Еве почна школската година. Некој сака некој несака да иде во школо,Секогаш имало јаки и слаби ученици. Моето учениче е послабо. Многу памти али несака да пишува, Се надевам дека ке се подобри на тоа поле. Многу е нервозно тоа ама тоа е тоа, Постојано му викам дека мора да вежба за да биде добар ученик. Какво е вашето учениче
Со кого треба детето да вежба и пишува домашни Иако се уште немам ученик си дозволувам да коментирам на темава бидејќи пред 3-4 години држев часови по дома. Имав 3 ученика слатки мали али мрзливи , и бидејќи нивните родители беа веќе на работ на нервите јас им го посветував целото внимание. Децата беа 1 одд, не сакаа да пишуваа, како и секое друго дете домашната беше тежок проблем. Значи едно дете мора да се мотивира, но никако да се оценува . Посвети му внимание ако треба и 3 часа нека пишува домашно ти седи до него и бодри го ајде мама уште малку напиши ја задачата па ќе одиме на прошетка, НИКАКО ајде напиши ја задачата, ако не ја напишеш нема да одиш никаде или нема да добиеш пари. Или најдобро решение викни некое негово другарче нека пишуваат заедно, и така домашната нема да му претставува толку голем проблем. Треба уште од старт да се создаде навика за учење бидејќи детето ако не ја создаде од старт потоа многу тешко ќе го навикнеш на тоа.
Со кого треба детето да вежба и пишува домашни Прво мислам дека детето од најмала возраст треба да биде свесно за тоа колку е важно да учи и да се образува и што би било доколку не го направи тоа. Треба на тој начин да му се всади љубов и елан кон стекнувањето нови знаења и вештини. Понатаму сметам дека треба да се направи соодветен дневен распоред на активностите на детето. Кога се станува од спиење, кога се јаде,кога се учи,кога се игра. И да не се отстапува од него. Ако детето нема ред на живеење нема да може ниту да учи ниту да биде мирно и сталожено. Со домашните и активностите за во училиште треба да се справува само или со минимална помош од некој од родителите. Некој ќе си рече ако е прво ,второ одделение може и полабаво со учењето,ама навиките се стекнуваат и трудот треба да е ист и за 10 и на 20 години.
Е СУПЕР ТЕМА-СУПЕР УЧеничка е керка ми,денес го докупивме материјалот за на училиште,си купивме се ново за трето одделение-нов барби ранец,барби прибор,барби лепенки за тетратки,барби тетратки,корици за книги.....абе се и земав буквално што побара-сега за сег е супер,многу сака да учи...
каково ќе е , ќе зависи од работната навика која МОРА да ја створи, а родителот да му помогни во тоа. со самата работна навика, т.е учење ќе доаѓаат и позитивните резултати... секој ученик со труд може по сите предмети да биде одличен
Здраво прочитав и видов дека си наставник така ли е? Дали можеш да ми кажеш по што предмет си. Моето дете е 3 одделение и по математика е слаб. Размислував и решив дека ке му треба приватни часови за да постигне.
inimini не сум наставник, само држев приватни часови. Инаку моментално сум вработена па и немам време за да се занимавам со тоа. се надевам дека ќе најдеш добар наставник за твоето дете.пОздрав
Не ми личи да коментирам , ама не се согласувам баш со ова. Во прво многу ја мразев домашната и кога мајка ми со добро ми викаше јас ја чувствував слабата страна и уште повеќе отежнував се додека не ми рече кога ќе напишеш - тогаш ќе излезиш да си играш. Со солзи во очите пишував затоа што сакав да си играм, ама па ден по ден се согласив со тоа и ми стана навика. Но имав проблем со ракописот, за побрзо да напишам, нашкртнував набрзина, па мама ми ги бришеше зборчињата за поубаво да ги напишам. Кога почнаа пофалбите од учителката тогаш сватив дека е добро да учиш и добив мотивација. Бидејќи ми стана навика, и до сега јас учењето го сваќам како задолжително ( може не ми се учи ), ама не се помирувам, не сум задоволна од себеси ако не наредам одличен успех и немам намера да го сменам размислувањето.
Имам две деца..со ќерка ми кога како може да се најде некој договор за учење..ама син ми е очаен..од петни жили се трудам со него..мрзлив е и без никаков осет..косата ми се крева од новава учебна година..уморна сум од се..
Си го имаме истиот проблем, кога ке дојде време за учење коса ми се крева кога ке помислам само што ме чека. Со сите пофалби и така речено уценување на еден начин помислувам дека ке биде добро. Сега веќе неможам ништо друго освен да земам наставник. Па ке видиме ке ви кажам како иде целата работа.
Ќерка ми е второ одделение. Дома ретко има домашни бидејчи оди во целодневна, ама кога ги има, не прави ништо друго додека не ги заврши. Немам воопшто проблеми, јас и така ја седнувам да вежба да пишува и да чита, и главно не пружа отпор. Малку пружаше откако татко и еднаш многу безврска изреагира, ама тоа беше извесно време, и беше реакција на погрешен пристап. Во прво одделение и не се учи многу, ама не очекувам проблеми со неа воопшто, затоа што многу сака книги, сама научи да чита и одговорна е. До пубертет немам гајле, а за после ќе правиме муабет
Сеуште немам свои деца но ќе си дозволам да искоментирам нешто во врска со мојата внука бидејќи скоро секогаш заедно ги пишуваме домашните задачи, заедно учиме и ги извршуваме другите школските обврски! Уживам да и помагам во извршувањето на обврските и многу сум среќна што засега покажува одлични резултати! Наставничката вели дека доста брзо напредува, дека покажува интерес и е доста амбициозна, па од зборовите на учителката и од она што ја го гледам кај внука ми би рекла дека е добар ученик (засега) Она што јас го правам со внука ми и сметам дека е најважо за едно дете е да биде добро расределено времето, односно да се има време и за учење, и за прошетка, и за игри на компјутерот, игри со другарчињата од маало и сл! По мое мислење многу е грешка ако го терате детето да пишува домашна задача дури 3 часа (возрасен не би издржам 3 часа под притисок а уште помалку дете), не сум сигурна дека е правилно и да го терате да пишува веднаш штом се врати од училиште (тогаш подобро бу му дошло релаксирачка активност отколку повторно пишување и учење) Мислам дека е најдобро да се учи наутро (кога детето е одморено и умот најбрзо му сфаќа),наученото градиво да се повторува навечер со цел да се утврди што заборавило детето и истото подобро да се поднаучи, на секој пола час да се прави пауза од учењето, да се наградува тогаш кога ќе изврши некоја за него потешка задача, да добива често пофални зборови (особено во помала школска возраст деца повеќе се мотивираат со пофалби отколку со казни), наставниот материјал да му биде внесен и во самата игра (пример кога седи на компјутерот да пишува букви, бројки, геометриски фигури, реченици (ем учи,ем се забавува) , да не се менува просторијата и местото на кое учи детето бидејќи секоја промена предизвикува потешко концентрирање кај детето (поинтересно ќе му биде се ново околу него отколку домашната задача)... Како и да е, факт е дека усехот на детето во училиштето бара многу упорност и работа со него, но секој родител е должен да најде време кое ќе го посвети на своето дете и ќе поработи со него!
Немам дете, но имам помал брат. Јас му помагам околу домашното. Работите многу ги разбира ама воопшто неќи да учи, а уште помалку да чита. Многу пати лани си има идено САМ од училиште, и` велел на наставничката дека ние не требало да го земаме и на сред час и` велел дека го боли забот па дома за да го фатам во лага му давав витамин це ... Дома пред да тргни на училиште ќе му речиме „Де прочитај уште еднаш текстот поубо да знајш“ и тој вика „Зошто да го читам кога на дополнителна ќе го читам.“ -,- Математика му оди перфектно (за разлика од мене на негова возраст па и потака).
Неверојатно е колку се менуваат децата од година до година. Ќерка ми сакаше да учи во прво и второ, па во трето не можев да ја седнам над книга, за сега во четврто да немам толку проблеми. Којзнае што е следно Од синот не очекував многу, ако нешто не сака да прави - не го прави, па мислев дека тешко ќе седнува да работи. Сега е второ, рано е да се каже, сега почнуваат со буквите, ама седнува и пишува, без никаков проблем.
Мамички ве молам за совет. Петто одделение сме и до сега училиштето ни одеше супер. Во петто одделение попуштивме со учење, многу тешко ни оди. Не знам што се случи со детево како да изгуби интерес отиде од крајност во крајност. Немаме концентрација, многу сме бавни. Знам дека е тешко, материјалот е поинаков...пишете ми дали имате проблем со учењето и како задржувате внимание?
Здраво @Vselenska Кај мене беше слична ситуацијата, децава се навистина преоптоварени со школото. Потребно е многу трпение и да се создаде навика домашните да се завршуваат први односно по враќање од школо. Ние исто бевме одлични и потоа никако не можевме да седнеме да учиме, се натегавме, се молевме, па ептен бавно одеше учењето и среќа помина таа фаза. Почнавме со разговор дека колку побрзо се заврши домашната толку повеќе ќе има време за игра. Па потоа постепено почнавме побрзо да ги завршуваме домашните и добивме желба за учење. Се врати и концентрацијата. Во тој период почнавме да внесуваме многу овошје и зеленчук и пријателка ми препорача да се внесува рибино масло, односно омега 3 има голема улога за подобрување на меморијата. Си земаме Витоси – пастили со омега 3 и витамин д3 со вкус на портокал и секој ден си пиеме. Само трпение и ќе помине и таа фаза.
за деца од 3 до 10 години, но може и поголеми деца како и возрасни. И јас земам од нив Витоси ги имаш во Виола 480 денари и во другите аптеки можеш да ги најдеш. Во Зегин не знам зошто ги нема.
Си земавме Витоси. Истражував повеќе и за рибиното масло податоците се: Омега-масните киселини од рибиното масло помагаат за нормално функционирање на мозокот. Со оглед на тоа дека рибиното масло помага во развојот на мозокот, тоа исто така, може да помогне на дечињата кои се соочуваат со проблеми/ пречки во учењето.Утврдено е дека децата со послаба меморија може да имаат полза од земањето рибино масло како додаток во исхраната. Слабеењето на краткотрајната меморија ја смалува способноста на детето да помни важни информации и случувања. Ова, исто така, може да влијае на нивната способност за учење нови нешта. Истражувањата покажуваат дека исхраната која вклучува рибино масло може да ја подобри, односно зголеми функцијата на меморијата кај децата. Рибиното масло поволно влијае и на видот, ги ублажува симптомите на бронхитис, бронхијална астма и разни кожни заболувања.