Епа дека повеќе цветчињата ги немаме,за жал,имаме трофеи.Може некој/а да ми објасни како идат поред сите трофеии. И колку видови на членови има,бидејќи кај мене забележам истакнат член,а кај други поралично.Некој да ми објасни може? Исто така во оваа тема,како во предхотната „Цветчиња“,ќе може да се пофалите дали сте добиле трофеј и да му честитате некому за добиениот трофеј
Баш и јас за ова се чудев. Кај мене пишува истакнат член,а како се добиваат/доделуваат трофеи не знам.
http://forum.femina.mk/help/trophies Еве ви ги сите трофеи. Пред нив се дадени поените од трофеите. Ко богиња се осеќам бе! „СВе“ знам!
Деца, форумо е за да го кажете вашето мислење на одредена тема, а не да собирате „трофеи“ кои никако нема да ви користат ниту ќе ве напраат попаметни. Единствено што ќе „добиете“ е гневот на повозрасните затоа што ги преоптоварувате оние општи теми и неможе да се прочита некое паметно мислење од вашите, кои се пишуваат со цел да соберете „трофеи“. Може ли некој од вас кои се интересирате порано за цветчињата сега за трофеите, што добивате со тоа?
Поени од трофеи: 336 50 Лудуваат по тебе Твоите мислења имаат 5.000 допаѓања. 50 Зависник 10.000 испратени мислења. Не запирај тука. 40 Славна личност Најмалку 5.000 испратени мислења и коефициент на допаѓања 0.5 (2.500 допаѓања на 5.000 мислења). Треба да добиеш своја ѕвезда на холивудската Патека на славните. 20 Втора годишнина 2 години со Фемина. Продолжи го забавното патување со нас. 10 Имаш верни обожаватели Твоите мислења имаат 100 допаѓања. Можеби треба да започнеш да делиш автограми. 10 Прва годишнина 1 година со Фемина. Сигурно веќе се чувствуваш како дел од нашата заедница. 5 Те сакаат Твоите мислења имаат 50 допаѓања. Продолжи во тој стил! 2 Влегуваш во игра 10 испратени мислења. Веќе си на свој терен. 30 Се чувствувам како дома 5.000 испратени мислења. 20 Врвен квалитет Најмалку 500 испратени мислења и коефициент на допаѓања 0.5 (250 допаѓања на 500 мислења). 30 Што и да правиш, продолжи така Твоите мислења имаат 1.000 допаѓања. 20 Прекрасен ум Твоите мислења имаат 500 допаѓања. Одлична работа! 3 Имаш обожавател На некого му се допаѓа твое мислење. Продолжи да пишуваш за да провериш дали е само случајност. 20 Неуморен ум 1.000 испратени мислења. Импресивно! 15 Сигурно се гордееш со себе Твоите мислења имаат 200 допаѓања. 10 Имаш ново хоби 100 испратени мислења. Колку време поминуваш тука? Продолжи со исто темпо. 1 Го скрши мразот
Ама јас колку што знам трофеи и она што ни го пишува под никот (Активен член, истакнат член, популарен итн.) се две различни нешта. Сфатив за трофеите, а сега фемина ми даде подароче уште 10 поенчиња. Туку не ми е јасно како одат тие другите. Тоа да ми каже некој. И Бах, само прашуваме, тоа не значи дека се бориме да добиеме поголем трофеј. Значи сте си ставиле во глава нешто и не сакате да слушате (читате).
Трофеите не се собираат туку така, а и сите такви би се "бореле" за трофејот "Форумџиика на годината" што носи 200 поени и би се обидувале да остават убав впечаток. Трофеите се многу подобри од цветчињата. Кога имаше цветчиња се претрупуваа мислења, сега, дека не станува збор само за мислења, туку и за оставање добар впечаток кај другите феминки, за пишување корисни мислења.
Каков член си е директно поврзно со трофеите. Над 400 поени од трофеи си форумски идол (како реин, хипица, трендафилка, лилит) кога ги стигнете нив, кажете ми да ви купам авион. Над 300 си популарен член, значи можеш да имаш и 300000 мислења и да не си форумски идол. Има примери и на форумов, само што уште немаат 300000 мислења (ќе направат и 300000, проблем ли е?). Над не знам таму колку си истакнат член, like myself. Тоа е колку што приметив, какви други групи има-не знам. Не сум барала.
Ти си награден(а) со трофејот: Трета годишнина Ти си награден(а) со трофејот: Втора годишнина Ти си награден(а) со трофејот: Имаш верни обожаватели Ти си награден(а) со трофејот: Прва годишнина Ти си награден(а) со трофејот: Те сакаат Ти си награден(а) со трофејот: Влегуваш во игра Вторник Ти си награден(а) со трофејот: Се чувствувам како дома Ти си награден(а) со трофејот: Врвен квалитет Ти си награден(а) со трофејот: Неуморен ум Ти си награден(а) со трофејот: Што и да правиш, продолжи така Ти си награден(а) со трофејот: Прекрасен ум Ти си награден(а) со трофејот: Сигурно се гордееш со себе Ти си награден(а) со трофејот: Имаш ново хоби Ти си награден(а) со трофејот: Имаш обожавател Ти си награден(а) со трофејот: Го скрши мразот Имам 226 поени
50 Награден(а): Четврток во 00:49 Лудуваат по тебе Твоите мислења имаат 5.000 допаѓања. Добро е барем некаде да лудуваат по мене. А имам 316 поена.
Со бројот на мислења,со бројот на лајкови на мислења и со годишнините на поминатото време на форумот.
Ни јас од ова ништо не разбирам, ама не е битно. Битно е да си помогнеме со некој совет и да си се дружиме
Тоа што прашуваме не значи дека се тепаме за трофеи. И зарем не е лошо да знаеме? Јас на пример кога веќе има нова платформа, сакам секое делче од неа да ми е јасно.
Не сум сигурна но мислам дека ова истакнат член, популарен член може да има врска со тоа колку теми има тој член отворено или пак колку допаѓања има, па сега некој што има поголема титула од истакнат член нека каже.
А трофеите на каминот ќе ги редите или онака да ви биде убаво на душичката дека имате нешто повеќе од другите? Не се тепајте за виртуелни работи, помагајте ако имате совет или знаење за проблемите овде, ако не мирно седете си читкајте си и уживајте.