Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како алкохолот влијае на вас?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од The.Girl, 25 ноември 2010.

  1. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Сакам да се напијам чашка или две алкохол со добро друштво. Искрено во живот не сум била пијана до тој степен да не знам што правам или скраја да е да повраќам... Си ја знам мерката и кога ќе осетам дека сум "фатена" ја оставам чашата и остатокот од вечерта пијам вода. Еден совет за пиење до помладите феминки :) никогаш гладни немојте да пиете, грицкајте чипс или кикирики и пијте вода додека пиете алкохол и не мешајте различни пијачки.
    Не осудувам никого но многу е невкусно кога во град ќе видам убави, млади, дотерани девојчиња како се понижуваат и прават циркус од себе а има толку начини да си поминат убаво освен пиење алкохол!
     
  2. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    Не го поднесувам ни мирисот на алкохолот ни на виното / едино некое добро сварено вино со многу зачини и парчиња овошје...ни на ракијата (медочка ми е омилена) некое лајт коктелче едино ама, иронијата е во тоашто се форсирам да локам ко луда и ме фаќа од чашка ипол.
    Значи иам проблем :sweat:
    Скоро секогаш запаѓам во проблеми пошто алкохолот ми удира на агресија такашто мора да си превземам мерки и да не пијам воопшто-освен 2 коктели максимум и тоа не од јаките. За никаде сум по прашање на алкохол. :x
     
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.198
    Вака кога запролетува и во некои ептен жешки денови пивото ептен ми одговара. Обожавам да седам на некоја тераса на сонце и да мезам со пиво, одма ми доаѓаат идеи за скара и сл. Некогаш знае и да ме успие кога сум многу уморна и ептен добра дремка паѓа тогаш :D Некогаш кога се враќам од факултет измрцварена знам да застанам до продавница да си купам 1-2 флаши од 0,5, чипс и да се закотвам пред компјутер или на тераса.
    Со добро вино сакам да се почастам кога имам некој добар ручек, поголем избор на сирења и сл. И обавезно со добро друшто. Од лошо вино често ме боли глава, а може и да не ми биде толку голем проблем кога ќе го пијам. Инаку ептен добро расположение ми предизвикува и некако сите сетила ми се на некое друго ниво.

    Од жестоко не ми пријаат обоени пијалоци ни на вкус ни на желудник :D Водката ми е омилена од жестоките и ако ја пијам во умерени количини тогаш немам гајле.
    Коктели не обожавам, повеќето ми се благи или премногу удира вкусот на повеќе алкохоли помешани заедно што не ми е баш најдобра комбинација. Ама 1-2 мохита може убаво да ми дојде во лето. Исто и знам да се напијам некоја чашка добра ракија со салатиче, со добро друштво обично кога правиме некаде скара или собиранка со поблиските.

    Не пијам којзнае колку често, ама гледам секогаш да е тоа умерено и стварно да ми одговара. Кога сум пиела со сила никогаш не сум си поминала како што треба. И обавезно пијам заедно со мезење, никако на празен стомак.
     
  4. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    3.606
    Пол:
    Женски
    Колку и да сакам да пијам алкохол не можам.. Самиов организам не ми поднесува.. Некако се ми е горко и не уживам во пиењето.. Инаку знам да заседнам со друштво и да се запијам но тоа се дешава летно време .. Во животов еднаш се имам направено тапа :$ и можеби два три пати малку поднапиено.. За мои 19 год добро е а? :?: ;)
     
  5. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    пиењето не ми е за женски/ни пиењето е за машки/жи ..Јас скоро ич не пијам ...oсвен шампањ и тоа на родедендении.. ;)
     
  6. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    И јас не претерувам.Не сум била пијана да повраќам и да се губам,но загреана сум била.
    Колку е одвратно женско во дискотека ке се напие и трча у wc да поваќа :puke: и целата пијана,изнемоштена смрдлива..на ништо не личи!Јас пијам водка,пиво,бело/црвено вино по 2-3 чашки,добро некогаш се случи и 4-5.Пијана не сум била,загреана да и плус расположена :rofl:
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    зависи ,како кад,до сеа не сум се изгубила али да се расположам и више од тоа да :lol: .зависи некад се смеам ,некад зборим ,зависи од расположението какво ми било преку целиот ден ,ако сум била задоволна и располозена убаво ке бидам,а ако не сум била тогас го замарам децко ми :lol:
     
  8. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    многу лошо :D зависи од алкохолот, и од приликата кога се пие, е сега ако е жестоко, коњак, шток, тогаш е многу лошо почнувам да звонам по телефон таму каде што не треба и зборам тоа што не треба, може да почнам да плачам онака да ми текне на ланскиот снег :D а може и скроз спротивно да сум весела сите да ми се убави сите да ги сакам. е ако пијам вино од белото на почетокот ми е ладно после се загревам но сепак весело ми е, и тогаш не се глупирам не звонам не плачам, но од вино поточно бело многу зборувам и во такви моменти како навиена сум дрндрндрндрндрн, е црното вино е прича за себе :D не е убаво да се претера дозволената количина оти предизвикува љубовта во вас да се разбуди, но треба да се пазе дане се насочи на грешка страна :D го сакам црното вино и си потпивнувам само во зимо оти е многу тешко за во летниот период да се пие.
    BITNO- ракијата вели--каде одиш ти јас со тебе, а виното вели--- ти оди јас ке те стигнам.. ама кога ке те стигнам...... :D сум по пиењето, си признавам, ретко ми се случува да претерам, кога бев средно повеке се случувало сега рециси ич, убаво е да се пие а во умерени количини и здраво, еве што вика цацко од к-15 за пиењето :D
    http://www.youtube.com/watch?v=IteONaKG ... 162BC1C3AA
     
  9. Saani

    Saani Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    37
    Воопшто не пијам алкохол, а освен тоа мала сум, но моите другарки сите пијат :lol:
     
  10. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено да ја преминам границата, а алкохолот влијае многу позитивно на мене, распложена сум, срекна, играм, пеам абе сите ги сакам :lol:
     
  11. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Јас незнам што сум правела, но тие што биле покрај мене велат дека премногу сум се смеела , и сум правела смешнии фаци , .. :)
    иако ретко е да се опијанам сепак си имам своја граница ...
     
  12. bejbi19

    bejbi19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    24
    Во јавност никогаш се немам избрукано, во смисла да бидам препијана, да се влечам и да повракам. А денес на секој чекор има такви и многу одвратно изгледа за женско. 2 пати ја имам поминато границата да повракам ама со свои луѓе, на наше место значи не јавно, и од тогаш си имам граница, ама секогаш се сеќавам на ситуации. А вака на искачање си пијам по 2- 3 чашки нешто жестоко онака за загревање. И фала богу немам лошо пијанство :)
     
  13. zWaTuShKo

    zWaTuShKo Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    Па не сум била пијана да речеш кој знае колку.Сум била пивната и во тие моменти само се смеам неконтролирано ништо друго.Не сум од оние девојки коа ќе се опијана не знаа што прават.Секогаш знам до кај ми е границата и не претерувам :D
     
  14. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    и јас слично вака...знам до која граница треба да одам и не претерувам :$
    а така малку кога сум била подзапијана знам само дека многу се смеам хахахх :$
     
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Исто, до сега се немам опиено што се вели да не можам на нозе да стојам. Ама кога сум поднапиена е тогаш многу пејам, играм и се смејам :D
     
  16. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Голем љубител сум на водка, и коктели...
    најчесто пијам водка мешана, да настегам 4-5 чаши и одма ме фаќа... почнувам да се губам, да играм, да се смеам како ненормална... еднаш претерав малце и заспав во ве-цето на казанче :lol: :$ ...среќа ме најде другарка ми иначе којзнае што ке станеше со мене.. и од тогаш гледам да се контролирам..
    инаку не правам глупости. Среќа другарките мои не пијат толку и се во состојба да ме чуваат така да немам гајле :D
     
  17. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Уживам во добра чаша црвено вино, или добро изладено пиво со смоки Смоки :D Си ја знам границата, ама некогаш кога има некој посебен повод за прескокнување на сигурносната црта, обично ги сакам сите, и филозофирам за секакви животни прашања со круцијални значења :)
     
  18. tipce22

    tipce22 Нов член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    16
    se smejam i nabrgu zaspivam :(
     
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Зависи од количината.
    Ако е малку повеќе :drunk: , тогаш се смеам повеќе од нормалното и најчесто имам посебен смех за таа состојба па и другите ги смеам со заразното смеење. :D Си тропкам зелени, и некои неповрзани реченици ги склопувам во една. Тогаш најдобро е да ме искористи дечко ми бидејќи сум на степен 100 од можни 100 на скалата на запаленост, одморов и те како го искористи тоа. :D И после тоа, заспивам како пајче, го имам најубавиот сон од кој тенк не ме буди. |-)
    Со 2 испиени чаши, лесно отпуштам глас, па ќе се случи и да запеам, недај боже да е некоја свирка или некое покомотно место, тогаш микрофонот со кран можат да ми го одземат.

    Све у свему, правам атмосфера, пожелно би било да сте и вие во такво расположение, тогаш смеата е на повисоко ниво. Пијан со пијан човек најинтересно комуницира. :D
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Не пијам алхохол, мала сум само една кпка пиво кога ке имам со моите и малце вино :):):)