Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како алкохолот влијае на вас?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од The.Girl, 25 ноември 2010.

  1. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Како Лестер демолирам, хахаххаха, се зезам алкохолот не ми е пријател... ;)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Уф, како ли... магично, како поинаку. :D
    Кога се решавам на овој свечен чин, пијам многу и пијам брзо.
    Таквите малечки чашички како текила или шутери си ги голтам со мерак.

    Ме тера на смеење, на искажување емоции, секому - на љубениот, на блиските мои, ако некој ми фали во бандата, задолжително вртам телефони.
    На ум сум некогаш да си отворам кафиЌ или меана, сеедно, ама на влезната врата ќе пишува - Ве молиме оставете ги мобилните.

    Не сфаќам - зошто на секое пијанство сите имаме неодолива потреба да зврцкаме на телефон? :D
    Кај дечко, кај бивш, кај некоја другарка во странство... ма ми се муабети бре.
    :D

    Потоа настапува третата фаза - малку солзи.
    Си приплачувам, ко неарна во умот.
    Евоцирам спомени, ко мислиш бројам 115 години. Гушкам луѓе околу мене и они потшмркнуваат, ко мислиш сме војувале некаде.

    Па пак ме удира на весеЉе. И смеа.
    Па добивам желба за денсање, танцување и стискавац со некој момак.
    И задолжително одглумувам нешто.

    Обично лудило. :D

    Алкохолот ме тера на сиве овие работи + водење Љубов.
    И ко за инат и белја на сите спроведени диети - на крајот ми влева неодолива желба за мрсен бурек, пица, сендвич со сите можни додатоци.

    На здравје. ;)
     
    На DreamAngel, crazyinlove19, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Воглавном ми се спие :yawn: , најчесто после неколку чаши алкохол започнувам да мрмкам дека сакам да си одам дома оти ме фаќа некој слатки дремеш |-)

    Но,ете го по делови процесот на моето опијанување!
    Откако ќе испијам една-две чаши вино осеќам блага опуштеност 8) но не знам да запрам тука! Па и не ќе да сум интересно друштво ако цела вечер лигавам две чаши вино :^) ! Затоа идем далје,пијам трета чаша и започнувам да зборувам повеќе :talk: Оваа фаза трае најкратко бидејќи за брзо време следува фазата-дремеш |-) ! Ми се приспива ептен особено ако сум имала напорен ден...но,често пати дечко ми ме расонува па наместо да спијам правам нешто друго :inlove:
    Ако претерам малце повеќе и избројам повеќе испиени чаши тогаш знам и да :puke: ,ама ај тоа да го прескокнам!
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Последниот пат се опив со вотка, имаше некаква вотка парти и испив околу 8-9 вотки и од половина на споменатата количина не знам како сум се чувствувала, а до тогаш само пиев, зло не мислев и играв. Од таа пијанка се сеќавам дека седнав на шанк и осетив мирис на кафе (кое било наменето за мене, по нарачка од другар откако ја увидел мојата очајна пијана состојба :wasntme: ). Накај дома ме транспортирале со кола, еден комшија ме вратил, по пат сум повратила, по скали сум се качувала и чудо што не сум паднала од толку тетеравење, сум плукала од тераса...и паметам наредното утро мајка ми влезе и ги отвори ширум прозорите (којзнае зашто ;) )
    И од тогаш не пијам алкохол (особено жестоки пијалоци, вино ептен ретко ќе пивнам) и долго време ми требаше да се рехабилитирам и да се ослободам од притисокот на каењето и нервозата што дозволив алкохол да ме дотепа и обрука за една вечер. :tmi:
    А инаку од нормално пијанчење(2-3 чашки) почнувам да се смеам ко нездрава а за зборувањето -си зборувам јас многу и без алкохол ;) .
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
  6. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Доколку баш вака ти делува алхохолот ме радува, бидејќи и кај мене е така. И јас не пијам или кога пијам тоа е голтка-две природно сум доволно АП, па кога пијам алхохол сум ДАУН :) хахах мислев само кај мене е така, ама ме радува што има и други.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    кога сум поднапиена сум многу похрабра, многу зборувам и се смеам или плачам(зависи за што зборувам), последниве неколку месеци почесто излегувам во ресторани и пијам црно вино, потоа почнувам да си ги кажувам маките и како ми е тешко... Особено ако има некој староградски бенд да свири... ;(
     
  9. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Пријател ми е до некои 3-4 чаши :) ;) после тоа ми е најголем непријател и како што може тој да ме вовлече во невоља не може никој :D
    Така да внимателно само до границата ме опушта, расположи , се ми е рамно си ја пуштам душичкава ... Во спротивно ..... следуваат мноооогу Глупости непромислени потези и во краен случај ............ Кратка Амнезија |( :d: :shake:
     
  10. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Најверен пријател ми е!!!
    Прво малку ме дрма..па после одимее на рингишпиилл..на крај завршуваме над ВЦ школка :D :D
    Во секој случај влијае позитивно..а мислам дека под дејство на алкохол и поубаво пеам :wasntme: :wasntme: :D
     
  11. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Не ми годи баш ... имам многу ЛОШИ искуства со него... хаха и моја мана е што на екс пијам се и статива се праам .. затоа сеа поретко пијам .. ептен за прослави некои :)
     
  12. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Немам лошо пијанство, не дека незнам што права...само тогаш се ослободувам и зборам како навиена, пеам...ме орасположува.
     
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Не пијам многу често, и не многу... Али сакам да пијам, дека некогаш сум многу срамежлива. :doh: И сакам некогаш за да се расположам. :rofl: Знам и да се смеам ко луда, али во одредена граница. :lol:
    ова болдираново ми вришти :D
     
  14. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Па зависи колку чашки ќе се испразнат :) Јесда обично од 2рата ме потфатува, секоја следна полошо ми праи :)
     
    На brunete му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Немам некое лошо пијанство, со повраќање и такви работи, ама дека си тропам глупости, си тропам |( . Дури ако ептен сум фатена тепам :D . Инаку немам некое ептен лошо искуство со пијанство, освен што после сите ми се смеат на глупостите што сум ги кажала и што некогаш се будам со модрици од паѓање по скали :?: :D
     
  16. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    ретко, ептен ретко пијам алкохол.. не ми годи воопшто !
     
  17. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Ох ,ужасно !
    Првата чашка ме зацрвенува . :$
    Од втората ,ми се пушта јазикот во погон . :P
    Од третата до петтата - се смеам неконтролирано и забавувам се живо околу мене. :rock: :clap:
    Од петта до н-та - плачам, викам , мавам , тепам ,трчам, касам ,скокам , на на таа н-тата да :puke: се што сум испила дотогаш ,вклучувајќи ги и неколкуте драгоцени капки мајчино млеко :rofl:
     
  18. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Ич не сум по алкохолот и не ми годи баш! Понекогаш кога ќе искочам у друштво знам да се напијам пиво или вино ама ме заспиваат! одма клапнувам! :D знам и да се расположам ама ми преовладува чуството на заспивање..така да алкохолот не е за мене! :D
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Како влијае? :D :D :D

    Ете така :D

    Во ограничени количини ме опушта и прави да се смеам многу :D
    Над таа граница... создава дупки во меморија, нерамнотежа и
    исфрлање на вишокот :puke: :tmi:
     
  20. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Најчесто кога сум излезена пијам џин и си ја знам границата...малку само да се расположам и прекинувам. Надвор досега не ми се случило да претерам, ми се случи еднаш на мој роденден но за среќа не направив ништо страшо или срамно :$