1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како би реагирале ако дознаете дека детето пуши цигари?

Дискусија во 'Дете' започната од Maroon5, 25 август 2012.

  1. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Како би реагирале, кога ке го видите вашето дете со цигара во уста, или кога некој комшија ке Ви каже дека пуши??
     
  2. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Како би реагирале??

    Е ако де искуство плус.И цигарата не е за џабе измислена.Се има порака. :)
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Како би реагирале??

    Најнормално и ќе правам искрено муабет со него. Ќе му кажам што-како. Крај краева многу подобро да седнеме на тераса заедно да си пушиме, отколку да ми се крие по грмушки и да се штрека да не излезам од негде. Иако многу зависи колку години има.
     
    На iloveyou29, flowersss, Twinkles и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    Како би реагирале??

    :^) малиот син пропуше кога наполни 18 год,и тоа искрено првата цигара ја запали пред мене...малку бев изненадена,ама затоа што ги имам воспитувано секогаш да се отворени према мене,започнавме муабет нели колкава е штетноста од цигарите по здравјето и сл, самиот беше свесен за сето тоа ама ете почна и тоа е тоа....јас го сваќам затоа што и јас сум пушач,мислам поќето пушењето е навика отколку потреба,ете со кафенце и муабетче оди ....искрено има уште полно работи за кои знаеме дека се штетни за нас ама свесно ги прајме дути и уживаме во нив...... :!:
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Како би реагирале??

    се секавам кога јас и кажав на мајка ми дека сум пробала цигари-ништо не ми рече, сама се откажав
    беше тоа премногу стресен период за мене, и мене не ми е јасно како можев да посегнам по нив
    сега цигари не можам да поднесам
     
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Сигурно нема да го убијам. :rofl: :rofl: Ме нервираат некои родители што децата ги носат до состојба на тепање поради пушење цигари.
    А јас како би реагирала ќе седнам и ќе му објаснам некои работи ќе му кажам,дека не е добро.А понатаму,ќе оставам сам да си размисли што ќе прави дали ќе продолжи да пуши или не.
    Јас досега немам запалено цигара,ниту пак планирам понатака.А ако веќе мое дете пушти би сакала да ми каже,а не да сокрива од мене. :lol:
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Се зависи од возраста на детето, секако дека ќе викам, ма дури и ќе тепам ако е мало (13-14 години.)
    Инаку делам мислење со Вајлд, би сакала пред мене да пуши отколку да се крие и да се штрека дали ќе го фатам или не.
     
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Зависи колку години ќе има кога ќе дознаам. Татко им почнал да пуши кога бил седмо одделение, јас трета година, па очекувам тука некаде измеѓу да почнат и нашите деца, што немора да значи. Сега и двајцата сме непушачи повеќе од 11 години и незнам сигурно ќе смислам нешто тактички, оти на сила убавина не бидува, колку браниш повеќе, толку послатки ќе им бидат.
     
  9. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    625
    Не сум го искусила ова.
    Најверојатно би седнала да разговарам со него, зависи колку години е,т.е од кога почнал да пуши колку време итн.
    Сигурно нема да го тепам,туку на смирен начин ќе го решиме проблемот. Иако знам дека пушењето не е добро за ништо,ете не би му викала зошто пробал,некогаш секако ке проба. Ако сака заедно ќе пушиме(ако јас пушам тогаш),не би му забранила.
     
  10. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Пред се ќе пробам да разговарам со него и да му објаснам за сите штети влијанија кои што ги создаваат пушењето на цигари.Бидејќи сум јас непушач,а тоа ако веќе сака да пуши ќе му кажам подобро да пуши пред мене отколку да се крие.Во никој случај нема да му викам или тепам,а ќе се потрудам тактички да го одвикнам од тој порок.Пример ќе му кажам ако веќе сака да пуши сам да си ги купува цигарите и дека ако не пушеше тие пари ќе ги заштедеше и ќе си ја купеше посакуваната блуза или пак парфем,а јас да му дадам пари за нив нема.Ќе му скратам дел од џепарлакот и ќе му кажам дека тоа ќе му е доволно само за храна,а не за купување цигари.Тоа ќе го натера да размисли дали ќе се одвикне од пушењето цигари или не.
     
  11. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Верувај нема, само парите за јадење што ќе му ги даваш ќе ги троши на цигари и ќе седи гладен/а. Јас не пушам и ужасно многу ми сметаат цигари, ама знам по дечко ми, брат ми, другарите... И последни пари да му се ќе ги даде на цигари.
    Искрено јас не знам дали би прифатила моето дете да пуши цигари... премногу би ми сметало. Али знам дека нема да му се заканувам уште од 10 години дека не смее да допре цигара и слично затоа што така само порадознало ќе го направам. А за штетно дејство на цигарите, свесни се уште од мали дека не е во ред така да не знам. Можеби ќе најдам некој опасен извадок, со некоја страшна приказна па малце да се исплаши... На крај краева ако ништо не помага, барем ќе знам и ќе му давам плус пари. Подобро да пуши најадено, него гладно.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    Делот со страшната приказна............ нас така не плашеа како мали али најголемата страшка беше ........ нема да пораснеш ке си останеш мало. Брат ми уште во 3 година фати два метри........ и го гледам со цигара му викам абе од кога почна ти со цигари ?
    А он на мене абе даде......... два метри имам да подзастанам малку со растење не ми се оди со 3 метри :D
    Во право со кратење пари недавање пари контроли бутури ништо нема да постигнеш......... само може контра да ти оди детето. Па ако му се пуши нека пуши нека не се крије со криење и повеќе цигари ке пуши а и ако не му дадеш пари и без ич да го оставиш ке си најде тој начин ке зима од другари другарки, ке се гребе и пак ништо не си направила.
    Кај мене уште е рано да мислам како и што ке правам ако почне да пуши..........ама сигурно нема да бидат драми и закани.
     
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ќе го прашам -А се дрогираш?
    И ако рече-не, ќе ми олесни :whew:
     
    На anamarija65, lolyta777, Ariel и 4 други им се допаѓа ова.
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Мене од дома за цигарите ми имаат кажано дека никој нема да ме спречи да пушам ама кога ќе посакам да си купам нешто, ќе сакам повеќе пари јас сама ќе си бидам крива, да не им кукам. И јас палам понекогаш со другарки, во некои посебни прилики ама тоа е до цигара или две, инаку сум четврта средно и сите мои другарки пушат, верувам дека и тоа влијае. Не си дозволувам да ми станат зависност или да останувам гладна заради цигари. Сите започнуваат како чалам, и потоа веќе ќе си почнат редовно.
    http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... 0%BD%D0%B0
    Јас би му го покажала ова на моето дете бидејќи мене стварно ми влијаеше. :)
     
  15. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Ако имам ќерка на која треба тоа да и го обајснам ке биде многу полесно.
    Ама ако имам машко е тоа веќе и незнам дали би било корисно. Машките многу почесто се факаат за цигара отколку девојчињата. Но исто така многу зависи и до семејстово. Нјачесто ако во семејството има пушачи и децата почнуваат а кога ке дознаат родителите и ке ги прашаат зашто, децата ке покажат кон нив, ке им викаат зашто ти си почнал или зашто ти пишиш. Сите знаеме дека родителите се најголем пример за децата па..
    Не сум пушач и сум против тоа. Си имам мои ставови кон пороците и мои граници кои не би ги преминала. Се тоа ке им го кажувам на моите деца, ке им бидам пристоен пирмер. НО ако веке започнале со тоа и моите совети, препораки и објснувања не можат ништо да сменат, тогаш би му рекла само да биде искреен кон мене да ми каже се околу тоа (кога почнал, како, зашто и сл.) а потоа би му давала и пари за цигари, само да не биде гладен/а. Секако ако тоа се пристојни години. Сигурно нема да му дозволам во 7 одд да пучи и учте да му давам пари за тоа, нема шанси!

    И се согласувам со постот над мојот и со линкот кој е поставен, сигурно би ги спомнала и јас. :)
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Иако ми е дете, сепак тоа е свој човек и секако дека нема да го затворам дома и претепам.

    Ќе му објаснам дека е штетно и џабе фрлени пари и секако дека не сакам да се крие од мене, но ако и после се реши да продолжи, можам да влијаам исто колку што влијаеле родителите на сите вас што се пушачи-ич :) (јас не сум пушач, затоа не се дадов за пример).

    А со оглед на тоа дека би сакала децата уште од мали да се занимаваат со некаков спорт, се надевам дека и самите ќе имаат некаква одбивност спрема цигарите :)
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    А уствари, така само пишувате. Ни едно ни две, ќе го натепате и ќе му забраните пар потребни ствари. Секогаш е така.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    А најуствари, навистина мислиш дека со тепање и забрани нешто ќе се постигне ?!?!
    Искрено не верувам дека постои некој родител кој 15год-16год-17год-18год па и повеќе, не е ни битно ќе претепа свое дете зашто почнало да пуши цигари. А можеби и има, свашта има по светот. Тогаш тој родител треба да стави прст на чело и да размисли кај е неговиот пропуст во воспитување односно дали нешто постигнува со тоа.
    Факт е дека од ,,уличното воспитување,, неможеш да го заштитиш ама и факт е дека можеш да му објасниш за штетните последици итд.

    Јас сум пушач. Кога татко ми ме фати со цигари не ме натепа ниту даде некакви забрани туку ме седна на маса и ми ја ,,отупи,, добри 2 саата и до ден денес му ги паметам зборовите ,,еден ден ќе се каеш за оваа лоша навика,, и така си е.
    За моето слично така би настапила па самиот нека си реши. Колку можам ќе влијаам на него и кога ќе размислиш поубаво подобро јас да му купувам цигари него ли да се крие и гребе од други (со оглед на тоа што се се` случува). На крај краева негов живот и нека си го живи како што сака.
     
  19. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    17.812
    Пол:
    Женски
    Толерантна и современа мајка(сепак до некоја граница современа :!:)сум НО кога станува збор за пушење цигари е тука прекинува мојата толеранција и му кажав гласно и јасно на мојот син дека НЕ СМЕЕ ДА ПУШИ,ЗАБРАНЕТО МУ Е!!! И секако од тој прв момент кога го начекав те та те со цигара во рака па се до денес се направија км разговори и се потрошија тон нерви,јас упорна и упорна со факти и докази за лошото влијание на цигарите од една страна а тој со неговите 16 пубертетлиски години и конечно мислам дека постигнавме некој договор и си ја враќа пополека довербата а јас само се надевам дека тој критичен момент го надминавме :)
     
  20. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    А да ми простиш ти, не реков дека јас би применила такви техники, него дека џабе...и ти и останатите јадете бурек тука, пак така би поставпиле, мада шта се мене тиче тоа би ја угоршало ситуацијата. Мкеј?!

    Родител е родител, според мене не би требало да се служи со сила туку со разговор, дијалог, во кој би учествувале и двете страни кои би го одбрале помалото зло. А придеравање, ќотеци и све остало, баш напротив би влијаело...забранетото е послатко. Па е. А и веќе ако си пуши детето, това е това...Џабе ќе трубиш и ќе го казнуваш. Само можеш да изгубиш доверба во него и да станеш сумњичав за свака ситница...јбг.