1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како Бог го променил вашиот живот?

Дискусија во 'Религија' започната од afrodita94, 6 ноември 2018.

  1. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Не е страв.А ти ако некогаш си чувствувала страв кога е вера во прашање тоа е друго. Верувањето е избор со разум, а не со емоција(страв).
     
    На Orthophill, Bitter-Sweet и afrodita94 им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.571
    Пол:
    Женски
    Видете... верата (како и секоја животна филозофија) влијае различно на различни карактери.
    Не оспорувам дека може да донесе и допринесе во позитивни чувства - мир, надеж. Но може и лошо да влијае на некои луѓе.
    Религиското верување може да води и кон когнитивна дисонанца (внатрешен конфликт на гледишта и идеали - посебно кај оние што се развиваат во прогресивни личности). И да, тука е и стравот - колку и да негирате. Прост пример се ликовите на светци што им се појавуваат на некои луѓе во крипи сонови, со предупредувања и не знам ти што. А соновите, сите знаеме дека се одраз на длабоката потсвест. За мене тоа не е мир, ниту нешто позитивно, а извинете ама богами ни нормално.

    Значителен број луѓе низ светот токму во откажувањето од верата (и духовно и институционално) се пронаоѓаат себеси и слободата, на социјални мрежи (посебно на Твитер и најмногу протестанти/муслимани) ги раскажуваат своите искуства. Да, има и такви лични искуства, оти замислете - и искуството и емоциите не се секогаш на страна на традицијата и верата. Впрочем, сè поретко се.

    Така да, океј ако за вас верувањето во Бог ви е неопходно за внатрешен мир и успешно ви го носи истиот, ама не е кај сите така. Религијата не е единствената ѕвезда водилка во сечиј живот и универзален вистински пат, и од одамна не била (оти и атеизмот, како и многу други нешта што се гледаат како „нови и модерни“ постоел векови наназад). Нека ви е сè најубаво и продолжете да се чувствувате мирно и продуховено, но прифатете го ова и не се мачете да им објаснувате на луѓето дека се изгубени, вие сигурно не знаете подобро од нив, најмалку на анонимен форум. Не проповедајте, немојте.
     
    Последна измена: 7 декември 2018
    На lovestoneddd и Tan4ence им се допаѓа ова.
  3. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Религијата не може да биде водилка во животот. Премногу религии има. Моја водилка во животот е љубовта, религија ми е Христос - но, Бог Исус Христос е љубов. Си го дал животот за мене т.е за сите луѓе. Ако тоа не е љубов јас не знам што е. И уште ни нуди многу подобар живот од овој тука живот , од овој свет кој е исполнет секојдневно со, се повеќе, зло. Нема ни љубов меѓу луѓето веќе - лажна е. Ни јас не знам вистински да сакам, но учам од Христа бидејќи тој е извор на љубовта. Можеби никогаш нема да го достигнам тоа совршенство - но секогаш ќе се стремам кон тоа бидејќи е добро.
     
    На Dessa, kuc, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Не се труди џабе да објаснуваш, не си го троши времето. Како што кажа таа или со други зборови, остави нека мислат дека се супериорни. :)
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  5. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Зборувањето за Христос и неговата љубов никогаш не е трошење на време. Можеби некој тоа ќе го разбере. :)
     
    На Keiner, hermosa, kuc и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.658
    Допаѓања:
    2.431
    Пол:
    Женски
    Никогаш не се обидувајте некој да убедите во вашата вера. Секој си има право на избор во што ќе верува. Ако некој сфатил како функционира животот и Бог како помага во остварувањето на желбите тогаш се јавува страв. Ама стравот се јавува несвесно бидејќи мислиш дека можат да ти се случат и лоши работи.Тогаш кога ќе поминеш низ сето тоа сфаќаш дека Бог те сака и не сака ништо лошо нема да ти се случи. Што ми се случило од сето тоа што јас го имав измислено до сега лошо? Ништо. Само јас самата себе се плашев. Али ете мораме да поминеме низ фазите на созревање како сакате крстете ги. Да не беа тие фази што ми се случуваа немаше да сфатам многу работи. Претходно да и јас не верував си мислев дека е до мене и мојата среќа ама кога се враќам наназад и кога гледам како се одвивале работите имало и зашто. Бог секогаш одговара на вашите желби само треба да знаете да го прочитате. Дури и тие што ќе се одлучат да веруваат и во нешто друго сепак постои таа Виша сила која не прати. Верата е само прашање на избор.
     
    На Rama и worrieddd им се допаѓа ова.
  7. Blackouttheworld

    Blackouttheworld Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Твојата водилка??
    Правило едно,не треба да го споменуваш името на твојот бог,Неговото име,секој си има свое верување,но
    не се знае после смртта,дали господ ќе не прифати.Не сакам да дискутирам бидејќи треба сама да прочиташ а после да пишаш.
     
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Да те прашам, на која религија припаѓаш?
    Како тоа не се спомнува името на Бог, и како после смртта не знаеме дали ќе не прифати Бог??
    И што е погрешно Бог, односно вербата во него, да ти биде водилка во животот???
     
    На Keiner, Dashing:) и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  9. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.658
    Допаѓања:
    2.431
    Пол:
    Женски
    Ако идеш во црква за велигден или за други празници тие што ги гледаш таму сигурно не веруваат во Алах :rofl:
     
  10. Blackouttheworld

    Blackouttheworld Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    а што има врска ако одиш на црква или за велигден,што ќе се прави во црква и за велигден,само знам дека
    постои верување кое е точно,телото е исполнето со позитивна енергија со јога,но кој си знае.
     
  11. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    2.816
    Пол:
    Женски
    Niz sito I reseto bog me izvade za da me dovede na ovoj pat kade sto sum sega ,sekoj moj cekor e negov plan I sekogas negoviot plan za mene bil podobar duri I nezamenliv od planot jas sto go imav za mojot zivot, jas nikogas ne veruvav deka ovie raboti sto gi dozivuvam deka nekogas ke mi se ostvarat posebno ovaa godina ,bog se mi dade mi dade I toa sto nikogas ne se nadevav ,cudesen e bog I moken nie toa ne mozime da go razberime.Pominav niz mnogu teski iskusenija za na kraj da izleze svetlinata vo mojot zivot .
     
    На GirlLove, Keiner, P.S.love и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.658
    Допаѓања:
    2.431
    Пол:
    Женски
    Знам дека јогата е корисна барем доста ја фалат ама секој ден неможеш да имаш позитивна енергија. Не е животот на екстаза. Сепак твое е верувањето дали се кажува името на Бог или не ама сепак јас мислам дека нема врска и затоа ја спонав црквата. Немора да е црква во прашање еве и џамија да речеме таму што идат му се молат на Алах нели. Тоа е очигледно според мене. Ти ако си христијанин ќе веруваш во Исус и тоа е нормално. Не ја разбирам поентата што ако кажеш дека веруваш во нешто :?:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnnabelLee

    AnnabelLee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Христијанин сум, но некако имам он офф врска со Бог. Премногу преиспитувам, а некогаш заглавувам и во некои противречности, не дека се, ама јас така ги сфаќам. Светогледот ми се менува често, иако ми е вкоренето тоа дека Бог постои, и знам дека постои, си зборувам лично за себе, кој во што сака нека си верува, но нешто ми попречува да имам вистинска врска со него. Знам дека ете ти, животот ако реши да те научи на нешто, колку сакаш оди по други сокаци, ќе те чукне за да те свести.
    Очигледно мојата врска не е толку силна како што си мислев кога бев тинејџер. Лута сум на многу работи кои ми се случија и баш тоа верското “Божја волја“ е тоа што боли, зошто така да биде, зошто така мора да биде?!
     
    На sjdgo и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  14. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    899
    Сметам дека сите ние ќе си добиеме одговори во вистинско време , јас сум лично голем верник, и верувам дека за секое искушение секој предизвик Тој ме прави посилна , и ме наградува :angel:
     
    На Keiner, P.S.love, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    На Господ не му е гајле за нас животите да ни ги менува, ние сме експеримент чиј исход го чека.
     
    Последна измена: 31 август 2019
    На Blackouttheworld му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Blackouttheworld

    Blackouttheworld Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Самиот дух во тебе го имаш,доколку бидеш сигурна ќе знаеш.

    Погрешка си не сакам да кажам,но треба малце да прочиташ што значи голем верник :)

    Dashing ти правиш разлика од господ до господ,името на господ е секое исто и еден господ,некои го сватиле погрешка учењето и уште прават така.
    Што ме праша во кој верувам?!
    Секое учење е различно пренесено,но најпрвин ќе зависи од твоите родители.
    и под 2 си напишала се молат за Алах,секој се моли за себе и за сите нас.
    Мислам дека ја знаеш сега поентата
     
    Последна измена од модератор: 28 септември 2019
    На sjdgo и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  17. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    899
    Сметам дека знам што е верник и во самата сила на Господ.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Blackouttheworld

    Blackouttheworld Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Како кажеш така.
    Јас не судам има напишано тотално се.
    И само ќе напишам наскратено
    Сите можеби ќе бидеме во хавие.
     
  19. nx_lxve

    nx_lxve Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    До пред една година бев хардкор христијанка, верував, се молев, одев в црква и сето то. И забележав дека нема никаков ефект врз мојот живот, ни кон подобро ни кон полошо, па решив да се информирам подобро за религијата, атеизмот, обичаи, шо не. Со тек на време сфатив дека не треба се да чекаме од господ, почнав да си планирам што со животот и како, за утреден,за иднина. Па по некое време не видов потреба од Господ и пример шо е доволно валиден за да натераш некој да верува во него. Па сега сум атеист и мислам дека со целата мотивација,знаејќи дека нема некој кој те гледа какви грешки правиш, животов ми е полесен така што обрнувам повеќе време кон психичките спремања за денот што доаѓа.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Од каде знаете што е Господово, што ваше лично дело во животот?
     
    На GirlLove, black-angel, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.