По вакви и се вртам ако видам некоја во град и како таа горе,ова чисто информативно да си знаете,знам дека ви е многу битно ова.поздрав
Како што кажа една феминка погоре многу е битно кој ја носи комбинацијата. Не можи секој да носи одврзани врвки и искинати фармерки, исто како што не можи секој да носи кошула и одело. Лично мене ми се допаѓаат повеќе од 90% од комбинациите во темава, но не можи секој да ја носи комбинацијата на Џони Деп на пример од погоре, едноставно не го бива и ќе изгледа смешен, додека друг ќе изгледа совршено во истата. До сега сите дечковци што ми биле имале стил како на сликите што ги постирала Хипстер...кошула над неа блуза и фармерки, понекогаш панталони со колан и за мене многу битен детал во било која машка комбинација ЧАСОВНИК. Часовник сакам да видам секогаш во секоја комбинација. Исто така сакам машко во тренерки што му стојат убаво. Во секој случај, најбитно е да знае што треба да носи во таа и таа пригода, а не на планина да замини по кошула или одело, а на свадба по тренерки. Еве неколку што ми се допаѓаат.