Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како Бог го променил вашиот живот?

Дискусија во 'Религија' започната од afrodita94, 6 ноември 2018.

  1. nx_lxve

    nx_lxve Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Сите дела,се што имам до ден денес,се е мое дело. Господ не постои.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    899
    заборави да напишеш дека е тоа твое лично мислење а не уверување/факт.
     
    На edna_malecka и marija305 им се допаѓа ова.
  3. nx_lxve

    nx_lxve Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Го дополнувам тоа да
     
  4. kukidi

    kukidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Ne znam ama ako go promenil na podobro sigurno ne.
     
  5. Blackouttheworld

    Blackouttheworld Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Самиот дух го имаш во себе и пред да пишеш си сигурна.
     
  6. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    83.859
    Пол:
    Женски
    (facepalm) (facepalm) (facepalm)
    Поголема глупост немам слушнато во животов мој|(
     
    На GirlLove, edna_malecka, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Blackouttheworld

    Blackouttheworld Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Да да секако,твои дела се,ти не си ни била родена,твоите родители ако сакале со бога и сигурност те направиле,инаку да не биле сигурни немаше да пишеш овде
     
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.626
    Пол:
    Женски
    Ако немате што паметно да кажете на сосема разумната опсервација на девојчето, откачете ѝ се и реакциите задржете си ги за себе. Ова е форум за дискусија и аргументи, не некој awkward семеен собир во кој вие сте иритантните постари роднини, а она „застрането јагне“ во фамилијата што треба да го вратите на „вистинскиот“ пат. Какви ултимативни патетики.
     
    На lovestoneddd, Dentina, Alisa22 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. nx_lxve

    nx_lxve Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    ова е се што сакав да пишам, ама немав толку добри зборови. Фала ти.
     
    На Tan4ence, Someonespecial и Purplelilac им се допаѓа ова.
  10. Blackouttheworld

    Blackouttheworld Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Паметно кажуваме значи бог не постои кажува nx_lxve,ај малце размисли бидејќи незнаеш тотално ништо.
     
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А што треба да знае?
     
    На nx_lxve му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    "Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш! Како можеме да го знаеме патот?” 6 Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене. "

    Мислев дека сум духовно просветлена. Дека јас управувам со мојата судбина, дури и се дрзнував да мислам дека можам и со туѓата. Читав секакви книги (од моќта на потсвеста, до тајната, ошо (толку мнг му бев посветена на Ошо, што едно време мислев да го тетовирам неговиот потпис на ракава моја), садгуру..) имав доста јога учители. Се што е туѓо, ми беше интересно и егзотично. Дури почнав и тарот карти да читам. И да, за жал со голем успех, можев да го видам минато, иднината и тоа што сакаат да го слушнат од мене, утехата што ја бараат. Ах камоли да знаев, колку лошо правев и ете таротот беше само врата преку која почнаа да ме мачат секакви демони...(а јас мислев дека се учители од невидливиот духовен свет)

    Секогаш толку скршена од светот, толку многу се трудев да се вклопам, да ме сакаат луѓето, да ме прифатат. Барав утеха во уметност, во тешки книги, во *културата*...Пак празна во себе, дупка што не можам да ја исполнам. Понекогаш некоја врска, ќе ме исполнеше и поле некое време пак исто.. После трагање по пари, печалење мнг и цело време посветена на работа.. Добив многу пари и можност да го патувам светот...ама по која цена..... Анкциозност, депресија, нонстоп под напон, и стрес... Од душата моја ни трошка останато...

    И после сето ова, ми се случи страшна трагедија.. Тоа беше околност каде што само божја рака можеше да ме спаси. Можеби во иднина ќе ја раскажам комплетно мојата приказна...

    Луѓе колку сум благодарна, што сум жива и што очите ми се отворија. Господ е голем, тој секогаш бил тука покрај мене, но јас заглавена во грев не можев да го слушнам...

    Сите ние сме родени со Божја совест, совршено знаеме што е прогрешно и што е исправно од најмали години..Но како што тече животот, нас светот полека не искривува... и затоа сега имаме *нека верува во што сака, само да не му штети на другиот*... Најмили па ние си штетиме сами на себе и без Божјиот морален компас, ние сме изгубени засекогаш... Ве молам немојте да лутате како мене...Јас бев една од тие што мислеа дека луѓето кои веруваат во Бог се *затуцани* и дека Исус е само еден пророк, како што биле многу други... Но ниту еден од пророците не умрел за нашите гревови.....

    Како Бог го промени мојот живот? Ми даде ново срце, ми ја исчисти душата и ми даде нови очи. Ми ја зема сета траума, сите тикови, сето страдање, сите кошмари и ме поучи како вистински се живее.. Немојте да мислите дека немам темни мисли или тешкотии ама со молитва и божјиот морален компас (10те заповеди) мојот живот доби нова боја и сега се што правам е за Исус :) Сакам да бидам пример за неговата милост, трансформација и љубов... Позади мене има гревови на кои никогаш нема да им се вратам, а пред мене пат кој сакам да го изодам со Исус покрај мене:hug:
     
    На GirlLove, tiggyboy, душленце и 8 други им се допаѓа ова.
  13. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    899
    Многу сум среќна кога ќе слушнам вакви приказни, навистина се “life changing”. Јас сум препобожна и верувам во Бога премногу, се молам и сум поврзана со Бог, но сепак верувам во моќта на потсвеста. Зошто ? Затоа што што и да “манифестирам” јас всушност после тоа кажувам ако даде Господ или ако Тој рекол дека е добро за мене. Ми помогнало многу, и знам дека дури некои работи кои не се оствариле биле дар од Бога и заштита, затоа што имав голема мааана- overthinking. Сега тоа ја нема а душата ми е поспокојна, а и има документарец кој ме увери а и многу книги дека моќта на потсвеста не и пркоси на ниту една религија ниту на Бог. :)
     
  14. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    2.137
    Почнав посилно да верувам практикувам молитви и наутро и пред спиење. Верувам во бог, во Отецот Синот Божје Исус Христос и светиот дух. Тоа е све во едно. Верувам и ме прави некако посмирена, поблагородна.
    Убаво е и добро да веруваме сепак има сила и сите ние и се околу нас природа,море, планини се е созададено од Бог и се си има своја смисла.
     
    На Reina.Gitana, kuc, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.861
    Допаѓања:
    15.746
    Пол:
    Женски
    Ме увери дека и покрај мојот песимизам, тој помага.
    И на скршени, повредени, депресирани...буквално на сите.
    Само треба искрено да се помолиме од срце, да си простиме себеси и на ддругите.
     
    На душленце, monibejbi, KittyAgnes и 3 други им се допаѓа ова.
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    На подобро.
     
    На kuc, ludamaja10, Reina.Gitana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Па и мн ретко некој да се променил кон подобро со бидувањето религиозен, баш напротив, стануваат посебични и помалку толерантни, тоа што го имаат почнуваат да го преценуваат и за истото се благодарни на Бог, а гледајќи како некој друг е несреќен, наместо да покажат разбирање, да му помогнат, овие се убедени дека Бог секому давал според заслуженото.

    Така што, според мене, најважно е воспитувањето пренесено на човекот и околностите во кои се развива, секако не исклучувам да има и нешто вродено кое детерминира каков ќе биде поединецот. Додека забегување по разни идеологии, и верски, повеќе носи зло, отколку добро.
     
    Последна измена: 22 август 2021
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.603
    Допаѓања:
    79.255
    Пол:
    Женски
    Прашањето е како Бог го променил вашиот живот, а не нивниот па ти да пишуваш за трети лица. Секој си знае за себе. :) Штета што имаш таква перцепција, не е тоа апсолутна вистина.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Мислењето не е офтопик, а перцепцијата е апсолутно на место.
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.603
    Допаѓања:
    79.255
    Пол:
    Женски
    Пак, темата е како Бог го променил ВАШИОТ живот. Имаш нешто за себе да кажеш а не за другите? И секако можеш да мислиш дека си во право, дека тоа е вистината, но не се верниците такви какви што ги опиша. Верник си ги гледа своите дела, а не туѓите и не може да биде себичен и без разбирање и емпатија.
     
    На KittyAgnes и Need for Speed им се допаѓа ова.