Каков ученик е вашето дете?

Дискусија во 'Дете' започната од inimini, 3 септември 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.952
    Допаѓања:
    203.270
    Пол:
    Женски
    Едно две деца да имаат проблем, ок, ама цел клас да е со проблеми, не ќе да е до децата. Цел клас да не знае просто собирање и одземање, не е во ред. Проблемот е што рипаат од една на друга тематска целина и не си даваат време да го утврдат материјалот. Не може да се учи множење и делење (а тоа учат паралелно) ако не знаеш собирање и одземање ко оче наш.
    Дома го читаме материјалот со мм и се крстиме. Прво, книгите се за никаде, не е ништо објаснето ко што треба, а методите за предавање што да ги коментирам...
    Јас мислам дека џабе работат наставнициве по школиве (чест на исклучоци), ама не е само да го одседиш денот на работа.
    Никогаш не сум прераскажувала лектири, сами ги читаат, само ги прашувам дали ја разбрале книгата. Математика вежбање задолжително, македонски читање и пишување, другите предмети се повторува тоа што го учеле.
    Мене лично ми е нонсенс да не може дете со предавање во школо да го совлада материјалот, оти дома нема проблеми со учење, во школо има. Цели класови поим немаат, дури и деца што сакаат да учат.
    Па не' молат наставниците да работиме дома со децата. Ако треба тоа да го правиме, зошто постојат училиштата?

    Голем револт имам кон образовниот систем, кон тоа што е вработено и ќоро и сакато и кон тоа кој се' предава и воспитува деца. Страшно.
     
    На Mother of 2boys, anata, strelec231992 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.634
    Допаѓања:
    14.809
    Пол:
    Женски
    Мислиш на лекцијата да се научи, за математика или другите предмети?

    Пошто еве и јас коа сум учела лекциите коишто требало да се памтат, па да се прераскажат од час не сум памтела никако.
    Глупо е така што се исклучуваме и којзнае кај ни летал паметот и дома коа сум доаѓала, нели читаш и запамтуваш, ќе се сконцентрираш, додека во школо не ти иде баш. Па моиве ми викаа дека многу кампањски сум учела.

    За математика, хемија, физика особено да, треба наставник да објасни убаво на часот и нешто да ти фати кликерот. Сепак задачи се. Ама не се замараат, тоа у мое време воопшто не се замараа, ретко кој стварно да си ја работеше работата како што треба. Сега па верувам уште полошо е. :|

    Од секогаш они така збореле, родителите да работат со децата, со очекувања родителот да има познавање од секој предмет.
    Ај основното, она што треба секој да гo знае, али во погорните одделенија нели веќе се учат и посложени работи, и мораш да идеш на приватни часови ако сакаш подобра оценка. Учебниците исто хаос, ниту убаво објаснето за да може без проблем да сфатиш што сакал авторот да каже.
    Вака беше кај мене. Или наставник работи само со две три деца кои според него биле талентирани за тој предмет, другите кој ги врти, небитни се.

    Родителите секако треба да помогнат колку можат, но не и да треба да изиграваат наставници, и не да учат место децата, или пишување домашни, читање лектири.

    Образованието никад не било сјајно, ниту очекувам дека ќе биде и во иднина. Во место само се тапка.
     
    Последна измена: 4 октомври 2024
    На anata, JoyJoy, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.952
    Допаѓања:
    203.270
    Пол:
    Женски
    Дефиниции, правила, математички операции .. на тоа мислев, не на раскажување лекции. За да знаеш да решиш една задача, треба наставникот да ти ги објасни чекорите и методите.
    Мене ми беше проблем со големиот кога веќе има покомплицирана математика, да му објаснам метод на решавање на задача оти она јас што го учев и она што денес се предава не е исто, бар мене не ми е, и само го збунува детето. Ако требаше јас да го научам, не знам која е поентата на одење во училиште.
    Да не правам муабет за тоа што знаеме да заглавиме на работа, па дури се прибереме, децата се веќе уморни за учење, и да седнеме со нив да работиме, колку ќе биде ефективно, оти мозокот не ги перцепира исто информациите наутро и попладне. За викенд може, не е проблем, ама во работен ден е прилично потешко да се постигне.
     
    На Mother of 2boys и Mrs. right им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.282
    Допаѓања:
    67.904
    Пол:
    Женски
    Детево мое е читач, немам потреба да прераскажувам или објаснувам нешто. Ама, да запне негде би прочитале заедно, зошто да не, ако има проблеми помош секогаш има. И тука зборувам за помош, не јас да земам прочитам, раскажам, напишам. Јас и викам дека јас бев на школо, моето заврши (фала богу) сега си е нејзина обврска. За жал, математика доста слабо и оди, ама, би се сложила тука со Ана погоре дека е и до учителките. Цел клас се слаби математика, што е многу симптоматично да нема деца кои лесно го разбираат материјалот и им оди супер, туку сите некако се борат со предметот. Веројатно не знае како да им објасни да им биде сфатливо и полесно да може да ги скопчаат работите во главата. Па, математика вежба дома повеќе, со татко и се разбира, јас и ова сега што го учат не го знам. :D (знам, знам, не е за фалење.)
    Се трудам да ја научам дека треба да даде сѐ од себе, тоа е најбитно, трудот и учењето.
    Рано е уште за нешто друго да зборам, има голем пат пред нејзе со школово. Брррррр.
     
    На JoyJoy, Annath и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.123
    Допаѓања:
    131.659
    Пол:
    Женски
    Секое дете учи различно.
    Кај нас е проблем што не секој го сфаќа тоа.
    1. Visual Learners: They learn best through seeing. Diagrams, charts, videos, and written directions are helpful for them.
    2. Auditory Learners: They prefer listening. Lectures, discussions, and audio recordings work well for these learners.
    3. Reading/Writing Learners: They benefit from reading and writing. They prefer to read texts and take notes.
    4. Kinesthetic Learners: They learn through doing and moving. Hands-on activities, experiments, and role-playing are effective for them.
    5. Logical/Analytical Learners: They excel at reasoning and problem-solving. They enjoy working with numbers and logical sequences.
    6. Social/Linguistic Learners: They thrive in group settings. Discussions, group projects, and social interactions enhance their learning.
    7. Solitary Learners: They prefer to work alone. Self-study and independent projects suit them best.
    8. Nature Learners: They learn best when they can connect with nature. Outdoor activities and learning about the environment are beneficial for them.
     
    На JoyJoy, mariz, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.745
    Пол:
    Женски
    Проблемот е во несоздавањето навика за (навремено) завршување на обврските. Таман работа жена покрај чистење, готвење, перење, работење, на грб да носи утре-друг ден возрасна индивидуа.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    35.419
    Пол:
    Женски
    Јас пак баш мислам обратно од тебе. Истиот материјал го повторуваат одново и одново на различни начини. И во секое наредно одделение прво повторуваат од стариот материјал па одат понатаму. Барем овие што почнаа прво одделение по новата Концепција. Мислам дека и Кембриџот беше слично. Еве види ги математиките од прво одделение па барем до четврто истото се учи (иситте принципи само со се поголеми бројки).
    Еве и македонски сега во четврто пак повторуваат за самосгласки/согласки и делење на слогови. Од прво почнаа само сега зборовите се посложени.

    За методите на предавање не коментирам зашто има наставници кои се поподготвени да стимулираат деца и некои не се баш. Наставничката на моето дете (а и таа втората што беше до трето одделение) е максимално посветена. Нон-стоп нешто им измислува како активност, им печати наставни ливчиња да не се само на книга. Сега во моментов моделираат релјеф (ние дома мораше тесто да месиме) за полесно да сфатат. Учествуваат во проекти меѓународни и слично. Добиваме на Вибер и сличи и клипчиња од активности.

    Е сега и во вакво одделение има родители што не се задоволни зашто нивното дете не научило се на школо па морале дома да работат со детето. А има и такви што уште од сега им завршуваат работи. Нас ништо не може да ни се погоди.

    Јас лично сеуште морам да седнам со детето кога пишува домашна. Ова му е прва година да мора дома да пишува до лани завршуваа се на училиште. Затоа додека стекне навика сум тука уз него. Ама не му пишувам или читам јас туку го учам како да учи, како да повторува и слично.
     
    Последна измена: 7 октомври 2024
    На Mother of 2boys и M.B. им се допаѓа ова.
  8. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    5.116
    Пол:
    Женски
    Еден совет од поискусните како да не заглавиме во училишниот лавиринт на (не)знаење.
    Моево дете е второ одд. Детски книги му читав од кај 2.5 год до кај 4год секоја вечер. Тоа навистина вроди со плод. Има голем фонт на зборови, раскажува како голем човек, има преголем интерес за лего, цртање, цртани филмови (од кои научи англиски многу повеќе од што е потребно за 7.5 год дете).
    Лектирите седнува и одма ги чита, конкретно грдото пајче за распустов...
    Чита, пофален е за мн убав ракопис во училиште, но од др стр.е побавен во пишување.
    Проблемот е во математиката, не е дека не сфаќа, сфаќа но потешко. Не можам никако да го убедам дека математика се седнува и вежба. Ќе напишам или испринтам вежби пр. 5-6 задачи и ќе рече ќе решам до пола или мене ќе ме бара за помош, или нема да го знае одговорот. Конкретно сега учат да собираат и одземаат до 100, гледам тешко му оди, му објаснувам на пр.како е правилото да одземеш 78-19 не прифаќа со позајмување, правилото дека треба 18-9 да одземе прво...едноставно одбива го сфаќа како губење време. Упорно тврди дека он си има свој начин како да одзема, што за понатака нема да му "пали" ама не ме разбира.
    Јас мислам ако сега не го фати редот ќе заглави цело основно со математика.
    Како да постапам, да сум строга, да не сум, да забранувам раб.ако нејќе да вежба, немам баш памет.
    За другите предмети сум поприлично сигурна дека ќе се снајде, нејќам да ја утне работава со математиката.
    Сега ај имам време, за некој месец кога ќе ни дојде новото бебе дома, не знам како би се снашла.
     
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.396
    Допаѓања:
    119.673
    Пол:
    Женски
    И моето е второ одделение.
    Прво имавме проблем со читањето. Не знаеше да чита, ама и кажував дека колку повеќе чита толку полесно и побрзо ќе чита.
    И велев да чита инсистирав се некаде да ми прочита нешто секаде баш секаде, во продавници по билборди секаде.
    Се научи да чита и чита многу убаво сега.
    Ми рече: мама вистина беше во право дека колку повеќе читам толку побрзо и поубаво ќе читам. Велам ти кажав мамино, се се прави со вежбање и учење. За се мора вежбање и учење. За да научиш да читаш, за да научиш да сметаш, за да научиш да пишуваш за се мора да се учи и вежба. Никој не се родил да знае нешто. Па и спортистите не се родиле така, вежбале и учеле техники за да бидат добри спортисти.

    Покажи му со вашиот пример. Дека со читање научил убаво и брзо да чита, дека со пишување го усовршил ракописот да му е убав и поради тоа што се трудел учителката го пофалила. За истото да се случи со математика мора да вежба и дека ако сега не вежба по математика понатаму се потешко и потешко ќе му оди.
     
    На snegulkata и Lady*Bug им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    35.419
    Пол:
    Женски
    @Lady*Bug кажи го примерот со читањето за да го натераш да вежба.
    Второ не инсистирај да одзема како што ти знаеш. Ние учевме само еден метод. Сега за се учат по неколку методи и собирање и одземање и множење. Види во учебникот имаат неколку методи. Моето е сега четврто одделение и пак учат собирање и одземање (секоја година истите операции ама со поголеми броеви) и на родителската вчера наставничката ни кажа дека по ново им се покажуваат неколку методи и секое дете може да си одбере метод што најмногу му одговара. Додека учат еден метод сите по тој работат ама штом ќе ги поминат сите детето ќе си бира метод.
    Трето вежбајте на дигитален учебник ако имаат за второ (за четврто сигурно има ама годинава го воведоа на nastava.mk). Дигиталните учебници има даваат поени па како игра им е. Има и на Liveworksheets вежби и исто добиваат поени.
     
    На tambelina, Lady*Bug и fana им се допаѓа ова.
  11. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    5.116
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy деветолетката целодневна настава до кое одд се со по две учителки, и до кога може да се згрижени децава во целодневна, до кое одд?
     
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    35.419
    Пол:
    Женски
    До трето се со две учителки. До 5-то има дневен престој ама не во сите училишта. Знам дека Министерката сега најави каде што има можност да продолжи целодневна настава до 5-то ама не знам од кога ќе почне да се спроведува.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    5.116
    Пол:
    Женски
    После остануваат со една од тие две од трето до петто? А во целодневна кој би бил со нив кои наставници?
     
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    35.419
    Пол:
    Женски
    Остануваат со едната наставничка. Кас нас сите останаа со таа што прва стапи во контакт со нас во прво.за дневен престој имаат посебна наставничка. Ама тоа значи само едно одделение дневен престој. Мојот на пример не оди зашто ние сме со флексибилно работно време плус можеме да вклучиме баба/дедо ако треба.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.