Зошто ми се нафрлаш? Дали е тоа христијанско однесување? Мојот живот Бог никако не го променил, или го менувал секако, ако се водиме според логиката дека се е Божја волја. А дека религиозните верници не се себични луѓе, хммм....па тие први се загрижени за својата вечност пред се, и се плашат прво за себе да не завршат во пеколот.
Не се нафрлам. На форум сме, се раплицира тука. Има разлика од верник до ,,верник", ти изгледа овие вториве ги знаеш.
Од каде излезе докажувањето? Кога Бог ќе промени нечиј живот, има посебно труд, не докажување, не его. Кој почувствувал знае, кој не...
Христијаните генерално не се во ништо почовечни, ниту похумани од нехристијаните, зависи од поединецот, и тоа е мојот конечен став.
Аргентина не е баш верник исто и lovestoned па таа нивна перцепија и аргументи со силен тон (у смисла не сме отворени за други мислења) си ги негуваат и основата на нивните мислења лежи врз верувањето дека не постои Бог. така да што и да пишеме ќе биде силно одбиено.
Бог ме чува и ме избавува од опасности и зла. Не се разгневи на мене грешната, туку ме вразуми да земам Православна книга во раце и да читам за Православното Христијанско учење. Верувале вие или не, од кога прочитав едно 20 страници од таа книга, животот како да ми се промени.