакаат, не мислам на оние што бараат и не наоѓаат работа. 2) Никако не наседнувајте на „ќе доправаме спрат од куќа“ 3) Никако не наседнувајте на мажи што бараат заеми додека се во врска.