Простено ти е чедо божје и знаеш дека сум на диета и не јадам бурек Јас си го кажав моето мислење како јас би постапила и затоа не носи заклучоци за мене
Па од пушачиве околу мене не знам ни еден истепан Јас би му објаснила на детето дека е штето, па нека си одлучи. Добро де, ќе пробам да го натерам да му се згади, ама не знам дали би ми успеало. Јас никогаш не пропушив баш од што ми беше згадено. Моите пушеа со години, почнале како тинејџери, татко ми се откажа пред околу 10 години, а мајка ми сега се откажува, се надевам ќе успее. Татко ми често седеше навечер до касно и гледаше телевизија, и полнеше пепељари, а многу ретко му текнуваше да изветрее. Сабајле јас имав навика да јадам пред школо, и кога ќе го почувствував застојаниот воздух во просторија со полни пепељари во која се пушело цела вечер, па уште во комбинација со јадење, поодвратно нешто нема. И после тоа да пропушам?!? Ни јас ни брат ми цигара не сакаме да видиме. Искрено, цигарите и не ги сметам за којзнае каков порок. Мене м плашат дрога и коцка, и нема мерки што не би ги преземала ако детето ми застрани по такви патишта. Ма плашат и ред други работи на кои не им е место во оваа тема, како (колку и да звучам затуцано) хомосексуалност и промискуитетно понашање.
И јас истото би го направила. Во право си! Подобро да пуши со мене(иако не сум пушач ), отколку да се крие позади грмушки...
Искрено, многу би ми сметало. И навистина не знам како би реагирала. Не знам дали ќе викам, дали ќе плачам (или можеби ќе мавам, зависно од возраста). Спојлер имав школски другар што пушеше од ВТОРО одделение, не дај Боже мое дете да видам со цигара во второ одделение- ќе го изнатепам, сериозно! Мојот сопруг е пушач, а јас ептен непушач (ги мразам цигарите и постојано се расправам за нив, му досаѓам: зарем пак ќе палиш цигара, нели сега пушеше, ајде доста пушеше... знам, знам, удав сум). И многу се плашам баш бидејќи неговиот став е како на повеќето од вас: „Сам/а нека си одлучи... подобро да пуши пред мене, отколку скришно...“ А јас, јас се‘ би дала мое дете никогаш да не запали цигара. И би била удав од мајка, знам, и ќе се расправаат со мене, ама секој родител го сака она што мисли дека е најдобро за своето дете. Мислам дека уште од многу мало детето треба да се советува да ги избегнува многуте пороци на денешнинава (од кои, да бидам искрена, пушењето цигари, можеби е и најмал). Треба многу зборење. Од 1000, едно ќе му влезе во глава, се надевам.
Би се изнервирале заедно со мм бидејќи и двајцата сме мн против пушењето. Ама во секој случај, доколку веќе пуши подобро да знам за јас да му давам пари за цигари, а не да се „гребе“ од којзнае какви луѓе.
Па сигурно би збеснала... кој родител сака да му се труе детето? Јас уште сега прцле е (2ипол години) си размислувам како на спорт ќе го насочам уште од мало да не посегне по пороците...цигари,алкохол,дрога...дека ќе го шпионирам по џебови,ќе му мирисам блузи леле удав ќе бидам...Ама ако го фатам само смирен муабет да го убедам да се ослободи од нив,а ако не бива, несакам да не ме лаже попрво ќе му дадам пари нека пуши и јас несакам од секого да се гребе
Иако сум голем противник на цигарите мајка ми секогаш ми вика -ако сакаш да пробаш јас ќе ти дадам или во краен случај ако пушиш кажи ми јас ќе ти давам пари за цигари (нели зошто може некој место цигара нешто друго да ми подметне бла бла ). Ама сигурна сум дека ако би пушела и би и кажала сигурно едно 2-3 цигари има од јазик да ми ги изгасне (ако не она другите околу неа )
Кога ќе имам деца и доколку започнат да пушат, не сакам да се кријат од мене затоа што да си зборниме реално колку повеќе нештото е забрането, толку послатко е . мислам дека родителите не треба да им забрануваат на своите деца, едноставно да зборуваат со нив и да им објаснат кои ссе последиците. сега не дека децата немаат слушнато кои се последиците од цигарите, ама сметам дека односот на родителот кон детето и покажувањето разбирање може да го оттргни детето од тој порок. Доколку дознаеме и го казниме за таков проблем, тогаш не треба да очекуваме да ни се довери за уште поголем проблем кога ќе има .
Јас, како голем антипушач , ќе му речам: Ако сакаш да се откажеш од цигарите, ќе направам се за да ти помогнам, а дома пушење нема, ќе си одиш на балкон. Нема да му кажувам за штетноста, и онака сите знаеме дека се штетни.
Ти ќе го насочиш на спорт уште од мало,али еве други кај ги насочуваат децата уште од мали Малце трагикомично е видеово http://www.youtube.com/watch?v=3SrrtKO5PB0
Ако јас сум со цигара во уста, тогаш џабе ќе им везам на децата дали треба или не треба да пушат. Јас пушев ко турчин до моментот кога решивме дека треба да забременам. Абе во истиот момент ги оставив, а пушев скоро 15 години, од прва година средно јас и моите паметни другарки. Ми збореле, ме карале, што не ми правеле моите, ама они и двајцата пушеа! Што ми збориш жити Бога, знам јас дека се штетни, ама еве си ми ти пред мене на 50 години и ништо не ти фали, што ми брмчиш. Е ова ми се вртеше во глава кога ми држеа предавања за цигари, и на крај ми пукна филм. Им реков само кога ќе ми дадете пример, тогаш ќе престанам да пушам. Пред татко ми не смееше ни под разно да се запали цирара, мајка ми не пушеше пред него. Се правеше со сила фашист, а пушеше по 3 кутии на ден... Мислам стварно ептен добар пример ни даваше! Мајка ми, тука некаде, само што она ме караше кога бев ептен мала, после тоа више не. Така да, ако сакате да не ви пушат децата и да имате некакво влијание врз нивната одлука, прво немајте вие цигара во рака!
Би ми било криво и жал, би правела многу смирено муабет со детето за тоа.. Доколку е упорно и продолжува, би му дала пари за цигари, за да не се гребе ни под разно. И апсолутно би дозволила пушење пред мене. Не би сакала децата да се тргаат од дома надвор и да се пикаат по влезови само да за избегаат од мене. Но, сепак реакцијата многу зависи и на колку години би дознала, дали има 13 години или има 25 на пример
Во предходните страни видов дека се спомнува дека немало случаи каде детето било истепано поради тоа што пуши. Епа јас пушам и еднаш кога си дојдов дома татко ми ме надушка ме сети и ми врза една. Ми рече дека никогаш немало да прифати ако јас пушам. Но тоа беше кога имав 16. Сега имам 18 и пол и сеуште се кријам но татко ми знае да спомне на пример: ќе отидете ќе си запалите по едно цигарче доека чекате и така.. Ми се насмеа кога ми го рече тоа ама не беше баш...знаете ко демек пуши ама..понастрана. И уште им немам кажано ама претпоставуваат. Сакам да им кажам и да можам да си пушам на тераса
Дете пушач Еве една ваква тема за сите загрижени мајки дека овој ден може да дојде кога ќе дознаете дека вашето дете пуши цигари.Пред некое време моја блиска пријателка се соочи со ваква ситуација и ова ме натера да почнам да размислувам. Јас искрено не би го пуштила одредено време да излезе и би ги зголемила мерките на контрола,поточно одредено време буквално би му дишела во врат. Како вие би постапиле и какви мерки би превземале?
Дете пушач Монси, јас не сум мајка ама сум пушач од прва година средно и можам да ти кажам дека, ако детето се решило да пуши, ќе пуши без разлика што родителот ќе направи се за да го спречи тоа. Викаш нема да го пушташ за излезе а што ќе правиш кога ќе биде во школо? Бељата е што скоро сите помлади пушачи палат цигара зошто мислат дека на тој начин изгледаат интересно, опасно и возрасно и иди после објасни му дека цигарите се штетни, кога детето во глава ги рамни со впечатокот кој го остава врз врсниците, па уште ако и друштвото пуши, пиши пропало. Плус, во тие луди тинејџерски години, родителот е непријател па колку ти му забрануваш нешто, толку ќе сака тоа повеќе да го прави, чисто од инат.
Ако го казнуваш и му забрануваш,само полошо ќе испадне.Тинејџерите сакаат да се осеќаат возрасни и дека имаат сопствена контрола на животот,затоа најчесто се бунтуваат и прават работи кои знаат дека нема да им се допаѓаат на родителите.Ако веќе почнат да пушат,ако сакаш изолирај го од секаде,кога ќе има шанса пак ќе запали.Во такви ситуации најдобро е да ги оставиш сами да одлучат што како,така ќе се научат што е штетно,а што не.Кога ќе почнат да кашлаат,да фаќаат брчки уште рано,да мирисаат на цигари,сами ќе се откажат,ако не барем ќе си го знаат ризикот. Ич не оправдувам преголема строгост на родителите,и за ова и за други работи,само полошо им прават на децата.
Џабе ќе казнувате и тепате, тоа кај никој не упалило па нема ни кај вашите деца. Ако му скратувате буџет намерно за да не купува цигари ќе почне да се гребе по други или парите за јадење ќе ги троши на цигари. Секако седнување на муабет е најразумното решение, ама всадувањето на одбивноста кон цигарите треба да се прави уште од мали години. Особено ова важи за оние родители кои пушат. Не може за се останато да очекуват дека на детето ќе му бидат пример и идол, ама баш оваа работа дека ќе ја прескокне. Ако детето е постојано растено во околина каде што цигарите се најнормална работа и постојано само слуша коментари за тоа колку добра комбинација се цигарите со кафе или алкохол или колку добро доаѓаат кога си нервозен или после ручек...епа тешко тогаш тоа дете да мисли дека цигарите се лоши. Не дека тоа на него ќе му го зборите, ама децата си впиваат како сунѓери се што зборувате додека сте со друштво. Не дека нема и други причини за започнување со пушење, ама оваа некако како најзастапена ми е.