1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како би реагирале ако дознаете дека детето пуши цигари?

Дискусија во 'Дете' започната од Maroon5, 25 август 2012.

  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Треба да се разговара за штетните влијанија уште кога е мало, а не кога ќе почне да пуши.

    Со ќотек нема ништо да постигнете. Така само ќе се крие од вас и ќе зборува пред друштво како родителите му се „идиоти“ и сл.. Ако му влевате страв, тоа нема да има доверба во вас, ќе се плаши да раскаже не само за цигарите, туку и за други работи.

    Ова го пишувам од начинот како јас сум била воспитана. Иако цело друштво пушело, јас никогаш. Ќе се потрудам така да ги воспитам и своите деца во иднина.
     
  2. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Со детето треба да се изгради еден пријателски однос.Треба да стекне доверба во вас,да може да ви се довери за секој проблем.За цигарите доколку го казнувате и го притискате уште полошо ќе биде.Не малку деца сум видела како се кријат и се ќе направат да биде по нивно.Треба да се разговара,па потоа одлуката е само на детето.Родителот е и треба да биде најдобриот другар.
     
  3. coralin-e

    coralin-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    98
    Би требало на децата да им се објасни штетното влијание од цигарите, барем кога децата се премногу млади. Пропушуваат уште у петто-шесто одделение. Јас се сеќавам кога бев основно, еден осмоодделенец имаше никотинско труење, одвај имал 14 години.
    Во секој случај сум видела родители што премногу трагично го сфаќаат тоа. Мислам, ќотеци па казни, па незнам какви закани фрчат.. џабе е, чим се фатило за цигарата толку е тоа.
    Особено не ги разбирам мајките на некои фуфичиња од 25 години шо се кријат од дома мама и тато да не ги дознаат дека пушеле цигари.

    Знам дека на ниту еден родител не му е лесно да гледа како детето си го труе организмот со никотин и катран, ама пак затоа треба на време и убаво со него да се разговара.
     
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.903
    Допаѓања:
    103.033
    Пол:
    Женски
    Богами , сум размислувала на темава ама да ви кажам немам идеја што би направила , сигурно дека ќе се шокирам , а додека е помало треба да се објаснат неколку работи и тоа не само со цигарите,туку и со дрогата , алкохолот , да се објасни дека е штетно , кои се последиците , ама за тепање не би сигурно , кај нема да се постигне ништо со тоа ,туку и ќе се крие , па потоа од други да дознавам што и како прави :doh: мислам само зборување помага а не ќотек
     
  5. love-it

    love-it Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    78
    На моето идно дете би му зборувала уште од мала бидејќи јас мразам цигари и се гушам од димот.Инаку мислам дека би се онесвестила :P
    П.С.Голем паничарка сум!! :!:
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Ќе му ги земам цигарите и ќе му објаснам за последиците од пушењето и дека не сакам да пуши па ако ми се спротивстави ќе си добие казна. Мое дете нема да пуши.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Јас како мајка пред се , а потоа и како пушач , би рекла , зависи од возраста . Мојата прва цигара ја запалив на 14 години ( само го земав димот , не го влечев надолу ) . И да . Се криев од мајка ми , татко ми , сестра ми .. Се додека не ме фатија ( по една недела од првото палење ) . Тогаш мајка ми седна да разговара со мене на мирен начин . Прво како мајка потоа како бивши пушач , ми укажа на тоа дека сум мала да се трујам на таа возраст . Ми кажа дека со тоа што го правам ги зголемувам шансите за белодробни болести и болести на респираторниот систем ( како рак на грло , јазик ) . Ми рече не ти забранувам , само почекај . Сеуште си премногу мала за тоа . Си пробала во ред не те казнувам . Само би сакала да имаш барем 18 години , колку толку потрезвено ќе размислуваш и ќе си сносиш одговорности за своите одлуки . Кога ќе запалиш повторно би сакала да знам . Не за казни викања и тепања , за да ти дадам повеќе пари да имаш да си купиш , да не зависиш од некој дали ќе ти даде или не . Да си имаш свои , не да бараш од друштвото . Така и постапив . Прекинав тогаш ( сепак не издржав до 18 ) . На 16 ипол пак почнав . Овој пат знаеше од самиот почеток . Ден денес не ме оправдува за пушењето но никогаш не ме казнила , не ми скратила џепарлак и слично . Колку имала пари толку ми давала . Кога немала не сум пушела и толку . Исто би постапила и јас со моите деца . Без разлика дали се работи за синот или ќерката . Подобро да знам дека пушат и да позајмат од мене цигара отколку да бараат од другари и другарки со кои утре можеби и нема да бидат во добри односи . На крај краева , ако пушат во детска соба може да настане пожар ако налетам јас ( криеќи се од мене де ) .
    Богами , какво време дојде , би се израдувала ако пушат само цигари ( ова велам сега кога се малечки , кога тие ќе дојдат до " луди години " којзнае што се не ќе се пуши )
     
    На LittlePinky, kim.k и the drummer им се допаѓа ова.