Не влијае лошо. Многу споро ме фаќа, ја имам таа среќа (но несреќа за џебот ). Многу ретко ми се случувало да испијам повеќе отколку што треба, па дури и тогаш не ми се познавало многу, освен тоа што ми се лошело. Само еднаш сум повраќала, ама тогаш како помали измешавме се и сешто со братучетка ми . Обично се опуштам малку повеќе, знам да прокоментирам нешто што без алкохол во мене не би го кажала, се разигрувам повеќе од вообичаеното, се смеам скоро цело време.....ете така влијае отприлика
Мене многу лесно ме фаќа(не дека пијам често), ама влијае само врз моето расположение. Ќе се напијам 2-3 чашки и почнувам да се смеам, се опуштам многу повеќе и играм најчесто(ако има музика). Не ми се случило да зборам глупости или пак да плачам, ама ми се десило да трчам кругови околу куќа без причина, да пеам колку што ме држи гласот и да се тркалам по земја
Па засега делува . Од првата чаша ништо не ми е, но ме тера да пијам и втора. А втората ме тера на трета. И се така додека не дојдам до првата фаза на гласно смеење, играње, лудување, искажување емоции, гушкања... Е Бројче не си сама да ти кажам. И јас сум голем давеж. На секое пиинување јас наздравувам. Кај нас ова се вели Ајде да наздравиме Сасанската . Ми се има случено да плачам. И тоа плачам без причина. Абе рикам ко луда . Еднаш бев така поднапиена и една другарка доаѓа и ми вели зошто спадна на долниот спрат во диското, а ме остави горе сама. А јас замуабетена со некој не сум ни имала претстава кај сум, и и велам не бе, не те оставив сама. Таа тоа уште еднаш ми го повтори и јас кога земав да плачам . Леле дури сега самата се смеам на ова. Знам дека подолго време неможев да се смирам. Кој знае што ми било. Но нешто во последно време од црвено вино наредниот ден многу ми е лошо. Цел ден се расправам со голем мамурлак. Во уста ништо неможам да ставам, а во вц истурам црева. Така да одбегнувам да го пијам црвеното вино .
Мене од една чаша ми се менува расположението ,зависи за колку време ја испијам ако ја гњавам цела вечер ништо али на брзина ехх лудо е после.Се расположувам вкрај,тогаш сум јака на сите влице све да им изнаречам што неможам кога сум трезна хаха..До сега не ми се десило да плачам или нешто да се глупирам само сум весела играм пејам и тоа,не можам на нозе да стојам.Ми се десило еднаш да повраќам кога се опијанив премногу и на гладно...
Мене ми е страв да ја преминам границата незнам како ќе се однесувам а и моите би ме убиле ако ме најдат во таква состојба ,така да си ја знам границата и не ја преминувам сепак никогаш не вели никогаш
ее јас и алкохолот најверни пријателчиња си бевме ... се радував секој викенд коа ке идев кај дечко ми . Знаев дека ке има добро пиење Некад се случуваше да претерам.. ама јас си ја знам мерката ако ја преминам фино лепо си идам до вц ... ке се средам и се враќам назад да се допијам . Вечерта коа го смував дечко ми од премногу шо имав испиено мо беше лошо и преминав на Вода.. Он се чудеше шо праам со 1 кило вода на маса Иначе коа сум малце фатена зборам малце повеќе, малце повеќе си седам мирно и се концентрирам што другите ми зборат ... Ама пијана најубавките работи ги правам со дечко ми .после ме зеза он ама тоа е
Енаш или 2пати ми се има случено да се опијанам и тоа убаво, да ми се лоши и утредента да не можам да станам од кревет. Иначе така кога ќе си пивнам малце се нешто ми е смешно, се случува да почнам да замарам со едни исти работи
Некако не сум љубител многу на алкохолот, иако знам во друштво да пивнам 1-2 чаши еве најмногу 3. Веќе од третата осеќам дека рамнотежата како да сака да ми прави проблеми , но никогаш се немам опијането. Незнам како е да се биде пијан а баш па не ни сакам. Цело време викав кога ќе дипломирам ќе се опијам и после 3-тата чаша се откажав ме фати страв
Првото дејство што е, ме опушта , па ме развеселува па тука веке почнувам да играм да се смеам ко некоја нетаман , па сите ги сакам ииии веке кога дејството ке почне да се намалува јас се натажувам или сум толку уморна ко воз да ме прегазил. Ама тогаш веке вечерта завршува, си одам дома и пагјам у кома.
Не пијам алхохол во некоја прекумерна доза ама знам да испијам чаша црвено вино со кока кола и одма ме мава во нозе. Ме болат нозете не можам да стојам.
Обожавам алкохолни пијалаци Но внимавам да не внесам повеке алкохол бидејки лесно ме фаќа главата и потоа ми се врти Сакам да пијам црвено вино , вотка , џин со лимон/портокал Секогаш сум внимателна , повеќе од 1 чаша алкохол никогаш не сум испила
хахаха кај мене алкохолот влијае во повеќе фази,колку повеќе пијам тоа бетер... прво се смеам по малку,расположена сум,па се смеам многу,па сите ми се криви и со некој може да се искарам,и на крај си плачам
пивото слатки смрдливи да јаде, постојано ме фука глава и никако да ме очука, најубаво ми е од вино розе е мојот фаворит, ракии не пијам. Инаку пијанство ко пијанство ептен се разнежнувам, убаво ми е, али повеќе би сакала машко руштво
Е јас ич не можам да пијам една чаша ракија или вино одма ми се познава на образите ,како були-були сум И како таква не се чувствувам најдобро во својата кожа ,како тесна да ми е.Така да само по една чаша и тоа ако има добро мезе ако нема не пијам
Кога ќе си ја преминам границата воопшто не ми влијае убаво, веднаш ми се лоши и повраќам и ми оди во неповрат целата вечер, а и наредниот ден. Затоа си ја знам границата и не мешам, си пијам колку што можам и не претерувам. Водка и коњак имам препиено па ми се веќе згадени, не ги конзумирам повеќе. Највеќе си пијам бело или црвено вино, жестоко по слабо пијам, а коктели само по еден Кога ќе си се напијам во границите на мојата нормала се чувствувам супер, расположено и малце зашеметено
Имаш само 13 години па најнормално е да не конзумираш алкохол! Инаку како влијае епа пошто си ја знам границата и знам за доста многу добро влијае