Јасно е што е работава, по се ова што прочитав и од други во форумов разбрав дека не ви е битно дали може да се доверите на човек, дали ако стане нешто утре ќе може да му препуштите да решава проблеми. дали ќе имате квалитетен живот и ќе може да си помагате меѓусебно. А најбитно е да имате добар муабет. И после гледаш статистика на разводи 96% кое до пред 5 години не било ни приближно. И најчесто се поради финансиски проблеми, и пак трчате по такви и пак ги величите тие што треба да се освестат и да се разбудат. Не викам дека сега треба да бидете голд дигери и јас ако би бил од другата страна би барал нешто на кое ќе можам да се доверам и да сум сигурен дека нема да умрам од глад. Нај интересното е што повеќе нема никаква толеранција (освен ако е паразит) од страна на девојките, гледам раскинуваат/разведуваат за најмали ситници (сонувала дека ја вара и се разведува) зошто секако знае дека има 2000 души што чекаат на ред и сите и се исти. Не се зима никакво рационално решение. И сама признаваш дека си се заљубила во човек со "мали муденца" како се залубуваш во некој таков смешно е а и не си единствена. Дојде момент каде што ако како маж си паразит, лигав, страшлив, глупав и себичен се смета за нешто многу добро. И после плачете сите мажи биле вакви сите ова сите она. А тој што вреди не му се обрнува внимание.
Така е, само продолжи да мислиш дека знаеш за жените повеќе него тие сами што знаат за себе, сигурно ќе ти успее! Не умираме од глад ни без вас, стварно не може selling point да ти е платата, пошто и ние работиме де, не нè наоѓате на улица бездомни. За разводи - цела тема имаш, иди па прочитај што викаат жениве, или не - не знаат они зошто се разведуваат, ТИ знаеш. Тоа што ни овде не разбираш, ни во реален живот не разбираш - затоа не сакаат со тебе, ете ти одговор. Мислиш дека си "повреден" од некој друг и не те интересира што мислат девојките, веќе одиш на дејт со оформено мислење каков си ти, а какви се тие. Не слушаш, не те интересира. И зошто некоја би се замарала да се објаснува? П.С. Не сум се заљубила во маж со мали муденца, туку многу мажи имаат проблем да ти кажат дека не им се свиѓаш и гоустнуваат оти така им е полесно.
Причината ради која на огромен процент жени критериумот за добар маж им е да има пари само покажува колку машката популација изминативе две децении има потфрлено во степенот на емоционална интелигенција. Што не е ни чудо, оглед колку бледи копии се едни на други во секоја ебана смисла. Од билдање во теретана, добри коли/бизниси, правење пари, до покажување обрасци на незрелост (нарцисоидност). Карактеристики со кои грото мажи се китат денес, без свест дека тоа е причина ради која сѐ поодалечени од баланс со женската природа, а со тоа и сопствениот биос. Така наместо да се понуди на партнерката јачина, стабилност, интелект, здрава самоувереност, како и простор да може јасно да ги експресира своите емоции, се става фокус на оние горе набројани карактеристики кои се тотално непривлечни и само знак прашање колку ќе траат на долги стази. Како можеше да ни се случи олку лошо генерациско воспитување на машки деца, еве не знам? Како може да не сфаќаат и самите тие дека клучот е секогаш во стварање заедничка иднина, преку однос кој ќе почива на взаемно разбирање, без потреси, креирање топол дом, убава атмосфера, грижа кон партнерката и идните деца? Како може ова што го набројав погоре да не е ,,идеален" тип на маж и да е толку тешко за разбирање?
Не се ни обидувам да бидам смешен. Гледаш дека му помагав на дечкото со совети, а ти и мене ме нападна. Очигледно сум ти трн во око, а не знам зошто. Дури и првпат те гледам тебе.
Леле, се извинувам најмногу. Згрешив. Сега видов дека не си ме цитирала мене, а не знам кој, бидејќи сигурно ако си цитирала некој, тој или таа ми е на игнор.
Старк го игнорираш? Сам се издаде сеа. Заебано е вака, недоразбирања после ете ти Ја неам срце никој да игнорирам па и душманот нека е. А темава не контам за кое такво служи.. Ми нема ич конструктивност, али ај, мое мислење.
Да, изгледа него, бидејќи не го гледам овде на форумот. Заебано е да. И јас немам срце, ама он одамна бил игнориран. А некои па за да не ми шират негативна енергија, сум ги игнорирал.
Има ли начин да го оцениш типот дали е способен на сево ова што си го набројала, а да не си во брак со него?!
Секако дека има. Почнува со "малите нешта" и гледаш како се однесува со тебе, со другите луѓе, со светот воопшто. Евентуално поминувате доволно време заедно/живеете заедно па добиваш уште подобра слика. Некои едноставно од старт немаат што да "понудат" и цел карактер и сфаќање за себе и својата вредност (или безвредност) им се базира на работата/платата. А тоа е толку плитко, површинско... реално, не дека сите жени се длабокоумни, на некои токму ова ќе им одговара. Проблемот е што "овие мажи" не се заинтересирани за "тие жени". Парадоксално, додека мислат дека најдобар адут им е материјалното, не сакаат жени на кои тоа им значи најмногу. И нормално, искачаат на дејт со жена која е апсолутно неимпресионирана од "квалитетов"... и така.
Тотално ти е грешна оваа претстава, каде имаш видено толкав број на жени да сакаат мажи со пари, јас искрено во мој 27 години во македонија не сум видел или слушнал такво нешто (освен ескорти кој дремат сами на шанк и чекаат клиенти но тоа им е професија и се исклучени од ова), а обратно е се сакаат тие што немаат пари, што се насилници и неспособни затоа и ја започнав темава. Еве жив пример, во саботава буквално спасив живот на една девојка која беше физички и крвнички нападната од дечко и. И пази наместо да се заблагодари дека сум го удрил и сум го спречил да не ја убие она почна да ме пцуе, додека цела фаца и крвареше и кога полицијата го приведе се утепа од плачење колку многу го сакала и да не му направеле ништо зошто не бил виновен и не и било ништо. Имаше сведоци и беа распрашани сите потврдија за целата таа случка. Па сега некоја ќе ми каже не е така, ние сакаме да бидеме со некој што ќе не чува почитува и прави среќни е не е тоа сакате насилници што ќе ве млатат секојдневно.
Еве 9 страни пишиш, и поќето знајме дека не губат интерес ради работата твоја. Требало само доволно долго да пишиш за да почниш да се "лизгаш". Ти реков уште пред 8 страни, ќе ти речам пак. Интроспекција ти фали и малку критички да се насочиш кон себе. И не мораш де. Ако не го напрајш то само поќе ќе се огорчиш кон сите потенцијални партнерки и ќе се саботираш самиот. Твој е изборот, the fuck I care.
Ретко кој/а, ќе те сфати шО саакаше да кажеш, и многу е нападно. Делумно си во право, има исклучоци сепак, како и секаде.
Леле па како си наоѓаат изговори и олеснувања оти се насилни, абе мрш. Брат абе шо ако ја тепам, гледаш жените такви мажи сакаат, шонетие јасно.
Ladies and gentlemen, Фемина форум во 2025 година. Не сакале жените nice guys како овие, требало да ги тепаат за да ги сакале. Браво, секоја чест како гледате на жените жртви на насилство. А само вчера беше 8ми март. Никако, ама никако барем на момент да се свртите кон себе и да се прашате што е она во кое грешите, секогаш скокате да се браните меѓу себе без разлика. Епа затоа ќе сте сами, вие продолжете само да сте делулу дека не ве сакаат оти сте богови на совршенството, а жените денес сакаат само глупи насилници и џаболебари.