Социјалните мрежи исто така имаат доста влијание врз девојките, секоја дрвојка има по неколу стотина пораки дневно и да кажеме ди искочила со некој што ти се допаѓа во секој аспект, првото нешто што ќе си помислиш е тоа дека штом ваков човек имам на дофат сигурно ќе се најде и подобар од него. Но не е секогаш така, сум го искусил и тоа, се гледам со девојка неколку пати има хемија има добра енергија се е добро и вика дека сакала да проживее и да размисли во врска со мене, се разбира дека ме става на план Б додека да најде подобар, поминуваат неколку месеци и ме бара да се видиме, е тука веќе ме губиш и одбивам да се видам со неа се разбира. Тоа е доста распространето и секоја од вас го има направено сигурно.
Јас порано си фатив девојка која на секои 5 минути и кенкаше месинџерот и виберот. Имавме врска со отворени карти. И допуштав да оди на кафиња, да си искочи во кафана/диско, а исто и таа на мене. Никогаш не ме изневерила, бар како што знам јас, а беше отворена со мене по тоа прашање. Дури и на машки стриптиз ја пуштив да оди во Универзална сала со другарките. Се разделивме бидејќи доби виза на лотарија и замина со целото семејство во Америка. Јас не сакав и мирно си се разделивме. Сакам да ти кажам да поработиш на (само)довербата. Таква што нема да и пишуваат и нема да има пораки, нема да најдеш. Денес се оди преку социјални мрежи. Бај ф веј, што си во хороскоп? Имав ваков другар во средно што не сакаше на девојка му да и пишуваат на месинџер, па си правам компарација дали сте исти. А и во многу други работи сте слични.
Хаххаа дојде момент каде што ние машките треба да простуваме изневера за да не бидеме сами цел живот, другар нема како девојкати да не те варала, незнам колку си запознат со тоа дека жените имаат доста поголема сексуална желба од мажите.
Сакаш да кажеш дека на ниедна девојка не можеш да и веруваш и дека секоја би те изневерувала? Ако жената има поголема сексуална желба, тогаш си има дечко/маж кој ќе и ги задоволи потребите.
Не зборам дека не се верува на никоја, туку она ти кажала дека сака да се гледа со други, што мислиш дека само сакала да се запознава со разни луѓе без да има никаков резултат
Знаеш ли со колку луѓе се запознав јас додека бев во врска и дека со тие луѓе сеуште имам контакт и ден-денес и сеуште имам корист од нив. Колку повеќе контакти со луѓе, толку подобар човек стануваш. Не мора да значи дека ако искочи со другар, дека ќе легне со него. Многу лоша перцепција имаш. Ти си мислиш дека ако имаш девојка, и таа девојка утре сака да излезе со некој другар на кафе, одма ќе те изневери. Не мора да значи дека ќе ниде така како што си мислиш. Утре и да фатиш девојка, не можеш да ја држиш под режим, да не може да комуницира на социјални мрежи, да не може да излезе на кафе, да патува со другарки и тн. Еве прашај ги тука женските дали би сакале да влезат во таква врска.
Не верувам дека постои другарство помеѓу маж и жена ако се нема сексуален интерес, јас сум имал другарки кој што сум сакал да спијам со нив и ништо повеќе, истото е. Ако си жена и имаш другар прашај го дали сака да спие со тебе и ќе ја видиш реалноста. Зошто жена како другар без горенаведеното не ти врши никаква услуга ниту пак некогаш ќе ти помогне со нешто, еднашка се обратив другарка за ситна услуга, да ми испринта нешто зошто беше во близина и не сакаше тоа да го направи, па сватив дека нема никаква логика да имам другарки. И од тогаш избегнувам такви работи.
Аууу, за такви другари значи се подразбирало, friends with benefits Греота за сите вас кои само очекувате услуга од некого да ви напраи, за да ви бил другар/другарка..
Еве јас имам другарки и не сакам да имам сексуални односи со нив. Просто не ме привлекуваат они за такви работи, туку само како другарки. И сега што? Марсовец ли сум?
А извини вака ти би сакал да ги е*еш сите што ги запознаваш или? Јас сум 100 посто сигурна дека тролаш на форумов али ајт нема везе.
Јас мислам дека се зачленил тука за да фаќа женски, па сега со ,,мудри мисли" сака да ги натера да му пишат во порака. И јас веќе помислувсм дека се заебава овој со нас тука. Пробав со искрени совети, ама гледам не иде, а тоа значи дека стварно е трол.
Па не, моментално имам повеќе requests на Инстаграм, отколку што имам прифатено луѓе воопшто - бидејќи прифаќам луѓе кои точно знам кои се, не прифаќам непознати. А пази, јакичко е што не ни имам профилна слика од себе, па ваљда претпоставуваат дека сум убава, не знам Инаку мене ми се случило тој да мисли дека има хемија, а јас апсолутно да не мислам и тоа што сум културна со него да го толкува како флерт или отворена врата да напиња повеќе. Евентуално на крај скроз игнорирам бидејќи разум не е нешто што секој го има, очигледно. И не е затоа што мислам дека ќе најдам "подобар" (што и да значи тоа), туку со конкретниот има некој вајб кој не ми е океј, а доволно години имам да знам дека "ситниците" на крај стануваат големи проблеми. А да воспитувам возрасни мажи, немам намера, искрено. Животот е комплициран as is, нема потреба. Сум била и ја одбивана (најтапа одбивање е гоустнување, ама веќе сфатив дека мали муденца се дел од карактер, па поедноставно е да "исчезнеш" отколку отворено да кажеш дека не си заинтересиран), само што ич не си ставам на срце, не можам да бидам сечија cup of tea, како што не може секој да биде моја. Тоа е тој муабет што ни ти, ни Кокошов ни куп други мажи не сфаќате. Врската со вас е помалку вредна од личната слобода и интегритет, па првиот момент кога ќе "ни дозволите" нешто, автоматски сте тапа за озбилно некоја да ве гледа. Не можеш на возрасна жена да и' браниш или дозволуваш, не сме ви малолетни ќерки. Не треба "да се грижите" за нас како што сте си се договориле сами со себе, туку да нè слушнете што зборуваме и што ни е потребно. Мислам еден дотаму отиде да ми објасни дека ЈАС грешам што не ми се свиѓа тој. Мејк ит мејк сенс.
Све ок, ама хуморот твој не ми е смешен... барем на форумов... ама на некоја сигурно си и' уренебесен!