Пишете мислења од типот, што од технологијата ви го олеснува животот и што би сакале уште да има во иднина што ќе ви олесни. Можеби некој веб сајт, мобилна апликација, гаџет и слично. Како идеја можете да споделувате пример што во одреден ден ви фалело или помогнало. Се надевам ќе има интересна дискусија, и доста футуристички мислења.
Нешто што најмногу поштувам од технологијава е gps дефинитивно. Олеснето ни е секое патување. Има и доста корисни апликации, има за нив посебна тема на форумов. Е сега, за во иднина... Појма немам, не ми фали ништо, што и да измислат, ако е корисно, добредојдено е.
И јас како Битер, од ГПС имам видено голема корист во животов. Исто така, можноста да се јавам некому преку интернет, а да не платам сметка од 3000 (Viber, Messenger, порано и Skype) е одлична кога сум надвор од државава или некој друг што сакам да е чујам а не е во МК. Генерално, интернетот и технологиите што секојдневно се надоградуваат помагаат многу и го олеснуваат животот, по пристапна цена.
Не ја сакам многу технологијата али искрено јутјуб ми има помогнато највише..а и паметните телефони и се во нив е добра ствар. А би сакала да има некоја машина за телепорт за назад у крајот на четириесетите и педесетите години чисто сакам да ги осетам тие винтиџ сфери..пошто го обожавам тоа време и би сакала сега да ја прошетам цела планета или со телепорт или некако да можам без пари со технологијава хахаха..
Да се надогради интелигентен софтвер во роботите доволно за да може да ми слугуваат. Иако познавајќи се себе си и својата проклета скромност, на крај жал ќе ми падне па наместо роботот да ми напраи јадење и послужи јас ќе го седнам него на маса, ќе му зготвам и нахранам. Дури и десерт ќе му дадам. Не отварајте вакви теми болна точка ми се.
Хахаха, добро па не мора artifical inteligence, може некоја мобилна апликација кој би ти олеснила нешто во секојдневието, пример некој нотес со потсетници
Еј па ми даде идеја, некоја апликација пример нотес каде внесуваш оброци, индиректно тренираш невронска мрежа па после одредено време апликацијата дава предлози за јадење и ти бара рецепти плус на нет хахаха
Мене некој робот/апарат ми треба за бришење на прозори и врати. Не знам ова Јапонциве како до сега не смислиле.
Мапи достапни на интернет,игри за справување со стресот,апликации за разни видови комуникација... За футуристичко... Потребен е напредок во медицината,нешто како подобар скенер што прецизно ќе детектира здравствени проблеми.
Да нема секоја будала пристап до интернет. Шала на страна, до сега сум задоволна, од интернет, разни апликации и веб страници. Единствено ми фали да измислат батерија која нема да се троши.
еве ти една идеја... Апликација која ќе алармира ако си оставил уклучен шпорет, пегла, не си заклучил врата. Сензори само ти требаат. Едит: Сакам 5 % од профитот
Интернет пред се а со тоа,токени за банка,за фзом,за ујп и слично што поштедуваат од растрчување по шалтери .
Жици, кабли, тоа не можам да гледам, да се отстранат од видик и да заминат во историјата. Да не ги изработуваат таблетите и телефоните толку осетливи, треба постојано стрепење да не се расипе екранот. Телефоните се преголеми и не ги собира во џебови, исто батериите воопшто не се трајни. Старо телефонче паѓаше јако, креваш, ја враќаш батеријата на место и не му беше ништо, плус при активно користење траеше цела недела без полнач. Напредок? I don't think so. Јас и не сум задоволна од пронајдоците изминативе 20-30 години, иако ни се променети животите, не мислам дека во секојдневието располагаме со нешто особено важно кое недостасувало тогаш.