1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како би ги продолжиле расказите

Дискусија во 'Канта' започната од kuchka, 20 февруари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    Еве вака ке поставам два расказа кои со помош на вашата фантазија ќе ги продолжите :)
    Улици
    Некогаш во нашето мало гратче имаше само една улица . Кривулеста, сива, правлива, но весела затоа што покрај неа по цел ден се слушаше детски џагор,смеа, се играа разни игри... Но, еден ден од далечна загадна земја пристигна првата асфалтна улица . Широка, права како пушка улица и таа веднаш се оптегна од самиот центар на градот до периферијата. Така се случи таа да ја пресече старата, кривулеста улица и на тоа место, ние граѓаните, да ја добиеме првата крстосница.Тоа беше нова ситуација за сите нас, затоа што од тој момент постоеше опасност пред несовесен возач.
    - Тоа лесно се решава - рече еден умен граѓанин и продолжи. - Треба само да се знае која улица има, она што се нарекува на еден таков возачки или сообраќаен речник - предност.
    - Да, да - свика асфалтната улица. -Тоа е точно, предност. Јас како нова, асфалтна и модерна улица треба да имам предност. Секогаш, во секое време и за секој вид возила. Старата сива улица сакаше да каже нешто, но асфалтната улица беше погласна:
    - Значи, се договоривме, јас имам СЕКОГАШ предност и точка.Проблемот се чинеше решен.
    Но ако требаше да се суди по изразот на лицето на старата улица тоа не би можело да се нарече некое вистинско решение. Да, на градот му требаше нова улица, асфалтна улица, но... А при самата помисла како децата навикнати на слободното и весело трчкање покрај улицата ќе се снајдат во новата ситуација, сите бевме многу загрижени.За среќа еден друг умен граѓанин рече:
    ...

    еве го и другиот расказ :)
    Чиракот Ќирко
    Сето ова се случи во малото гратче Близуде. Тоа беше чудно населено место, а еве зошто: центарот се наоѓаше на периферијата, а пак предградијата беа сместени во самиот центар. Тука односно таму, се наоѓаше дуќанот на мајсторот Трајчо Садмак, кој знаеше дури седум занаети. Но, Трајчо беше веќе стар и му рече на својот мачор Белич: Убав мој Црнко! Дали се согласуваш да распишеме оглас и проглас за прием на нови чирачиња? Прв услов, се разбира, ќе биде следниов: да се љубители на домашни миленици! Притоа мислам на тебе, на славејчето Жужи, на кутрето Опавче и на штркот Вишвисок, кој толку години ни го варки оџакот!? Мачорот Белич со едно срдечно ,,Мјауууу,, даде согласност. Така веќе утредента на излогот од дуќанот осамна залепено книжуле на кое пишуваше: ,, Шарам - барам чираци! Седуммина на број, првиот што ќе се јави прв и ќе си одбере кој занает сака да го изучи, проучи и научи! Повелете уште од денес. Прозорецот ми е отворен за проветрување, а вратата за деца и момчиња што сакаат да бидат идни мајстори и мајсторишта,,.
    Момченцето Ќирко, кого го красеа брзи нозе, пристигна прв. Тој, откако разбра меѓу кои седум занаети може да одбира, незадоволно рече : - Како да не! Дедо Трајчо, а зошто немаш занает за инает! Или инает како занает! Тоа многу ме привлекува, зашто мене, ако не си знаел ме викаат Ќирко Какодане. Така и противречам на сите и се правам обратно, за инает!
    Мајстор Трајчо размислуваше седумнаесет секунди и му рече :
    - За тоа ќе треба да појдеш на другиот почетен крај од гратчето! Те испраќам кај мојот колега мајстор Цане- Бране! Не ти давам адреса, снајди се и најди го самиот. Неговиот дуќан е палата висока колку колиба. Викни двапати и тропни трипати. А тој нема да излезе и ќе те поздрави со намќореста насмевка! Потоа ќе те упати во тајните на инаетчисќиот занает...
    Ќирко Какодане зеде од дома торба, а во торбата: банана , кесичка бонбони, едно чоколадо, и едно јаболко. За да не се загуби по патот, итро се досети на крајот од секоја измината улица да остава по некој знак. И појде да го фрли плочникот. Потаму излупи една бонбона, а хартијата ја фрли пред вратичето на една куќа. Уште потаму, го изеде чоколадото со лешник, а целофанот го закачи на шилецот на една железна ограда. Одејќи го догриза јаболкото, а гризанката ја фрли под едно дрво. Го најде мајсторот Цане- Бране и се му раскажа. Мајсорот му рече: - Дете мое! Појди назад, ама по истиот пат. Ќе доживееш четири непријатни средби. И тоа токму на местата на коишти некултурно си фрлил четири отпадоци. Дури потоа, ако сеуште сакаш да бидеш чирак инаетчија, јави ми се со викање од прозорецот, односно по телефон без батерија, односно преку радио што крчи, односно преку телевизија без слика!? Ќирко Какодане се заблагодари и појде назад. О, гледај чудо! Кај дрвото, под кое ја фрли јаболковата гризанка се насобрале десетина луѓе. Сите луто вреваа. Едно дете го впери прстот кон Ќирко Какодане и рече: - Тој е! Тој го фрли ова ѓубренце во нашава еколошка улица!
    - Јас, па што? - Не се исплаши Ќирко Какодане.
    ...
    ајде феминки да ја видам вашата фантазија ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.