Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каков ученик е вашето дете?

Дискусија во 'Дете' започната од inimini, 3 септември 2011.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.077
    Пол:
    Женски
    Малиот е добар. Понекогаш го фаќа мрза. Големиот не сака да учи. Борба водиме со него. Цело време вика - Што ќе ми е школо. Мене школо не ме интересира.
     
  2. gtramg

    gtramg Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2024
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    Се разбира дека е одличен ученик.
     
  3. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    3.965
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ова што ќе го пишам е најсоодветно тука за да не отварам друга тема.
    Се почесто гледам од колешки и други мајки на социјални медиуми како бараат помош за да учи некој со неговото дете . Се бараат и прераскажувани лектири итн.
    Јас помош од мојата мајка сум имала само за математика и да научам да читам и пишувам.
    Лектири сама сум читала сите останати предмети исто сама сум ги учела.
    Сега гледам колешка вика леле кога ќе дојдам дома треба да земам да ја научам лекцијата јас и да му ја прераскажам на Петар.
    Искрено се зачудив зошто мајка ми не седнувала со мене да учи туку се сама сум правела што е логично. Не гледам поента мајка ми да учи и да ми прераскажува.
    Па ме интересира и вие ли вака правите учите па им прераскажувате и плаќате часови за детето по природа, општество итн?
     
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.148
    Пол:
    Женски
    Мојата е уште мала ама моите апсолутно никогаш ми немаат помогнато ако не сум побарала помош. У смисла, да седне да ми ја прераскаже лектирата оти јас не сум можела? Како па да не. Ако сум отишла со пасус да кажам "Не знам што сака да каже авторот, објасни ми" тогаш да. А да учам и пишувам сум научила од брат ми и после со него вежбав

    Ова не ми е логично, зашо јас да и ја прераскажувам? Едно е да помогнеш на своето дете, друго е да му завршиш 99% од школските активности.
     
    На IvvaNeo, Spidy и doll.a им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.077
    Пол:
    Женски
    Моите сами учат. Да им читам лектира и да им ја прераскажувам, нема шанси. Другарка така прави. Наместо детето, она ја чита лектирата. Јас тоа не можам да го разберам. Ми вика Не сакам да се мачи. :x
     
    На IvvaNeo и doll.a им се допаѓа ова.
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.358
    Допаѓања:
    13.334
    Пол:
    Женски
    Кога ќе го избркаат од работа зошто не научил дека треба да се помачи, ќе биде изненадена.
    Зашто бе со сила ги прават децата неспособни?
     
    На JoyJoy, strelec231992, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.077
    Пол:
    Женски
    И јас не знам зошто е тоа така. На мене и на сестра ми никој не ни помагаше за лектири. Ние ги читавме и прераскажувавме. Исто и за проекти.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    410
    Пол:
    Женски
    Како бе лекција да учи мајката ;( Јас немам сеуште деца, моите никогаш не седнале со мене да учат освен во прво оделени за основите, потоа кога бев второ се роди сестра ми и толку јас веќе бев самостојна ученичка :D се сеќавам дека мајка ми доаѓаше кај наставничката да праша дали сум се променила дека почнав самостојно да учам и од тогаш дома кај мене ги знаеа само оцените по сите предмети, а тоа до која лекција сме или која лектира ја читаме не ги интересираше.
     
    На doll.a, Mrs. right, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.148
    Пол:
    Женски
    После на час мама ќе одговара де..
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    410
    Пол:
    Женски
    А детето за тоа време што прави? Хаха баш ме интересира таа слика кај што мајката учи, а детето дреми на тик ток
    Жално :sweat:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    3.365
    Пол:
    Женски
    Повеќе трагично отколку жално. После ќе имаме генерации кои не знаат да читаат течно и самостојно пишуваат. Ви се верува дека во шесто одд има ученици кои не знаат ракописно да пишуваат? И мене не ми се веруваше, додека не видов со свои очи...
     
    Последна измена: 3 октомври 2024
    На JoyJoy, doll.a, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.077
    Пол:
    Женски
    Детето игра игри на телефон или на таблет. И после се чудиме зошто од година во година имаме се повеќе неписмени генерации.
     
    На JoyJoy и IvvaNeo им се допаѓа ова.
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.252
    Допаѓања:
    12.974
    Пол:
    Женски
    И после децата не биле дебили.. Ах бе родители кои мислат на доброто на своето чедо и вака го заштитуваат, да не се мачи во животот.:l:

    Едно е да му помогнеш, да му објасниш, да го испрашаш, провериш до каде е со материјалот, колку го има совладано. Друго е тоа да си дреме со телефонот и да си се занимава, а школските обврски мама ќе му ги завршува.

    Али лесно е сеа и ChatGPT ќе му слугува, и после биле неспособни, ма добро и
    газот како знаат да си го избришат. Ужас.

    Мајките после горди, децата колку им се напредни wow.
     
    Последна измена: 3 октомври 2024
    На JoyJoy, LiquidLuna, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.077
    Пол:
    Женски
    Истите тие родители на крај на година ќе одат да молат професори за поголема оценка. Или кеш во рака и чао пријатно. И нормално дека нивното дете е најдобро.
     
    На JoyJoy, sino.o.oka, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.252
    Допаѓања:
    12.974
    Пол:
    Женски
    И поклони обавезно :inlove: да се натпреваруваат кој поскап ќе даде. :makeup:

    Уште од мали ги учат да се улизуваат, срамота. После да не е чудно што луѓето се никакви.
     
    На JoyJoy и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.233
    Допаѓања:
    11.497
    Пол:
    Женски
    Леле се изнасмеав. :D Бар е искрен..
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.592
    Допаѓања:
    39.617
    Пол:
    Женски
    Големата ми е второ одделение. Математика многу сака, по цел ден може да решава задачи. Сака и реченици да пишува. Е за читање е жив зор. И самата кажува дека мразе читање, ама мислам дека се должи на тоа што само што почнаа да читат и малце потешко ѝ оде, особено подолгите зборови, од мене бара да ѝ ги прочитам. Овој месец имаат лектира за обработување и ептен со мака ја чита. Јас не планирам да ѝ ја читам, а за раскажување може да ѝ помогнам, да ја потпрашувам за да ѝ текне. Никогаш немам домашно напишано место неа и нема да се случе тоа
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.077
    Пол:
    Женски
    Сега учи во друго школо и почна сериозно да го сфаќа учењето. Јас не го терам да биде одличен ученик. Ова и за брат му се однесува.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.927
    Пол:
    Женски
    Па подобро родителот да му помогне на детето ако има проблем со учењето отколку да го остави така. Дали повеќе сакате да не научат ништо отколку барем нешто да научат?
    Може дислексија има детето на колешката, што се замарате вие со тоа како учат по дома?
    Да, многу беше едноставно порано бидејќи никој не се замараше со ништо. Ние што учевме учевме, другите кој ги врти, никој не се вложил барем малку да ги насочи да учат. Тоа не е нешто за пример.
     
    На snegulkata, FriendOfDorothy и azelea им се допаѓа ова.
  20. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    3.965
    Пол:
    Женски
    Ја имам прашано дали има и диселексија и одговорот беше нема.
    Не можеш да кажеш дека во ред е родител да земе да учи лекција и да му ја прераскажува и така секој ден да тера.
    И јас сум за тоа да му се помогне ама да земам јас да учам за него не е во ред.
    Зарем родител треба да чита лектира?
     
    Последна измена: 4 октомври 2024
    На JoyJoy, strelec231992 и SummerGirl им се допаѓа ова.