1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како Бог го променил вашиот живот?

Дискусија во 'Религија' започната од afrodita94, 6 ноември 2018.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.261
    Пол:
    Женски
    Исто. До збор.

    А, јас секогаш велам "мојот Бог" и многу мислат дека не сум сериозна ама е тој начин на кој велам дека јас вервам во ... Нешто. Не знам шо па си го викам "мојот Бог". Не го молам, не барам ништо, туку само таму негде мислам дека можеби постои. Од таму, не ми влијае на било кој аспект од животот зошто не водам религиозен живот, иако краток момент имам водено и то е нешто кон кое неќам да се вратам, like, ever. И шо ми е мило е, дека моите дома се сосем океј со мое неводење религиозен живот и дека ми даваат шанса да изберам, зошто идам од многу религиозна фамилија.

    Сепак, сите сме различни и сфаќам луѓе кои се религиозни и ги почитувам подеднакво како и другите се додека не пробват да ми наметнат своето гледиште како апсолутна вистина. Тогаш ги неќам во моја близина.
     
    На RoseRain, Someonespecial и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Па зошто ги создал тогаш? :D
     
    На Lianna Anna и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Верниците се обични мазохисти, обожават и величаат лик од кој во исто време се плашат. Чист мазохизам.
    Бог постои само во вашите глави, тоа кажува се.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  4. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    531
    Не се ни обидувам нити намера имам во нешто да ве убедувам :) слободно верувајте или мислете во она што мислите дека треба
     
    На Sejfullai, ludamaja10, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Пак ќе повторам, класичен мазохизам.
    Не можеш ни да ме подзамислиш со вашите тези, не пак да ме убедиш. Терај по свое.
    Еден ден, можеби, ќе ви дотекне дека енергија цел живот сте насочувале кон едно големо ништо.
     
    На Someonespecial и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.313
    Пол:
    Женски
    Ние го обожаваме и величаме Бог, никаде не сме кажале дека сме мазохисти.Никогаш не би избрала да трпам болка и да уживам во нејзе макар и Господ да сакал така еве искрено ти кажувам.Болката е лоша работа во секој поглед
     
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465

    @afrodita94

    Ваше верничко Височество, каде живеете вие моментално? Над небото или на овој земен материјален свет?
    Со што купуваш секој ден продукти за егзистенција, и во што живееш, во енергетска коцка ли? :D

    Да не требаше да постои овој свет и живееме во изобилство, немаше да постои. Get over it.
    Што е тоа 'многу' богатство? Сфаќаш колку се релативни и прозаични овие поими. Не?
     
    На DAngel, KateKane, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  8. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    531
    Стварно се обидувам да разберам што бараш на ваква тема која не е за тебе.Никој тука не го побара твоето мислење за Бог.
     
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    :D:D:D:D:D
    Го прочитав воведот во твојата тема, а никаде не видов 'За сите членови, освен за лавстоунд ",
    па викам ајде да коментирам...
     
    На DAngel, KateKane, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    531
    Стварно ме интересира каков е тој мир што го имате вие :D
     
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Не се работи за мир. За никаква емоција не станува збор, туку за религиска едукација, здраво разумска размисла и евалуација. Дали знаеш дека е нашата религија копија на Египетската/Месопотамиската? Дали знаеш за филозофските прапочетоци? И за крај, дали знаеш дека сите религиски правци генерално се само една голема brainwoshing секта? Никоја со сигурност не е веродостојна. Што ве прави вас, христијаните и припадниците на исламската вероисповед, Протестантните, Окултистите, Јудаистите, Таоистите итн. толку посебни и возвишени? Идеја, вера? Не, едно големо ништо.

    Читам низ темиве твои другари по идеологија пробуваат да направат паралела меѓу религија и наука, but oh well.. :D
     
    На DAngel, KateKane, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  12. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    531
    Те прашувам зошто @sjdgo вика имало атеисти кои почуствувале поголем мир и сатисфакција од верниците.
     
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Затоа што има.
    Вие сте константно обземани со емоција страв, страв од невидливото, погрешното, страв од казна, страв од пекол. Страв не носи мир у никој случај.
    Ние сме имуни на такви психози, и мирот доаѓа сам по себе.
     
    На DAngel, KateKane, Nigredo Odor и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Конкретно на прашањето зошто - Затоа што ниту тебе, ниту на атеистите религијата не ви (ни) е потребна за да бидеме морални, едуцирани и емоционално способни суштества. Тоа се вредности кои главно ги стекнуваш со помош на социјална и образовна интеракција. За тоа не ти треба религија. Исто како што ниту за мир или терор не ти е потребно да читаш 'Оче наш' или да членуваш во окултистичка група. Со поедноставни зборови кажано, од тебе зависи како ќе одлучиш да влијаат надворешните фактори/дразби врз твојата емоционална состојба.
     
    На DAngel, Someonespecial, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  15. LaCHICALATINA

    LaCHICALATINA Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Бог ништо не ми променил во животов. Други нешта ми промениле нешто во животот а меѓу тие нешта не е вкулчен Бог.
     
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Што има да ја прашуваш неа што велам јас? Притоа престана да одговараш на моите прашања.
    А зошто не би имало атеисти позадоволни од верници? Се изјаснив во мојот прв пост на твојава тема, од главата доаѓа, не од Господ.
     
    Последна измена: 20 ноември 2018
  17. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    531
    А што друго би требало да има наместо нив? Да ги користиш но да не ти станат приоритет у животот.
     
  18. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    531
    Кон што ја насочувате енергијата вие? Сигурно кон нешто кое има рок на траење.
     
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Божја волја било да има луѓе на кои богатствата ќе им бидат приоритет. Мора некои (повеќето) да одат во пеколот. Така пишува во Библијата, таков е Божјиот план.
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.129
    Пол:
    Женски
    Некои мислат дека Бог како со магично стапче направил нешто во нашиот живот и треба да изнесеме некои неверојатни приказни.
    Промената е внатрешна. Се менуваме сосема како личности. А тоа повлекува и некои други прилики во животот. Неразбирливо за многумина.
    Кога бев скептична за постоењето на Бог и кога не бев на Негова страна, бев во постојан хаос. И незадоволна од себе, од животот. Кога почнав да живеам на поинаков начин и да верувам во тоа во кое не верував дотогаш, се смирив а со тоа исчезнаа и сите мои проблеми кои ме мачеа. Се смени и моето опкружување, почнав да запознавам се повеќе добри луѓе кои ретко се сретнуваат денес, некој не ни може да најде таква личност покрај себе, а јас ги имам неколку. Во многу ситуации среќата била на моја страна, како ситуациите да се вртат во моја корист. Сите молитви ми се исполнуваа откако станав верна на Бог. И сосема го сфатив животот.

    Ако сме ние со Бог, со нас е и Тој.
     
    Последна измена: 7 декември 2018
    На P.S.love, BlackNight, Dessa и 8 други им се допаѓа ова.