1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како алкохолот влијае на вас?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од The.Girl, 25 ноември 2010.

  1. The.Girl

    The.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ајде женски... Како алкохолот влијае на вас, и дали воопшто некогаш, т.с колку пати сте ја преминале границата и како тоа влијаело на вашиот понатамошен тек на животот...?

    Јас со мојте 18 години неколкупати сум ја поминала црвената линија, и тоа еднаш ме чинеше и мојата 2 годишна врска... Довербата кај родителите и многу други ствари... :(
     
  2. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    ехеее многу пати се :lol: еднаш заспав во 9часот-на нова година :$ и се разбудив во 3сабајлето кога кафичот кај шо чекавме веке беше полу празен :lol: после толку сум се "напила" шо не се секавам како сум стасала дома,ме пратиле по такси и сабалјето кога станав,во алиштата од вечерта,видов дека се што сум носела во ташната сум изгубила,сее...и ме мрзи др да пишувам...а иначе не не влијаеле на мојот понатамошен живот ;)
     
  3. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Некогаш ми мава на смеење, преубаво расположение, некогаш на плачки без престан.
    :) Ја имам како и сите поминато границата еднаш, ама вредно. Срам жив.. Но од тогаш си ја знам границата до кај ми е.
     
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Не сум имала фатално пијанство, за среќа.
    Пијам додека сите пијат околу мене :D , ама знам кога одам ееептен во крајност, се осеќам, и тогаш престанувам... и после некое време сфаќам дека сум дрвосана дека таа последната чашка ми била пресудна :drunk:
    Во последно време ако ептен претерам си одам дома, или кај дечко ми одиме... така да, знам да се припазам иако паѓаат многу заебанции тогаш и се ми е смешно. Некогаш знам да се расплачам и да го гушкам дечко ми и да му кажувам дека го сакам најмногу :tmi: . Па и тој ми враќа со иста мера, се гушкаме, бакнуваме, и право кај него, преспивам и си одам сабајлето :tmi:
    Досадно човече сум кога ќе се напијам :tmi: Многу ми се муабети тогаш, ептен сум релакс... не се замарам... Играм до бесвест, се смеам, пеам, љубам... и уште пијам :D
    Ете така влијае алкохолот на мене. :)
    edit - понекогаш знам и да се скарам со некој непознат :lol:
     
  5. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    една случка мислам дека никат нема да ја заборавам пред неколку години беше ама така сум се напила што сабајлето се разбудив на гробишта а на мене мравки :rofl: :rofl: :rofl:
     
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Повеќе пати сум била Drunk :drunk: , но никогаш до тој степен да имам дупки во главата и да не помтам што сум правела. Што е најсмешно се опивам од две чаши. Секогаш ме тера на смеење и на лудување :rofl: :dance: . Кога сум под дејство играм, се смеам и сум најрасположена од кога било. Само една вечер знам почнав да плачам и дигнав голема прашина околу тоа :lol: . Се собрале околу мене сестра ми, дечко и и другарка и :wasntme: . Ми велат не плачи а јас упорно ги прашував а бе кој плаче? :?: и си плачаам и си плачаам. После пак почнав да викам никој мене не ме сакааа уеееее (се церам)... :x :tmi:
    А бе лудории таа вечер никогаш нема да си објаснам зошто сум плачела хахах.
    Инаку ми се случувало на неколку наврати да повраќам и насабајле да врие вулканот во грлото.
    Во последно време ич не го поднесувам алкохолот, повраќам по цели вечери (среќа никој не ме слуша како се козам во вецето инаку моето ќе да е :punch: ).
    И така избегнувам да пијам, само по некогаш кога сме во шема и тоа, и така.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tralalala

    tralalala Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Пиво влијае прекрасно на мене особено туборг друго нема шанси :D
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    ^ Туборкот како на љубов ме тера, мх мх :lol:
     
  9. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    обично кога сум пијана сум главен денсер на сите забави :lol: :lol: :lol:
     
  10. emma-chan

    emma-chan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    9
    Како алкохолот влијае врз вас?
    - Не се познавам себеси, само еднаш во животот се имам опијането и забележав дека пеев песни кои во животот ги немам пеено xD
     
  11. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Добро е сто песни пеес,мене ме фрла во облаци :) немам перде на јазикот го дигнам носот демек ногу сум јака :D ама тоа не секогас не сум драма квин така само во зависност од ситуацијава си дозволувам работи како на пример оваа вецер ке си седеме на оваа маса иако е резервирана за друг :wasntme: и незнам зосто ама никој и не се спротиставува 8) ама поцесто сум смирена и не ми се ни познава дека сум испила ај да не казам колку треба ептен у о4и да ме погледнес ке сватис колку е саат :D со стиклиЧките цапара цуп си одам поубаво и од трезните :rofl:
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Хахаха е кога сум пијана тогаш сум посебна приказна. :D Не одам во крајности и не сум била толку пијана да неможам да стојам.Ама си признавам ми се има случено неколку пати да претерам со алкохолот и може да ми се случи да сум највеселата личност во друштвото, супер расположена, на сите песни играм. :lol:
    А сум паѓала и во депресија, сум плачела, сум се трескала од земја и така. :D А сабајлето одвратно се чувствувам, главата ми пука. Во секој случај, лошо ми влијае алкохолот и затоа гледам да се контролирам. ( колку што можам :lol: )
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Тука се пронајдов... :lol: Инаку сум многу економична, една ми е малку, две ми се многу(чаши), ама ако ептен сум расположена може и 3-4 да отидат...досадна сум во смисла замарам - кажи ми дека ме сакаш, нели сум најдобра женичка, што би правел без мене, кај ќе најдеш ваква како мене и сл. глупости...и секогаш кога сум под дејство на алкохол ми се сака, и сексот ми е ептен јак, среќа моја што не ме одбива :lol: особено ако малата веќе спие, а јас сум така поприлично потпивната, затоа што си знае дека ќе се налутам, пијана работа :D ...
    Весела сум, играм, пеам, трескам зелени, правам смешки, расположена сум, имам вишок енергија... не сум тип кој кога ќе се напие повраќа и плаче, алкохолот ми дава повеќе самодоверба и пооткачена сум.
    До сега не ми се случило да претерам и утредента да не знам што се случило и што сум правела, некако си знам колку ми е доста и не дозволувам да се доведам во состојба да завршам на токсикологија.
    И јас си се поткарував со непознати, тогаш ептен сум силна, ама си добивав опомена и веќе не сум таква, прибрана сум си :lol: :$
     
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Јас се фурам на love and happiness коа сум пијана :D :D :D
    И да решам од мака да се начукам, да слушам тажни песни, да пијам и да плачам, нема да ми успее...
    Се расположувам максималноо... се` живо околу мене сакам!!!
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.804
    Допаѓања:
    65.522
    Пол:
    Женски
    Зависи во какво расположение сум била пред да почнам да пијам. Ако сум била тажна, алкохолот ме дотепува. Ама ако сум била весела, сите ги сакам, најдобро знам да играм и најубава сум :lol:
     
  16. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    сите ги сакам :D
     
  17. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Влегувам во филм како да сум некој оратор зборувам ,рецитирам имам инспирација за состaви дури рима употребувам,делам комплименти на сите, се соживувам со песните секоја песна ме потсетува на минатото играм,частам и по сто пати наздравувам со реченицата ''за наша срекна иднина''.
    Кога сум тажна или ми е мака од одредена ситуација знам себеси да се обвинувам до крајност и на песните плачам.Кога наздравувам колнам,клетви врлам во тој момент кој го тоа заслужил.
     
  18. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    И јас наздравувам по 100 пати |(
    Давеж невиден сум. :D
     
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Уф многу тешко го поднесува мојот желудник :lol: ако испијам малку повеќе.А баш сакам да си се опуштам за викенд,ама никогаш претерано,обично во некое кафанче одиме ,јас секогаш пијам бело вино,ептен ретко пивце,а потоа ако искочиме после кафаната си земам џин тоник чаша до две...инаку еднаш се имам така добро поднапиено во втора средно,значи ептен одамна било :lol: испив 9 џин боровници,и 2 коњака :sweat: потоа нормално :puke: а дечко ми бил до мене :rofl: За жив срам бе :$
    Инаку никогаш не сум праела некои глупости или да ме носат дома пијана,бидејќи на некои другарки и тоа им се дешаваше :doh: Мене веднаш ме фаќа од прва чаша а не па од повеќе,и дури и една чаша да испијам секогаш ми се врти во круг кога ќе си дојдам :lol: Ако испијам 3,4 и повеќе чаши си имам проблеми со желудникот и ме тера на повраќање ...
    Во последно време со мажулето кога ќе си дојдеме од работа прво правиме салата со ракиивче домашно :lol: и со ручекот ќе си пивнеме една чаша бело или црвено винце или пивце,ама повеќе не...така по една чаша да се опуштиш од напорниот ден...па и здраво е по една чаша нели :D
     
  20. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Лошо :D :$ Последен пат се начукав онака ептен пред 4 месеци така нешто, на роденден кај другарка, и од тогаш реков НЕ ПИЈАМ толку па што сака нека биде :D
    Искрено, кога сум фатена се смеам и зборам глупости ептен, а некад толку многу си дрдорам што цела следна недела се каам за тоа хаахха :D
    Инаку вака организмот добро ми прифаќа алкохол, не ми се лоши , никогаш не сум повраќала од алкохол фала богу :) Ама затоа следниот ден главата..............................!!
    Тоа е.. имаме по што да ги памтиме годиниве :D :D